Мањаци

Да споделам со вас една непријатна случка што ми се случи вчера вечер. Нека служи како... не знам, кој како сака нека си ја сфати.

После целовечерно лумпување си дојдов со точакот околу 5 и кусур сабајле дома. Влегов во зграда, го внесов точакот во лифт и таман и јас да влезам, гледам некој од позади ја придржува вратата од лифтот. И слушам глас: Девојко извини, да те прашам нешто? Се извадив од памет. Не слушнав некој после мене да влезе, не ја слушнав вратата од влезот и ми подзастана срцето. Се свртев. Сосема просечен млад дечко, во три четвртини фармерчиња, бела блуза и скршена рака во гипс.

Се насмеавме двајцата, ми се извини тој три пати по ред зошто ме уплашил, не сакал не му било тоа намерата. И ми вика да те прашам нешто. Му велам повели. "Дали е ова зграда број 9?" Му велам не, зграда број девет ти е во таа насока, едно 100 метра подоле. Ми се заблагодари. И продолжи да стои пред лифтот. Јас со точакот во лифт, тој надвор од лифтот ја држи вратата. Му повторив дека број 9 е во таа насока, зошто не ми беше јасно зошто типот не си оди.

И туку одеднаш ми вика: Леле девојко, испрљана ти е сукњата од позади, лом си. Јас, во црна сукња со бели туфни. Нејсе. Се погледнав во огледало (срдечен поздрав до куќен совет) гледам нема ништо. Му велам ок сум, фала. Тој повторно не не прљава си. И мртов ладен тргна накај мене и ми ја пикна раката под сукња.

Му ја фатив раката и го бутнав надвор од лифтот.

- „Напушти ја зградава одма."
- „Ама прљава си од позади, чекај само малку да те исчистам.“
- „Напушти ја зградава или ќе зажалиш што си се родил!“ (подзастана малку)
- „Чекај малку да видам маичкава“ (со раката тргнува накај моите гради)
- „Напушти ја зградава или сериозно ќе зажалиш што си се роди.“
- „Де ма па ти, мерак ми е.“

Ми пукна филмот во тој момент, го потпрев точакот и тргнав накај него. Се подисплаши. „Добро добро, девојко извини уште еднаш.“ Му реков да не ми се извинува туку да ми се изгуби од пред очи зошто ако го видам уште еднаш во маалово, ќе му ги искршам сите екстремитети. Го затвори лифтот и си отиде.

Влегов дома и прво што проверив дали сестрите се вратени од град. За среќа беа. Не можев да се смирам од бес до 7 сабајле. И ако уште еднаш го видам да се вртка тука (не сум додуше сигурна дали ќе го препознаам) сериозно ќе му ги искршам сите екстремитети.

Девојки, очите 4 отворени. А ако некој ваков не дај боже ви пријде - за'ржете. Нека ви пука вената на челото. А вие момци, не си ги оставајте девојките и другарките сами да си одат дома.    Овој кој знае зад кое ќоше или во кој жбун се криел чекајќи да помине некој. Се и сешто шета по земјава.

CONVERSATION

3 comments:

Anonymous said...

Секоја чест за постов и за предупредувањето. Никој нема да те сфати сериозно доколку не му се случи истото. Има секакви низ Македонијава, затоа претпазливо. Ќе ги видите скоцкани, средени од глава до петици, а уствари највалканите умови се тие.

Anonymous said...

Ми текна на ова:
http://www.press24.mk/story/makedonija/manijak-%E2%80%9Ehara%E2%80%9C-vo-skopje-napadnata-devojka-vo-vlezot-od-nejzinata-zgrada

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121011831145&id=12&prilog=0&setIzdanie=22452

На вориот линк насловот е лош пошто ликот уствари не е фатен.
Мислам треба да пријавиш.

Драган said...

Јована се надевам дека го пријави во полиција, а исто така се надевам и дека ги предупреди маалските за случкава.
Типот не смее да остане неказнет!

Back
to top