Концертна критична маса


Ќе одиш на Скопје Гори? - Па не знам. Ти ќе одиш? - Се мислам бе... Ако најдам карта, може ќе одам.

Драги сограѓанки и (ова малку на Трендо звучи) за нијанса подраги сограѓани, на концерти се оди, а карти за концерти се купуваат. За гратиси се гребат средношколци и студенти. Никој, ама никој не може да ме убеди дека секој што е вработен и има најнормални просечни примања, а живее со родителите, не може да си приушти карта за концерт.

Организаторите (нечу да ги именувам сега) се смрдлиња, тоа знам. Носат фаци од светски ранг во Белград, организираат таму по еден концерт месечно, а кај нас има две звучни имиња годишно. Знам. И пивото што се продава на концертите е изгор скапо (100 денари, мамата ваша апашка). И тоа знам.

Но да им покажеме дека и ние овде сакаме светски фаци. Да не се случи повторно да дојдат Паблик факинг Енеми, а Скопско Кале да биде полупразно. Срамота е. Коктелите што планирате да ги пиете во Петок вечер сменете ги со карта за концерт. Кафичите кај што искачате пак ќе бидат таму. И луѓето кои што ги гледате секој петок и сабота, и тие ќе бидат пак таму. Ништо нема да пропуштите. Купете карта и дојдете на концерт. Да крца наредниот пат. Да висат луѓе од ѕидовите. Да не може човек на ред да дојде пиво да купи. Да има повеќе луѓе од на Аца Лукас концертот. Да нема веќе концерти на Аца Лукас. Да почне Колосеум пак да носи светски диџеи. Да прекинат Инсајд и Приорити да урлаат до 6 сабајле радиоактивен турбофолк.

Купете си карта за наредниот концерт. Фино е на концерти. И да не го знаете бендот, и да не знаете ниедна песна од пеачот. Не е битно. Наше е да им покажеме дека сакаме квалитетна музика во градот. Нивно е да ја донесат.

СМРТ ЗА ТУРБОФОЛКОТ, СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ.





CONVERSATION

5 comments:

i999y said...

Ако бараш најди и за мене...јбг и тиа шо ќе ги поделе спонзорот у криви раци ќе завршат..и не е чудо Џенан месечно шо ви прае концерт

Јована Тозија said...

Чудно е Игор, чудно е. Јас стварно не можам да разберам како може толкава маса на луѓе да собира таков шљам и како може на луѓе да не им се даваат пари за карти, а без око да им трепне да трошат по иљадарка Петок/Сабота во шема кафичи.

Anonymous said...

Мислам дека не е проблемот во парите за карта, едноставно во Скопје нема доволно публика која цени квалитетна музика.

Таква е публиката, ако може да се нарече така, нема вкус и критериум и повеќе ѝ лежи отровен турбофолк и тап поп.

Kristijan said...

Истото важи и за билети за театар, кино, опера, балет, филхармонија. Жално.

Anonymous said...

недоволни примања за оние кои живеат под кирија во Скопје.

Back
to top