Дан Републике


Денес е 29-ти Ноември или Дан Републике. Денот на второто заседание на АВНОЈ. Денот на кој што е основана државата во која што се родив. Државата на чие распаѓање бев сведок. Не, не сум јас јуносталгичар. Не плачам јас заради Југославија. Плачам заради мојата младост.



Поминавме и војни, и барикади, и ембарго, и транзиција и што уште не. Во зборовите на Едо Маајка “постало нам навика да не ради ниједна фабрика”. Секој ден слушавме како фабрики одат во стечај, како тие и тие работници веќе 18-ти месец не зеле плата а на работа уште се појавуваат од понеделник до петок, како министер на тендер набавил маус (или по македонски глувче) по цена од 13.000 марки…


Ни беше нормално да не може да мрднеме подалеку од Охрид. Ни стана нормално и да мораме да објаснуваме дека и ние сме битија од типот хомо сапиенс доколку ни се пружаше шанса да мрднеме подалеку од Охрид. Моравме да примаме ниски ударци од типот: А вие во Македонија имате компири? Моравме секогаш кога со судни маки ќе ја набавевме налепницата во нашиот пасош да го носиме товарот на достојно претставување на нашата земја во странство. Моравме да покажеме дека ние нормалните од Македонија сме правило, а не исклучок.


Мораа нашите родители да фрлат цела плата за да ни ги купат најновите Најк Ер со воздушно. Патики колку цела факинг плата. Моравме да почекаме да дојде следниот месец за да ни купат и јакна. А тоа веќе Јануари дошло.


Бевме сведоци на најголемиот масакр после Втора Светска Војна.


Па имавме и војна во комшии. Во еден ден имавме 300.000 косовски бегалци на нашата граница. И како земја со буџет колку три просечни германски плати, ги примивме сите кај нас бидејќи хуманоста не познава граници. И достојно не возвраќавме на идиотштините, кога ќе дојдеше Мистер Драпајсимеот да ги види условите во кои што живеат косовските бегалци и незадоволно ќе констатираше дека се уште не им биле изградени тениски игралишта.




Бевме сведоци и на граѓанска војна во 2001 која што меѓународната заедница ни ја протурка како бунт за човекови права на албанското малцинство. Свесни ние дека оној кој што се бори за човекови права не му ги одзема истите на друг човек (Липковска брана, Мавровски работници… да не ги набројувам) го голтнавме и тој удар, се во името на мирот.


И покрај тоа што успеавме да го преживееме сето тоа, ние денес сме сведоци на примитивизам од типот палење туѓо знаме. И тоа не само што сме сведоци, туку подеднакво примитивно одговараме на ваквиот чин. И тоа македонски медиуми известуваат само за палењето на македонското знаме, а албански медиуми само за палењето на албанското знаме. Да ви се изуринирам на примитивизмот и да ви се покакам на хоризонтите што ви стигаат до маалскиот гранап!


Не, не жалам јас што се распадна Југославија. Не можам д жалам за неа кога не ја ни памтам. Жалам што ние се уште не знаеме како да се справиме со тој распад. Жалам што и покрај сите војни кои ги проживеавме и ги сведочевме, не научивме како да го надживееме национализмот. Не научивме дека религијата е средство за постигнување душевен мир, а не средство за ширење на идеологија. Не научивме како да им помогнеме на другите да се качат едно ниво погоре. Наместо тоа ние секогаш се симнуваме ниво подолу. Не научивме да бидеме подобри луѓе. А и медиумите не ни помагаат баш. Македонските медиуми известуваат само за палењето на македонското знаме, албанските медиуми само за палењето на албанското. Политичарите такуѓере. Мендух Тачи наместо да излезе и да осуди, мртов ладен зема да објаснува дека палењето било резултат на севкупната клима во државава. Да ви се изуринирам на новинарската етика и да ви се покакам политичката култура што ја имате!


Е не подлегнувам!!! Ево вам средан прст. Удавете се слободно во својата малограѓанштина. 


In the words of Andrej Ancevski: Keep calm and ignore national, racial and religious doctrines. Be a better human.


Или со зборовите на Едо Маајка







CONVERSATION

3 comments:

zarkovski said...

Може да додадам нешто!?
Еве: http://www.youtube.com/watch?v=cRsSdqfS7_4
Толку!!!

Anonymous said...

abe koj gi ebe site niv

Zvonimir said...

Би сакал да ви ја претставам веб-страницата за пазарење од САД (Соединетите Американски Држави) многу е добра и имам порачувано неколку пати од нив. Се вика Виадрес www.viaddress.com. Многу сум задоволен од нивните услуги па ако на некој му треба нешто а нема Пај-Пал ова е совршено.

Back
to top