Foo Fighters и бела Италија

Не ни требаше многу да се решиме. Ефтин лет Скопје - Тревизо, визи не ни потребни (шуќур), а Фу Фајтерс на 80 км од Тревизо. Продадено.

Јас сум била претходно неколку пати во Италија. Што со авион, што со автобус, што со воз. Ама никогаш до сега со кола. Освен стандардното дека италјаните се многу убави, гласни и слаткоречиви, можам да го потврдам и клишето дека италјаните се многу ЛУДИ возачи. Ограничување на брзина здраво, жмигавци здраво, претицување од лево ма здравоооо. Си возиш по пропис 110 во најдесна лента, другите две слободни, те претицува некој Џанкарло со 150 и те гледа како да имаш рогови. Да ти падне незгодно што не кршиш правила. И не само брзина. Си стоиш на црвено најрегуларно, а некој од позади свири ли свири, се пали зелено, ти тргаш и те претицува моторче од 50 кубика, од десна страна секако нели, и го добиваш ова за поздрав зачинето со гласно пцуење.



Здравиот разум ти вика црвено беше за стој, зелено за вози. Ама пак те фаќа некако незгодно.

Првиот ден тркнавме до Верона. Веранди, дрвени ролетни, огради од ковано железо и на нив цвеќиња - мирисот на медитеранот.



После стандардното терасата на Јулија, купивме дрангулии и магнети со Ромео и Јулија и тргнавме во поход на некое ресторанче, не од оние туристичките што се на сред плоштад, туку некое во подзаскриено сокаче. Демек да биде баш со италјански шмек. Не бевме нешто посебно гладни. Да, се нафукавме прекрасен италијански сладолед претходно. Си рековме ќе замезиме некоја пица, а Сандра инсистираше да пробаме шприц аперол. Го пиеа сите италјани и како што налага старата when in Rome do as the Romans do, нарачавме и ние по една тура такво. Фин летен пијалак, препорачувам.

Најдовме едно место, таман во тесно уличе, цени пристојни, троа тивко. Само што седнавме дојде еден срцка, и не информираше дека затворале за 20 минути, ама имале маси од другата страна на ресторанот, дали сме сакале да се преместиме. Зошто да не, собираме парталите одиме низ ресторанот и искачаме - оп на главниот плоштад. Не баш по мерак што сме со еден куп Англичани и Германци околу нас, сепак седнавме бидејќи веќе имавме нарачано пијалак. На срцката му заврши смената, а него го замени Мухамед. И кога Мухамед не праша што ќе јадеме, а ние му рековме 2 пици и 5 тањири, Мухамед на цел глас на сред Верона се раздра: ONLY 2 PIZZAS FOR 5 PEOPLE!? Мртов ладен ја напушти масата и отиде да го кара срцката наш зошто ни дал маса. А слободни маси во ресторанот колку сакаш. Не дека им држевме маса за некој што ќе направи бајаги подебел цех од нашиот. Се врати по некое време, и не праша уште еднаш што ќе јадеме. А ние, бидејќи никаде не пишува колку порции на пица по човек се задолжителни во ресторанот, му потврдивме - 2 пици и 5 тањири. Дека не ни ги тресна од маса пиците? Кога почна да ни ги дели тањирчињата му рековме: Брат ок е, сами ќе си ги земеме, оди си додека не си скршил некој тањир. Пицата беше баш италијанска - тенко тесто и нормална количина на мастрав. А Мухамед не доби ни цент бакшиш.

Следниот ден претпладнето беше резервирано за beauty sleep. Моравме да бидеме убави за Дејв. Напудривме носовите, ставивме карминчиња, врзавме косите во репчиња и правец Кодроипо. 5 жени во кола без навигација. Мда, утнавме неколку клучки и кружни текови, ама на крај стигнавме. Ја паркиравме колата во сред лозје по принципот на when in Rome do as the Romans do.

Концертот се случуваше во некој си дворец Villa Manin. Еве како изгледа дворецот од птичја перспектива.


А еве како изгледа кога е полн со луѓе на концерт на Фу Фајтерс


А еве сме и ние на влез на дворецот со испринтаните маички.



Излегуваат Фу Фајтерс. Еуфорија. Сите испотени миљон. Голи мажиња насекаде околу тебе. Не ги перцепираш дури се тријат такви испотени од тебе зошто концертот го отвараат со White Limo. А после тоа, ни два ни три All mu life и Pretender. Пожустро не можеа да почнат. Се створи еден таков стампедо ефект, да јас еден момент лебдев во воздух со ноџињата и како сквош топка се мавав од едни двајца италијани де лево де десно. Кога видов дека не можам ништо против тоа, само кренав раце во вис, и почнав да се дерам EEEEE DON'T LET IT GO TO WASTE... Најјако беше.

Два и пол саати со максимум енергија вложена, со пеење од петни жили звучеа ко да слушаш студиски снимки. Сентиментален момент, Дејв не потсети дека тој има свирено во панк рок бенд одамна пред ние да знаеме за него. Биле млади и го правеле тоа што го правеле од љубов. И додека во позадина одеа акордите на One of these days your heart will stop and play it's final beat, песната беше посветена на all my ex friends, that are not with us any more. Kurt Cobain tribute. Морници, блага тишина и искрен емотивен аплауз.



Не се трудеа италијаните околу бисот многу, знаеа дека ќе излезат пак да свират. На бис Дејв го покани Боб Молд, кој што воедно му беше и предгрупа. Го најави како "the reason I started playing rock 'n roll." Пази, причината поради која што Дејв Грол е воопшто во рокенролот му е предгрупа!

Додека среќни си одевме накај кола, едни двајца итаљани ни се закачија од кои што едниот покажувајќи накај моите гради ме праша: Excuse me, what are those things? Откако збунето во прашална форма му одговорив: Em, boobs!? ги прашав дали се со кола и каде живеат. Со кола се, живеат во Тревизо. Бинго. Фичо и Даре, кои што исто така беа со нас и требаше до 4 сабајле да спијат на железничка си добија превоз. И ми должат по едно пиво :)

Си отидовме окезени од дворецот, сите шески и кариеси ни се гледаа. Фичо и Даре стигнаа пред нас во хотелот, бидејќи лудите италијани возеле со 200 на саат. Ние, возејќи по прописи, стигнавме утепани, препотени, преморени, извадивме по едно пиво од фрижидерот, запаливме по една цигара и на глас рековме: Foo Fucking Fighters!!! И среќни заспавме.

Третиот ден беше резервиран за вамос а ла плаја. Овој пат со навигација. Џабе. Пак утнавме 2-3 клучки и неколку кружни текови. Ама затоа на крај најдовме бесплатен паркинг на 2 минути од плажа. А вечерта Венеција бејби. Без гужвите со Јапонци и Кинези и нивните 18 кила тешки апарати. Прошлиот пат во Венеција бев на апсолвентска екскурзија и јадев пица на парче, овој пат седнавме во едно мало ресторанче, не баш блиску до центарот. Како за Венеција цените во рестораните се прилично пристојни, без разлика на тоа колку се оддалечени од плоштадот Сан Марко. Така да, ако ви се седнува на јадење во Венеција, одберете си било кое ресторанче, цените на порција паста со сосови е во просек 10 евра. Од фенси шменси вечерата со шприц аперол и италијанска паста се преместивме на дрвено пристаниште покрај канал и лајкалејди пиевме не многу ладно просеко од шише бидејќи немавме чаши. Преубо ни беше.

Иначе италијаните не имитираат скроз. Барок има насекаде, а исто така и сушат гаќи на тераси.

Во сред Венеција, сушење гаќи на јаже, незгодно ич

Краткиот одмор го заокруживме утредента сабајлето со разрешување на мистеријата: Колку жени се потребни за да наполнат резервоар бензин на бензинска? - 1 Италијан. (Да не се појавеше батето, ќе се шуњавме уште минимум пола саат околу бензинската како да е спејс шатл)

Данче: Матер мајчин! Сандра: Абе ова не тече! Ивана: Брат, ти ставивме пари, што сакаш повеќе? Тамара: Ја  да не кревам тензија, ќе го м'снам јаболково.






CONVERSATION

2 comments:

Unknown said...

Bob Mould е педесетгодишен младич, основач на многу битниот состав Hüsker Dü од крајот на седумдесетите, а подоцна основач на Sugar. Бидејќи и Дејв и Боб се доволно умни и без его трипови, Дејв од голем риспект го зема со него турнеи (а му гостува и на албумите), а Боб си е свесен дека е влијателен, но не и голем како Foo Fighters...:)

http://www.youtube.com/watch?v=cTwK1f1-r4o

Јована said...

Она кога првпат го прочитав постов кога уште бев во основно и сега вторпат кога сум втора година на факс во Венеција. Морам да кажам, уште да падне еден концерт на Foo Fighters and my life will be complete

Back
to top