Ви текнува ли?

Ви текнува ли едно време кога бевме копиљаци, и кога сите тренираа кошарка? Кога после школо остануваа во сала да одиграат по една две партии, а преку викенди и за време на школските распусти киснеа под маалските кошеви од јутра до сутра, а ние маалските моми доаѓавме, ги гледавме и силно ракоплескавме кога некој некого ќе издриблаше. Па откако тој ќе издриблаше, одеднаш магично ни стануваше и симпатија, и покрај тоа што целото негово лице беше покриено со пубертетски бубулчиња…

Не знам за во ваше време, ама #умоевреме кошарката беше популарна дури и меѓу нас женските. И така и ние како и батките од маало си купувавме џорданки и ги користевме само за играње баскет. Па кога малку ќе се истрошеа, почнувавме да одиме и на школо со нив. Игравме и баскет. И тоа не женски на женски, туку измешани. Откако после неколку саати играње ќе се умореа најголемиот дел од батките, а ќе останеа уште двајца тројца најхардкор маалски кошаркари, на сцена стапувавме ние женските. Ќе избереа по една две во тим и игравме прописно до 21 и назад. И не не штедеа! Ни лепеа банани без пардон!

Епа драги мои читатели и исто толку драги читателки, ова се тие деца. Тоа е македонската кошаркарска репрезентација. Тие се тие генерации од осумдесеттите и по некој ветеран од доцните седумтесетти што нѐ прават да се чувствуваме вака горди изминативе денови.

image

(фото преземено од тука)

Ако се уште се мислите дали треба да го запишете детето на некој вид спорт, сега му е мајката. Ако се уште вашето дете нема баскет по дома, трк на пазар да му купите еден. Ако вашето дете кисне пред компјутер, време е да му го ограничите времето кое што му е дозволено за тоа. Зошто има еден куп деца кои што се плус минус моја генерација, што седат дома, ги гледаат натпреварите од Евробаскет 2011 и тивко во себе си велат: “Ех, а можев да бидам и јас меѓу нив. Зошто ли зошто се откажав?”  

CONVERSATION

1 comments:

Внукот said...

Замисли за 10-15 години кој тим во куглање ќе го имаме!

Back
to top