Новогодишна елка од пластични шишиња


Се ближи Нова Година. Се ближи првиот снег. Скопје е позагадено од кога и да е, а бездомниците не знаат дали ќе го преживеат утрешниот ден. Време е да преземеме нешто во свои раце за чистотата на нашиот град и да покажеме хуманост, не дарувајќи пари туку ослободувајќи се од непотребните работи што ни се мотаат низ дома. 


Читајќи го овој напис, Тамара Атанасоска дојде до идеа да го направиме истото и во Скопје. Новогодишна елка направена од пластични шишиња. Каква феноменална идеа за подигање на еколошката и рециклирачка свест на нашите сограѓани. Пластичните шишиња се една од работите кои што се рециклираат, и во Скопје постојат посебни контејнери во кои што се фрлаат тие шишиња, меѓутоа поголем дел од времето тие зјаат празни. А обичните контејнери се нон стоп полни и со пластични шишиња и со картонски кутии. Тие сепак биваат рециклирани, бидејќи многу Роми без работа го селектираат тој отпад, го собираат и го продаваат на фабриките за рециклирање. И со тоа тие навистина прават општествено добро, работејќи за мрзеливиот македонец на кој што му е тешко да ги фрли пластичните шишиња во посебен контејнер, меѓутоа хаосот кој што го оставаат позади себе, неретко во форма на превртен контејнер, мора да запре. Мора да се научиме дека за нечистиот воздух во Скопје сме одговорни и ние, кои што до работа и назад се возиме сами во кола, наместо да се договараме со колегите/комшиите да делиме такси/трошоци за бензин. Не е одговорен само градоначалникот, кој што искасапи над 50 години стари дрва.


Сакајќи да ја подигнеме рециклирачката и еколошката свест кај нашите сограѓани и да направиме нешто добро за општеството, се решивме да пробаме и ние да организираме вакво нешто. Не сум баш сигурна дали ќе ни треба дозвола од Општина/Град Скопје за употреба на јавна површина, меѓутоа и да ни треба, верувам дека добрите господа би ни излегле во пресрет за една ваква акција. Доколку знаете нешто поконкретно во врска со вадење дозвола (и дали воопшто е потребна) за ваков настан, пишете коментар. Датумот и времето не се одредени меѓутоа, ова би се одвивало на максимум 3 дена пред Нова Година. Но ова не може да се реализира доколку не учествуваме сите заедно. Додека да ги обзнаниме деталите за време и место, вашата задача ќе биде:

  • Да ги селектирате искористените зелените пластични шишиња дома и да ги чувате во следниве 3 недели. Колку повеќе шишиња, толку поголема елка. Доколку ова успее, можеби градот наредната година ќе се одлучи на ист ваков еколошко рециклирачки чекор. Граѓаните ќе се учат да рециклираат и селектираат отпад, ќе може да бидат вработени луѓе без работа кои што би работеле на конструирање на елката, а Скопје ќе биде најзелен и најкул град во регионов. Наместо со светилки, градот ќе може да се украси со стари ЦД-а, кои што исто така би се собирале од граѓаните. Тие подеднакво добро светкаат и на дневна светлина, а блескањето што се добива од одбивање на светлината од ноќното осветлување е можеби би била и поефектна од традиционалното новогодишно украсување на градот. Идеи има милјон, меѓутоа прво мора да покажеме дека вакво нешто функционира. На крајот тие шишиња ќе бидат фрлени во контејнерите за стари пластични шишиња, со што ете ние симболично ќе го прикажеме нашиот мал придонес кон позелено Скопје.
  • Да селектирате распар чорапи – Сигурна сум дека секој од вас има барем 5 комада распар чорапи низ дома кои што со години ви се мотаат низ фиоките, и дека немате срце да ги фрлите надевајќи се дека поубавата половина магично ќе се појави. Епа еве, конечно може да се отарасите од нив, и тоа да не ги фрлите во ѓубре туку да ги поклоните на бездомници. Донесете ги сите распар чорапи што ги имате дома, ние ќе ги спариме по боја и големина и ќе им ги поклониме на бездомниците.
  • Да селектирате распар ракавици – Исто така секој од вас има барем една распар ракавица во шкафот, што му седи така со години. Донесете ја, ќе ја спариме со друга ракавица од истата боја, а ако не најдеме иста боја, ќе ја спариме со ракавица од различна боја и ќе им ги поклониме на бездомницитe
  • Да селектирате стар хардвер што навистина веќе не ви е потребен дома и само ви фаќа прашина – Секој од вас има стар компјутер, стар монитор, стар рутер низ дома кој што не му треба. Клубот КИКА прави накит од стар хардвер, па вашиот придонес за развој на овој upycling активизам би бил бесценет.

Во меѓувреме, додека не обзнаниме кога точно и каде ќе се случува овој “хепенинг” најавете го вашето присуство на следниов линк и почнете да ги правите горенаведените 4 точки. Доколку имате идеа која што би се вклопила во еколошко-рециклирачкиот и еколошко upcycling концептот (навистина не знам збор за upcycling на македонски, ако знае некој нека ме просветли), слободно давајте идеи!


Go green! Recycling is cool. Upcycling is even cooler! За тебе, за мене, за сите нас, за хуманоста, за Скопје!

CONVERSATION

5 comments:

Anonymous said...

Ako ne treba za Sneshko belic, togash ne bi trebalo i za elka od shishinja, a?

Јована Тозија said...

Не знам, стварно не знам... затоа пишав ако знае некој нека каже.

Anonymous said...

Прашав. Ако правите мала елка како инсталација до висина од 3 метри и викнете на пр. камери, се сликате, кажете пораката за екологија и сл. и потоа ја оставите може да поминете и без дозвола, макар ја направиле и покрај Аце! Но, ако сакате да направите некој гоооолем објект елка кој би требало да стои подолго време, тогаш е потребна дозвола од општина,исто како кога се поставуваат балони, летки за реклами. Јас мислам дека вие сакате да направите една обична инсталација-елка и за тоа не ви треба дозвола :)Ако решите да собирате пластични шишиња ке ви донесам и јас, иако сум постара. Поздрав

NUMBER#2 said...

wow. сепак постоел умен, креативен млад свет што всушност прави нешто со слободното време.

ти посакувам среќа и дрш се не седавај!!!

Јована Тозија said...

@Anonymous собирај ти шишиња, возраста нема врска со ова. Ќе пишам накнадно кога и каде ќе се прави елката. Сега е битно да ги собираме шишињата, за да има со што да ја правиме елката.

Фала на инфо :)

Back
to top