Сум ја имала таа среќа доста да патувам во животов и сум прошла колкав толкав број на аеродроми. И ми се случило неколку пати да треба да оддремам поприличен број саати на аеродром. Некогаш дека сум немала виза да влезам во транзитната земја, некогаш дека сум немала пари да преспијам во хотел, некогаш дека ете така се погодило… Ама секој пат сум си поминувала лудница. Од легнување во празен аеродром доцна навечер да спијам на земја и будење неколку саати после тоа во преполн аеродром меѓу маси сред кафич, до запознавање на бивш зависник од кокаин кој што ми го следеше секој чекор низ аеродромот и без заби ми правеше муабет 3 саати на шпански. Без заби. На шпански. А ја со книгата прочитана и mp3 плеерот испразнет, не ми преостануваше ништо друго освен да го слушам…
Како и да е, ова е мојот мал придонес за тоа како да си направите времето да ви помине побрзо и побезболно кога сте заглавени на аеродром.
1. Секогаш носете со себе две книги и мп3 плеер настрана од телефонот
Една книга не е доволна. Не дај боже ќе ја дочитате. И? Цврц. Книгите препорачувам да се биографии/автобиографии. Не знам зошто, мене најмногу ми лежат такви при патување. Ем не е тешка литература, може со пола мозок да ја читаш, ем ќе научиш нешто ново за некоја битна фаца во светот. Гадафи, Џејмс Браун, Стив Џобс… може не пратите арапски револуции, фанк музика или софтверски гении, ама после книгите може ќе почнете и ќе најдете ново поле на интерес.
МП3 плеерот е за да не ја потрошите батеријата за еден саат и да не можете после да пратите порака на родител/сопруг/сопруга/дечко/девојка/швалер/швалерка/дете/комшија/цимер/другар/другарка
2. Не брзајте одма да влезете во фришоп
Фришопот не ви бега. Оставете го него за попосле, кога ќе ви снема активности. Прочитајте ги прво сите постери што висат по ѕидовите, сите реклами на билбордите и сите бесплатни списанија и весници што ги има наоколу. Обично тоа се кампањи против расизам и вести од светот. Ќе дознаете дека нафтата дента се продавала по ХХ долари за барел и слично.
3. Излезете последни од авион и застанете на крајот од редот на пасошка контрола
Кај се брзаш. Така? Добиваш едно добри пола саат од самото дремење на пасошка контрола. Ако даде господ, ако е гужва, може и повеќе да заглавиш. Пола саат – пола саат, саат – саат, кој ти го дава. А ич?
4. Ако треба да спиете на аеродромот, најдете си картон на кој што ќе легнете
Столиците се најчесто неудобни, а мермерот влече, ви отидоа и кичма и бубрези и се ако се решите директно на земја да легнете. Ова ви го кажувам од искуство, не тропам глупости. (да, еднаш спиев на картон на аеродром, толку слатко сум заспала што сум хрчела дури)
И немој да мислите дека ќе бидете единствени, да ви биде страв да не ве ограби некој или не дај боже да ви е срам што спиете на земја. Не сте ни први ни последни. Ако треба да спиете на аеродромот, со време пикирајте си место, бидејќи колку подоцна станува, толку добрите ќошиња стануваат зафатени. Па ако се мафтате наоколу безвезе, кога ќе ви дојде време за спиење, ќе треба да легнете сред аеродром, бидејќи сите ѕидови и ќошиња ќе бидат зафатени. Ова посебно важи за аеродроми каде што летаат нискобуџетни авиокомпании.
5. Најдете рандом лик кој исто така патува сам и почнете му муабет. Има луди приказни по светов.
Исто така како што не сте единствени кои ќе преспиете на аеродром, не сте ни единствени на кои им е досадно и кои што имаат 10 саати за тепање. И на другите со вашата судбина им е подеднакво сафра и подеднакво досадно. Најдете го тој лик. Најчесто се понашаат исто како вас: седнуваат 3 пати на кафе, седат сами и читаат веќе втора книга, четврти пат по ред ги читаат билбордите закачени по ѕидови, се шлаат на аеродромот без некаков концепт, одат 8 пати до веце, намирисани се со сите парфеми од фришопот. Најдете го тој лик.
Извини, ќе може ли упаљач, извини да те прашам колку е саат, извини, ќе сакаш ли да ми ја почуваш торбата додека одам до веце… А ти каде патуваш? Во колку саат ти е летот? Во 8 сабајле!? Бинго. Си го најде новото другарче. За два саати ќе бидете најбољи другари, а пред разделување ќе се гушкате ко да се знаете 100 години. Ви гарантирам.
6. Пикирајте место за денгубарење покрај штекер
God bless the internet, и на скоро секој аеродром најчесто го има. Ама пуста технологија. Како телефоните стануваат подобри, батериите стануваат се полоши.
Вакви места со штекери има скоро на секој аеродром. И скоро секогаш се зафатени. Најдете ги штекерите, и висете им над глава на тие што веќе си ги полнат лаптопите/телефоните/таблетите. Онака тотално и скроз нападно висете им над глава. Зошто ако не им висите нема да се тргнат. А кога ќе се тргнат, фатете го нивното место и игнорирајте ги оние кои вам ќе почнат да ви висат над глава.
7. Собирајте колички за багаж
Ова важи за не-транзит зона, во транзит зона обично нема колички бидејќи таму се сите само со рачен багаж. Како и да е, нема ништо подобро од тоа да заработиш некој денар дури ти иде да си излезеш од кожа од што ти е досадно и не знаеш што со себе. Почастете се после тоа кафе од милион долари во првиот кафич.
Апсолутниот победник во светот во квалитетно поминување време заглавен на аеродром е типов на видеово. Заглавил на аеродромот во Лас Вегас. Имал празен аеродром, ајфон и многу креативност. Enjoy!

0 comments:
Post a Comment