За нашите херои и антихерои

Македонска кошаркарска репрезентацијо, ти се поклонувам! Преубаво е чувството во занес да гушкаш непознати луѓе сред ненормална гужва и без збор да си кажете да знаете зошто се гушкате. Преубаво е кога масовно на цела држава се пее, игра, скока, радува и лумпува. Преубаво е кога трешти музика од секој можен кафич и комшиите не ни помислуваат да се побунат.

Не е убаво што не знаеме за усул. Директните докази за дарвиновата теорија и директни потомци на изумрен ендемски вид на орангутани кои што за ич пари беа пуштени да ги бодрат нашите херои треба да го осетат комунистичкиот пендрек. Оној кога те тепаат и не ти кажуваат зошто. И те тепаат се додека не ти стане јасно. На Партизанска додека чекав автобус помина една 22-ка преполна со дечишта од 14-15 години кои што во ритам скокаа и го таласаа автобусот. Нема да претерам и ќе ви кажам дека малку фалеше автобусот да се преврти. И тие дечишта треба да го осетат комунистичкиот пендрек. Зошто колку и да сум пацифиста и против насилство, некои работи едноставно се решаваат само со ќотек, и никако поинаку.

Не е убаво што постојат луѓе што не знаат или од икс причини не можат да се радуваат на овие наши успеси, па плукаат и омалуважуваат наоколу се што ќе им дојде при рака. Нема животински вид со кои што би можела да ги споредам. Без’рбетник е преблаго, вошка е премило, гнида е пренежно… Тие луѓе може слободно да си ги земат нивните опинци и Прада наочари и да си одат од државава. Не ни требате. Не ни требаат сограѓани кои рушат мерак на ладно пиво, кикирики и развеано знаме.

Драга репрезентацијо, се надевам дека ќе ни користиш за пример и дека ова нема да бидат само твоите 5 минути слава. Се надевам дека од утре па натаму маалските кошеви ќе бидат преполни со деца што ќе се замислуваат дека се Антич. Се надевам дека ќе има луѓе во државава што ќе знаат да ги распознаваат нашите следни Античи и ќе окуражат наместо во слободно време да нарачуваат бокали ракија да играат маалски два на два баскет со другарите. Се надевам дека ќе се створи вистинска здрава кошаркарска младина. Се надевам дека следните маки на нашиот селектор нема да бидат премалата клупа, туку изобилството на талентирани кошаркари каде што од најдобрите ќе треба да ги одбере најдобрите.

Не можам да кажам дека не ми е криво. Не можам. Бевме толку блиску. Машки издржав до дома, и кога стигнав си пуштив една солза. Утре ќе сум на плоштад, ќе дојдам и ќе ви се поклонам и лично, а не само во електронска форма. Ни покажавте дека колку и да си мал, може да си многу голем.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

19.09.2011

Ок може претерав со гниди и вошки, признавам, не е време кога тие плукаат по нас и ние да плукаме со нив, туку со љубов да им покажеме дека немањето тема за мрчење не им дава за право да мрчат и за она што претставува национална гордост. Уште еднаш, дами и господо, алал нека ви се опинците.

CONVERSATION

12 comments:

alek said...

vo pravo si vo celost, pogotovo okolu delot deka za malite ajvanchinja kjotekot e izlezen od rajot. PRemnogu se popusta ...se ke se napravi i izgradi i dur trepnes se demolira. Sekoja cest za igracite, pokazaa kako se igra za svojata zemja. Onie koi prodavaa hejt i plukaa denovive, sto pravat, toa ke gi snajde! pozdrav, Alek

Anonymous said...

Koga bea neredite vo London nekoi roditeli shto si gi prepoznaa decata vo krazhbi na dukjanite sami gi prijavuvaa decata. Na Sky news imashe debata za sluchuvanjnata i eden psiholog reche deka toa e dobar primer za DOBRI i ODGOVORNI roditeli: deka so toj chin im pravat dobro na svoite deca za da gi vratat vo normala.Postoi granica koga se veli, ne! Mozheme li da zamislime takvo neshto kaj nas? I sto pati da pokazhat snimka kako deteto ti ripa u avtobus so shto ja zagrozuva bezbednosta da ne zborime za shtetata, sekoj roditel bi ripnal vo odbrana na deteto

Anonymous said...

"Без’рбетник е преблаго, вошка е премило, гнида е пренежно… Тие луѓе може слободно да си ги земат нивните опинци и Прада наочари и да си одат од државава. Не ни требате. Не ни требаат сограѓани кои рушат мерак на ладно пиво, кикирики и развеано знаме".......јас сум исто така страствен навивач, но ова никогаш не би го кажал, да не заборавиме дека сите сме исти и ни ти ни јас не сме ништо повеќе од луѓето што се рамнодушни со овој наш успех, и исто за ќотекот мислам дека треба да размислиш....можеби општеството во кое се наоѓаат децата е виновно за тоа

Vlad said...

na testot kolku si pacifist imash ogromna nula! a na testot kolku si naci imash 10ka!

Јована Тозија said...

"можеби општеството во кое се наоѓаат децата е виновно за тоа" ... НЕ! Криви се нивните родители што им дозволуваат да се однесуваат како разулавени диви животни. Одговорно тврдам дека за некои работи само ќотек му е мајката.

@Vlad ја наци? Аман бе???

Vlad said...

pa ne zezaj ne e shala da kazesh za lugje (Без’рбетник е преблаго, вошка е премило, гнида е пренежно) i plus na kraj gi brkash od nivnata drzava...mozda preterav so naci ali aman razmisli si ubavo

Anonymous said...

Аман, научете еднаш дека човекот се презива АнтиЌ, а не АнтиЧ... Побогу, па не живее во Русија.

Јована Тозија said...

Не ги бркам, туку им посакувам т.е. си посакувам да си одат, зошто не сакам такви сограѓани. И не можам да разберам како може некој да не се радува на ова и да меша Груевци, Бранковци, Станковци и сите останати овци во оптшата национална радост и славје. Не можам.

Vlad said...

"Не ни требате. Не ни требаат сограѓани кои рушат мерак на ладно пиво, кикирики и развеано знаме." - Bravo sakash da ti kazam za ova tvoe "posakuvanje"?, epa devojko ako mislish za tebe deka si pacifista ova ne e dozvolivo, problemot vo ovoj post e shto ti si kompletno zbuneta, mislish deka si najchesniot gragjanin i pokazuvash so prst kon onie koi ne se kako tebe so posakuvanje da gi snema i da si odat od drzavata....garant toa kje te napravi srekjna i zadovolna gragjanka bez opinci i frustracii za prada naochari

Јована Тозија said...

Ок, нема потреба од лични препукувања. Кажав што имам да кажам. Преку глава од луѓе што бараат влакна во супата.

П.С. Опинци имам.

alek said...

jovana, sfati, ednostavno postojat i shupaci koi samo sakaat da se karaat. Pozdrav do shupakot! >)

Anonymous said...

Прв пат те читам и супер си.
Батали тоа што според некого си наци. За истите такви не е наци тоа што на нашите дресови е забрането да стои името на државата, а забрането е и да се радуваме на успесите на тимот што се согласил да носи национален дрес без име накојадржава припаѓа дресот.

Не, за такви творби и гестапо е малку.

А ти терај си го карванот ... остај ги нек лаат.

Back
to top