Мајки шајки и се по список!
Во градов доаѓа легенда од рангот на Џони Ротен, значи ало - ЏОНИ РОТЕН, и на кале се собираат по моја проценка некои мизерни 2000 души. Градов не знае да цени кога доаѓаат легенди. Но нејсе, ни треба време да стекнеме музичка култура.
Да почнеме од почеток. Влегуваме во 9 и пол, со надеж дека поминале Нокаут (дечки ништо лично, али ќе се сложите дека ви треба малку да одморите), тоа само Пеперминт поминале. Океј, ќе ги слушаме и Нокаут, не е проблем. Сепак е тоа бенд од младоста, се потсеќаш на времето во МНТ јуниор кога центарци им пееа на аеродромци: ааааааааааајде дојди емзетеееееее, па и да го пушите, ќе научите; Франц беше симпатија на 3/4 од женската популација во градов (останатата 1/4 беа или латентни лезбејки или немаа телевизор за да го видат), итн итн итн. Убави времиња.
Правац шанк. Здраво, шо пива има и колку пари се? - Каменица 100, (наведнува глава, гледа во под и тивко промрморува) старопрамен 150. WHAAAAAT??? Дечко, со дијаманти да не е пивово? Па во Воденица не е пиво 150 денари. - Извини бе, не сум ја крив, ја само продавам.
Малку ми фали да почнам да бојкотирам. Ама срце не ми дава да не видам вакви легенди во живо, само зошто организаторот решил мањакот на продадени карти да го компензира со цената на пиво. Стопеесе мајки! И на наредното Скопје гори туркменистанско пиво донесете. Пошто ова бугарсково многу вкусно беше.
Почнуваат Ареа, и сред песна - црко маршал. Си викам човече за саат - два треба на сценава да искочи џони факинг ротен, нив им рикнува појачало. Аааајде паузаааа. Ќе почекаме не е проблем. Јас сва среќа кредит од банка подигнав во петокот, па имавме пари по уште едно пиво да се напиеме дур ги чекавме да се оправат.
И поминаа и Нокаут, млада генерација им се радуваше и пееше со нив, поминаа и Санаториум - со скратен репертоар? Зошто? Морале ПИЛ да искочат на сцена меѓу 12.00 и 12.30. Абе луѓе, нема шанси до тогаш да искочат, треба Ласт Експедишн да свират пред нив. Јок бе брате. Точно 12.30 искочи човекот на сцена. Тројца аплаудираат, двајца свиркаат, еден вика АААА. Џони ненавикнат: We've come all this way for... blah?
Музички нема да рецензирам, не сум стручна за тоа. Ќе има попаметни од мене што ќе пишат и како бил звукот, и како пееле они. Ама му откажува микрофонот, и џони вика: I so apologise. За што се извинуваш па ТИ па. Таткото на панкот, човекот што пееше за анархија во кралството, човекот што направи пародија на англиската химна и ја израмни англиската монархија со фашизам, е ТОЛКУ учтив да кога му црнка микрофонот, не се сврти кон организаторите да почне да ги пцуе, ТУКУ СЕ ИЗВИНИ!!! Тој ни се извини нам!!!!
Неколку песни потоа, повторно проблеми со појачалото. Џони се врти накај публиката: "There were so many reasons not to come here and do this. And none of them was us." Голтни ме земјо. ГОЛТНИ МЕ!
Стандарден испланиран бис, ги отсвиреа хитовите, ние порипавме и си отидоа од сцена. Проверив во џебот, има останато од кредитот за по уште едно пиво, си викам таман - да се пошуткаме на старите добри Ласт Експедишн, се вртам накај бина - СОБИРААТ КАБЛИ! УАТАФАК!?
Преку тасе ми е од правено и недоправено. Сакам да живеам во град во кој утредента ќе си речат: ејјјј, ова Македонија у мајчину па лево, на карта не можевме да го најдеме, али настапов за сите пари... И кое е тоа деградирање на македонски бендови бе? Со кое право и образ ги ИСФРЛАТЕ ласт факинг експедишн од лајнап, онака адхок одлука? А? Идете си у Белград, носете си ги Металика таму. За тој пазар знаете совршено организациски и технички да не потфрлите. А ние ќе ги трошиме нашите плати кај нашиот северен сосед за да ги гледаме омилените ни бендови. Ама не носете веќе вакви ѕвезди на ваков начин кај нас. Не омаловажувате и нас и нив.
9 comments:
така е стрико .на ПИЛ треба да ТЕЧЕ алкохол побогу
Dobra ti e enalizata, ama ako proanalizias malku podlaboko ke vidis zosto nema ivo pile na koncert i zosto pivoto se prodava kako da e od zlato.
Se rabpti za nivo na svest i vo dvata slucaja, toa e za zal vistinata. Pricinite za nivoto na svesta ne se od vcera, stari se nekolku veka, najmalku, i treba da se potrosi malku poveke vreme za da se izanaliziaat.
Anarhistite koi poradi nivnite baranja ne dozvolija nitu eden od bandovite da ima tonska proba,duri i Vox-ot koj im go dadov mi bese preneseno deka nesmeam da go sviram,nepokazaa nitu respekt prema onie koi dosle da gi cujat Last Expedition zatoa sto nemozele da pocekaat nitu polovina cas,nivnite ljude im se derea na Sanatorium dodeka svirea da prekinat duri i obezbeduvanjeto bese angazirano,za nesto podocna nikoj da ne smee da se dvizi onamu kade sto tie ke pominat kako kralicata Elizabeth-ta deka treba da se obrati na gomila nasobrani domorotci.Toa sto mozev da go vidam vecerta od nivna strana bese kapitalizam vo najprostacka forma duri i Elizabeth-a bi pokazala poveke maniri od PIL
imas za karta za prevoz (ako ne si od sk) i za 2-3 piva... a jas nemam para vo mojot grad edno pivo da se napijam. bash poradi toa ima i tolku lugje ! ;))
Од кај па сега Џони Ротен “легенда“?!?
И Бритни и Агилера еден ден ќе бидат легенди? Џони Ротен е продукт на Малком МекЛаерн, исто како што Бритни и Агилера се продукти на некоја менаџерска компанија или на некој си маркетинг магнат. Дед Кенедис, УК Сабс, Експлоитед се само некои од бендовите кои можат да се наречат легенди, а типовите како Ротен, не заслужуват да се појават на иста сцена со Ласт Експадишн,нашиве се 100 пати по хард кори и 100% оргинални. Така да, да не си трескаме глаата демек дошол некој као демек легенда, драпај си меот. Дошол и си отишол, а и 2000 публика многу му се.
За фестивал од ваков тип ова што се случило е стварно за нигде. СРАМОТА! Јас не отидов од причина што картата беше толку колку што беше, знаев дека нема да имам ни пиво да пијам,толку кеш за групи што секој ден ги слушаш за без пари па баш и не ми се дава. А ниту пак за Џони не би дала пошо и не сум некој негов фан, е сега да беше поефтина картата би дала колку да идам да слушнам што ќе понуди, пошо сепак име . Е сега тоа што ЛЕГЕНДА,и татко на хип хопот KRS-ONE доаѓа во СКопје за 300 денари, што негов настап секаде чини над 1500 денари, е тоа е веќе НАСТАН! И сугурен си дека нема да има проблеми од овој тип, затоа што го носат луѓе што знаат што е добра музика, и ќе има луѓе што знаат што е добра музика!Ова чисо само за споредба како функционираат нашиве "музички агент" алчни за кеш. Поздрав
PIL se glupost, sum porasnal so Roten, ama ova e isto ko Nokaut, Area, Kaljopi... a deka ropacive od Avalon se samo alcni, lugeto naucija, pa ne im odat na koncert
Orbital skopje gori ako vi teknuva isto prekin na sred nastap KATASTROFA
Nice post i will wait your next post
Post a Comment