Rock’n Roll & Web 2.0

Можеби грешам, и ако грешам поправете ме, но чинам дека Беи Д Фиш (или ако повеќе љубите на латиница Bei The Fish) се првиот македонски бенд кој во живо блогираше за време на турнеја и пренесуваше импресии од одржаните концерти. На www.plagij.at се објавени сите постови во кои што дечките сумираат згоди, незгоди, импресии, слики и видеа од нивната турнеја. И покрај тоа што тоа во вистинска смисла на зборот тоа не може да се нарече концертна турнеја бидејќи правеле тонски проби свирејќи како улични музичари, свиреле по мали клубчиња и спиеле по пријатели/роднини/познаници, феноменално е како фан на еден бенд да знаеш што се случува со бендот за време на турнејата.

Впрочем, не само што нема македонски бенд/поп-рок ѕвезда што блогира за време на турнеја, туку нема (јас бар не сум запознаена) со јавна фаца од тој тип што воопшто блогира. Воопшто не ми е јасно зошто. Дадена им е прилика лесна ко два и два и тотално бесплатна да го одржуваат контактот со своите фанови и да не бидат заборавени меѓу издавање на два албуми. Постнете фотка од снимањето на албум, па постнете и видео тизер некој да му се сневиди, ако ви дошла некоја јавна фаца од вашиот калибар на гости постнете фотка како се гушкате покрај некое мезе и ракија, ако сте биле на некој мадафака концерт постнете фотка и од тоа и шкрабнете 3 реченици како сте си поминале, ако сте успеале да се пикнете бекстејџ обавезно постнете фотка, ако имате куче постнете фотка како ви ги изело новите чевли... Keep your fans updated! Нема да ве чини ништо, 10 минути работа е, а на вашите фанови ќе им значи МНОГУ!

Нема да го тупам многу, ќе ги поздравам дечките, ќе им посакам уште еден тон супер албуми и турнеи, и ќе им кажам на останатите бендови, групи, поп идоли и рок ѕвезди – вака се одржува контакт со вашите фанови и вака се стекнуваат нови фанови!

П.С. И отворете си по еден Твитер акаунт.

П.П.С. Мојата омилена. Се топам на песнава ко средношколка на Џаред Лето. Знаат дечките дека ми е омилена, па ме испоштуваа на Твитер со тоа што ми го пратија видеово во кое ја изведуват во живо. Ќе ги испоштувам и јас со тоа што ќе ја објавам овде. И со тоа што на 2 Декември ќе им отидам на концерт во МКЦ. 

 

CONVERSATION

1 comments:

Anonymous said...

Bei The Fish rock, ама озбилно :) Ја почитувам бендови како што викаш што се во контакт со фановите, ама уште повеќе вистински фанови ко тебе што знаат да пофалат кога треба и да му помогнат на бендот да продолжи со добрата работа ;)

Back
to top