Калиопи и кромидот



Бев вчера на концерт на Танец во Театар Центар. Многу убав концерт во склоп на Есенски Музички Свечености што ги приредува Дирекција за Култура и Уметност на Град Скопје и да бидам искрена тотално ги надмина моите очекувања. Јас очекував дека само ќе пеат моми во народни носии, но се пееа изворни македонски песни, имаше староградска музика, во индивидуална изведба како и хорска, се свиреа ора (највпечатлива беше изведбата на Калајџиско оро – имаат феноменален аранжман направено) – а да бидам искрена знаев само неколку од изведените песни. Но тоа не ми пречеше да не уживам во музиката. Публиката одма почна да плеска со рацете во 7/8-ски ритам. Се си мислев дека секој момент ќе станат луѓе и оро да заиграат (а можеби и таков впечаток имав бидејќи два дена претходно бев на свадба на која што не седнав цела вечер).


Како и да е, концертот течеше супер се до еден момент, кога излезе една мома во долг кафеав фустан на сцената и почна да се тетерави како епилептичар. Д уан енд онли – Калиопи. Вдиши длабоко, врисни силно, мавни со рачето лево, фати се со десна рака на лева града – додека публиката со очи ококорени ко филџани ја пратеше изведбата на Калиопи, таа со претходно опишаните потези во пермутиран редослед ја сквернавеше “Со маки сум се родила”. А кога заврши со пеење, доби секако нели стоечки овации.


И не ќе беше сето тоа толку страшно. Ќе се помирев некако со фактот дека на поголемиот дел од публиката им се допаѓа стилот на пеење на Калиопи. Сепак нели за вкусови не се дискутира. Но откако наизменично госпожата те од левото, те од десното окце избриша по некоја солза, и со споените дланки еднаш му се заблагодари на Бога, и неколку пати на публиката ни два ни три го зема микрофонот и почна да држи говор! Со сета дрскост откако фрли два три збора комплименти за Танец, зема да зборува дека сега таа ќе пеела песна од модерниот македонски фолклор, песна што ја искомпонирал Јонче Христовски, песна поради која се чувствувала горда што е Македонка, и песна за која татко и ѝ велел дека прво пропеала, па потоа прозборела. Ко ѓомити се работи за нејзин концерт. Аплаузот што го доби после изведбата на Македонско девојче не треба да го опишам нели?


Си викам се се, ама ни холивудскине глумци не плачат онака, од нигде никаде. Само на Оскари инстант се расплакуваат, ама за тоа вежбаат со месеци. Мора Калиопи да си става ситно сецкан кромид во деколтето меѓу градите пред секој настап. И тоа оригинал драчевски. Тој најмногу пржи на очи. Или да има некоја шеска кариес што намерно не ја поправа и константно крка аналгини освен пред настап, па рика плаче од болка. Ја друго објаснување не гледам за леењето солзи што Калиопи репетитивно го приредува при секоја нејзина изведба.


Типувам на првата опција и сметам дека треба да се искомерцијализира таа ствар. Дај барем пари од на Калиопи крокодилските солзи да правиме. Ќе се полни буџет, ќе се богати држава!!! И Калиопа наплакана, и буџет наполнет. И слоган смислив: Драчевски кромид – заплачи секогаш кога ти треба. Ќе го користат неверни дечковци кој што биле фатени во акција од страна на нивните девојки/жени при објаснувањето дека таа една вечер ништо не им значела, ќе го користат такуѓере и неверни моми кога нивните дечковци ќе сфатат дека она е една у иљаду, а он у неа иљаду и први. Ќе го користат и политичари кога ќе одат кај големите сили да мољакаат за пари - ма да на пример на Грците нема да можеме да им го наплатиме во пари, бидејќи се нели шворц, ама ќе компензираат некако со 10 дневни аранжмани во Пефкохори или слично, па ќе правиме масовна Оќупај Халкидики во Јуни. Ќе го користат мали деца кога ќе инсистираат на сладолед во Јануари. Абе таргет група од една до сто и една, машки и женски, хомо и хетеро… абе СЕ!! Производ за сва времена. Па ќе шиткаме драчевски кромид маици, драчевски кромид шољи… Калиопи, секако ако сака, ќе биде заштитно лице на продуктов. Ќе се сними џингл еден со how to use инструкции (мажите на пример немаат нели гради, ќе мора тука некоја крагња финта да се смисли, кај што ќе се става кромидот). Па ќе имаме онака комерцијални текстови од типот “Цел живот се мразевме со свекрва ми, но кога таа почина јас лиев крокодилски солзи на нејзиниот погреб. Се тоа благодарение на драчевски кромид.” 


Ете ти, си издадов уште една бизнис идеа…


Рилејтед или не, еве ви една панќерска.




П.С. Калиопи, аман заман не ме тужи, пошто пари немам. Да имав, ќе инвестирав во бизнисов!

CONVERSATION

3 comments:

Мартин Велковски said...

Се согласувам со прилично се. Калиопи е сите работи што ги наброја. Да,театрална е,премногу емотивна,на моменти и напорна, многу пати си го побива зборот,се прави uber патриот,се расплакува без причина,одолговлекува... се тоа е непобитен факт.

Но и нејзиниот вонсериски глас,еден во генерација,исто така е непобитен факт.Не сакам да звучам како Калиопи fanboy бидејќи не сум,но доволно сум објективен да кажам дека гласот и е неповторлив.

поздрав и продолжи со вакви издржани постови. A breath of fresh air е блогов на нашата блогосфера.Барем за мене:)

искрени поздрави

Јована Тозија said...

Да да, се согласувам дека има вонсериски глас. Тоа не е спорно. Ама театралноста и уберпатриотизмот не ми дозволуваат да уживам во него.

Поздрав и до тебе :)

Anonymous said...

Не и замерувај на однесувањето, таа има некој депресивен синдром, незнамкаков, заборавив, и затоа се однесува така....како што се однесува. Криви се тие што нејзината болест ја искористуваат за големопатриотски потреби.

Back
to top