Патувачки дневник - Виетнам и Хонг Конг, 2 дел

Види претходно: Сихануквил

Виетнам воопшто не беше така привлечен и интересен како што ни се чинеше првиот пат кога стигнавме во Хо Ши Мин. Гужва насекаде, гласно, стаорци на секое ќоше, дилери те влечат за рака на улица да ти шитнат кокаин, курви те влечат за рака и те молат да ти пружаат саки саки фајвдала задоволства, а тоа скутерите не те есапат 2% и шибаат ко да се сами на светов. После недела и кусур во ненормално искулираната Камбоџа, ова ни беше едноставно премногу. Ние излезени ко од сауна, а овие излезени ко од Вол Стрит.

Зборат ко да се кичмат од карање, мислиш очи ќе си извадат (а они уствари рецепти разменуваат), немаат осет за personal space, многу се гласни и воопшто не ги интересираат туристите. Како ли ни се свиѓаше истиов овој град и истиве овие луѓе пред само една недела толку многу? Што се смени во меѓувреме? На далеки исток, лето во фебруари, ние живи мизерни, ни се оди дома!!!! Катастрофа.

После кратката блага депресија дека не сме веќе во Камбоџа, резервиравме еднодневна екскурзија да ги видиме тунелите што се користеле за време на војната.


Се трудев, стварно се трудев да ја разберам историјата на тунелите и нивната намена, ама освен дека Виетнам бил француска колонија, и дека џунглата во која што се наоѓаат е вештачка бидејќи оригиналната била спалена со напалм од Американците, ништо друго не успеав да сфатам. Беше многу жешко, многу влажно, а водичот збореше толку лош англиски, што влогот да го разберам беше едноставно преголем. Си има википедија, ќе си прочитам накнадно. Типот ќе раскажеше по нешто, ќе се изгубеше низ џунглата, и од позади некои жбунови туку ќе почнеше да се дере:

HELLO!!!!

и ние демек знаеме на кај треба да идеме, а тој пак

IS IT ME YOU’RE LOOKING FOR?

Се испопалија некои од америчките туристи дека има стрелиште, се сликаа со тенкови, ги испробуваа стапиците што ги креирале виетнамците, ние утеха најдовме во чоколаден сладолед под палма.

Патот од Виетнам до Хонг Конг беше едно од најлошите патешествија во мојот живот. Имавме 17 саати да оддремеме во Манила на аеродром. А транзит зоната во аеродромот на Манила е едно собче со 15 фотељи. Моравме ко девојчиња да трепкаме, да ни дозволат да идеме до фришоп, да си купиме нешто благо, да удавиме тагата во чоколадо.

Во Хонг Конг не пречека Ксавиер, каучсурфер, другар на претходниот каучсурфер кај што бев првиот пат кога бев во Хонг Конг.

Ксавиер како активиста, протестирач, и залагач за демократско општество не прошета во јадрото на Хонг Конг, каде што 2 месеци претходно се случуваа најголемите протести за демократија во Хонг Конг.


Целото движење за демократија се вика Yellow Umbrella Movement, и има една улица во Хонг Конг каде што има повеќе андеркавер полиција отколку обични граѓани, каде што секој ден, во 7 саат се собираат протестирачите, отвараат жолти чадори и стојат така како ајвани. И на тој начин ја искажуваат репресијата што ја осеќаат од Кина откако Британија се откажа од ова парче земја. И од ова се произлезени многу движења, некои сакаат независен Хонг Конг, некои сакаат пак да се спојат со Англија, некои сакаат Кина да не меша прсти толку многу… како и да е интересно беше за набљудување. Посебно полицијата.


После активистичката прошетка се упативме кон IFC tower. Пред да ми почне патешествиево нели, имав прочитано иљадуиедна статија за далекиот исток, и ги имав пројдено земјиве сите на гугл мапс надолж и попреку. Во една таква статија ја прочитав следнава препорака за Хонг Конг:

The landscaped rooftop of Central’s waterfront mall, the glitzy IFC, is ringed with posh bars and restaurants. However, the resort-style sofas, tables and armchairs placed right outside those establishments are for the use of the public, and the restaurant operators have no jurisdiction over them. This means that you’re perfectly entitled to bring your own if you’re sitting outdoors. Stop off at the CitySuper, pick up a $20 bottle of wine, a corkscrew and some cheese and olives — then head to the roof for a recession-busting, alfresco afternoon. Million-dollar views almost never come this reasonably priced.

И токму тоа и го направивме. Хонг Конг се давеше во смог и магла. А сепак погледот беше од милион долари. На мојата среќа и немаше крај.


Мамурна и со главоболка утредента станав безобразно рано и се упатив накај аеродромот. Сестра ми и Ирина ги оставив во џунглата од бетон. 24 саати подоцна бев во Скопје.

Здраво Македонија


CONVERSATION

0 comments:

Back
to top