Organic my ass

Збудалени се Германциве по органска храна. Таканаречена био. Демек без пестициди. Се живо и диво го има да го купите во “нормална” варијанта и во био варијанта. Ама не само овошје и зеленчук! Био-макарони, био-месо, блузи од био-памук, ташни од био=кожа, био-козметика, био-кафе, био-хотели, био средства за чистење, био-чоколади, био-тутун… абе се! Се живо што може да се купи во продавница го има и во био варијанта. Има и дури еден пијалок се вика Bionade, еквивалент на наша Газоза. Што има органско во прашок растворен во вода и малку CO2 не ми е јасно, ама ај. Се продава како алва.

И најсмешно од се ми е ставот нивни кон ваквите производи: Ех, да можев и јас да си приуштам, и јас се ќе купував Био (дека се органски, нели се и поскапи). Воопшто не ја ни земаат предвид опцијата дека се тоа е можеби една масовна превара, чисто за да им се земат парите. Исто како и флашираната вода. И не можеш да ги убедиш дека водата што им тече од чешма е 100 пати поквалитетна отколку флашираното ѓубре што се продава по продавниците. Не тропам глупости, дечкиве многу добро го имаат објаснето концептот на “производство на побарувачка”. Не можеш да ги убедиш дека јагоди со големина на патлиџан во Март, лубеници од 2 кила во Април, и грозје без семки во Мај не може да се од органско производство, па мајка Јана.

Ама пред некој ден бев сведок на најголемата глупост што може човек да ја измисли т.е. направи. Не знам кој е поглупав: тој што ја смислил или тој што ја купил. Веројатно тој што ја купил. Значи седам кај едно девојче на кое што му држам часови по математика дома, зошто мајка и ме замоли минатиот викенд да припазам на нејзе и сестра и (мајкава е иначе една од оние збудалените по био работи). И си седиме така, си правиме муабет за Хана Монтана, Џастин Бибер и Germany’s next top model, и ми вика малава: “Може ли да ми ги налакираш ноктите?” И викам може, ама донеси ацетон да го избришеме стариов лак. Носи малава ацетон, јас таман да наквасам памукчето, читам:

Отстранувач на лак за нокти

без ацетон

со масло од био-портокали

АЛООООООО!!!! Факинг ацетон!!! Тоа е, додека има овци за стрижење жедни преку вода ќе ги носат. Туку се мислам да патентирам, во кутии да продавам незагаден планински воздух. Ако не упали, еве на!! Уште сега се замислувам како стојам меѓу Арапите што продаваат манго во Франкфурт и се дерам: Ајмо галички воздух, од новитееееее!!!!!!

CONVERSATION

1 comments:

Anonymous said...

Така ти е тоа додека на Германчето најголем проблем му е дали телето што го гнете му јадело „органска“ трева, Македончето ќе му ја мисли како да си купи теле

Back
to top