8ми

Наголемо се коментира по интернетов веќе на што личеше прославата во Скопје по повод 20 години независност. Некои со срца исполнети до максимум, некои со презир дека тоа било парада на кичот, некои дојдени чисто онака (како мене) да видат дали едните или другите имаат барем малку право.

Уште кога си победи ВМРО на изборите најрегуларно, кажав сите статуи и споменици се оправдани и народ кажа дека сака наместо во економија пари од буџетот да се инвестираат во барок. И точка.

Ама пичка му матер, 8ми Септември не е конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, не е прослава по повод победа на избори. Со кое право си дозволува господинот премиер да го силува народот дојден на прослава на денот на независноста со тоа што им држи 45 минутен говор за намалување на даноците, за бесплатните учебници, за ситните политички игри... АЛОООООООООООООООО!!! Ден на независност е!!! Излези 10 минути, кажи нека ни е среќна и вековита државата и нека им е слава на тие што се бореле за неа и ТОЛКУ!!! Дојден е народ да слави, а не да ракоплеска саат време секој пат кога ќе се подигне тонот на крајот од некоја реченица. Она вчера беше бетер говорот на Гадафи во Обединети Нации од пред некоја година.

Да не навлегувам па во техничките пропусти. Јас стоев кај споменикот на Ченто. Перформансот со балерините и играорците можев да го проследам само визуелно, а маратонецот на Грујо го разбирав само при крајот на секоја 10-та реченица кога со повишен тон ќе кажеше.... лалалала.. ууалсдрнва... вн,сдруњалдјад... МАКЕДОНИЈА!!!! (ЕААААААААААААААа овации меѓу народот)

Уште еднаш се потврди дека нашите политичари знаат да држат говори само за на партиски митинг (нека ви текне само на отварањето на Пиволенд од страна на Коце Трајановски; меѓу луѓето реакции онака: Ти то мени озбиљно? Мани се од бина, не ми го расипувај пивото!) А кутар народ зошто поинакви говори не видел и не чул, знае само на такви говори и да присуствува. Знае само да донесе транспарент на кој што се величи партискиот лидер. Знае само да бојкотира ако нештата се организирани од другиот партиски табор. Знае само да викне: Така е брате Никола! Знае да дојде во Скопје само по повод говорот на лидерот, а не во рамките на слободни викендашки активности па да може да се изнаужива во велелепните споменици и градби што токму неговиот лидер миленик овозможил да бидат изградени.

Жал ми падна вчера. Се пушти вода од фонтана, и масовно на цело Скопје овации, скандирања, ракоплескања и воодушевувања. И што повисоко водоскокчето од фонтаната, толку погласни овациите. За на крајот кога се пушти водата да тече надолу настане масовен оргазам и воодушевувањa од рангот на "Полета првиот човек во вселената". Санавафакингган! Фонтана е. Вода е тоа што тече. Ха два факинг о. Вода и пумпи што ја пумпаат да тече низ тоа чудото што чини 9 милиони евра.

Не ме боли тоа што она вчера беше парада на кичот, партиски собир на војниците од внатрешноста и дефиле на оние кои што пред 3 месеци знаснаа невин живот, а власта со сите сили се обидуваше да го прикрие. Ме боли што народот не знае подобро.

CONVERSATION

12 comments:

Anonymous said...

Ај ај, како го почна постов, демек еве јас неутрална вака, така... а не можеше да издржиш ни два пасуса пред да почнеш да плукаш. Значи мора да се плука на тоа што го прави другата партија, па колку и да е тоа убаво. Дури смешни сте веќе, немало што да кажете па гледам по твитер ви сметало што немало громобран, па не знам што. Абе ако толку ви смета се во Македонија и ништо не ви се допаѓа тука слободно фаќајте врата

Anonymous said...

уа соросоиди!!!! ваква фонтана нема ни у германија!!!

Anonymous said...

u princip za tebe e samo fontana.. ama si videla vo zivotot mnogu fontani niz cel svet.. ima lugje u mk za koi e stvarno atrakcija.. podaleku od grcka ne bile a tamu i nema tolku fontani.. taka da opravdana im e radosta :)

Јована Тозија said...

Повторно ќе кажам, а се однесува на првите двајца анонимуси: Жал ми е што народот не знае подобро. А вие очигледно не знаете подобро, чим ме ословувате со соросоид и сум ви смешна и што уште не.
А драг трет анонимецу, тоа што до тука сега немало фонтани, а сега има не значи дека ние треба да паѓаме во несвест. Не сме ние Африка, па да треба да се радуваме на инфраструктурни подобрувања во градот. Треба да е тоа нормално. Има луѓе што и до Грчка не биле, и фонтана во животот не виделе, па знаат да проценат на кои работи им е доследен громогласен аплауз и се припишуваат заслуги, а кои работи се нормални и секојдневни.

Anonymous said...

pa malku aaaa uuu i ne e pagjanje vo nesvest bash.. lugjeto se raduvaat, ubava gletka, pa makar i kich bila.. bashka pomeshani chuvstva, patriotizam, znaminja, rodenden na tatkovinata.. se' toa pridonesuva za taa radost i voodusevuvanje..
slicna rabota e koga lugjeto gledaat ognomet.. po kojznae koj pat na najspektakularnite eksplozii ima aaaa uuu.. normalen fenomen..

pozz,
tretiot anonimec

skopjeboy said...

1. Сите етикетирања од типот „Соросоид“ паднаа во вода кога излезе слика од средбата Груевски - Сорос
2. Мило ми е што има и други наши сограѓани кои ја согледуваат лажната убавина на „Скопје 2014“ и пренатрупаноста на плоштадот, а од друга страна дупки на скоро секоја скопска улица (освен овие новоотворениве де)
3. Не сакам повеќе ЈП „Водовод и канализација“ да ми продава приказни како тоа јас треба да штедам вода, за да имаат и луѓето од повисоките реони. Колку вода се троши за фонтаната, уште еднаш?
Како што имаше една изјава на еден „горд Маќедонец“ при откривањето на споменикот „Воин на коњ“: Александаре, да ни ја чуваш Македонија!
Ех, драг мој пријателе, дочекавме да очекуваме Аце да ни ја чува татковината, затоа што нали ние не можеме сами.

Anonymous said...

eden prijatel, vmrovec, koga se vrati od odmor od Grcija mi reche deka mnogu se raduva shto naskoro Grujo ke go reshi imeto za da se otvorat granicite so shto ke se ovozmozhi na mnogu lugje da najdat rabota vo Grcija!!!! Ne go sfakjashe moeto iznenaduvanje koga go prashav: dali za toa samo ke posluzhi reshavanjeto na problemot so imeto? za shto povekje lugje DA SI ODAT i da baraat rabota NADVOR od Makedonija? Zarem ne i' e rabota na vladata da sozdade uslovi za otvaranje na rabotni mesta VO DRZHAVAVA?????

Anonymous said...

I ja znam da gradam i toa poubavo, so ogromni krediti koi potoa nekoj drug kje gi vrakja!

Anonymous said...

Poznat i apsolviran fakt e deka samo diktatorski rezhimi gradat grandiozni gradbi, pochnuvajki od Irod (poznat, megju drugoto i po raspnuvanjeto na Isus Hristos) pa se do Hitler, koj rushel kvartovi za da gi izgradi bulevarite vo Berlin, po koj minuvale grandioznite paradi so tenkovi, i sekako, negovoto najpoznato delo, autobanot vo Germanija!

Anonymous said...

Да се надоврзам на последниот коментар, во којшто заборавивте да го вброите и Тито како чист пример на диктаторски режим со веќе споменатите дела. Инаку, го ценам тоа што некој сака да си го искаже своето мислење, но колку пати досега некој се обидувал да го оправа овој народ и колку пати некој се прашувал како истиот да се оправи. Сепак сметам дека доколку јас сум тој што ќе го оправа уште повеќе овој народ ќе пропаѓа и ќе пропаѓа. Заради тоа, да не звучам премногу арогантно, но ќе замолам секој најпрво нека си го измете сопствениот двор, а после да мисли за другиот. Ова, како од лично, така до национална гледна точка, бидејќи веќе ми е преку глава од вакви вчудоневидувања и критики, кон нешто што секој разумен човек го знае. Ако мислиш дека нешто ќе смениш, ајде кажи и спроведи! А, не да седиш со скрстени раце, а кој знае и дали живееш во оваа држава и постојано да критикуваш со распенета уста.

Јована Тозија said...

Да се разбереме, јас муабети за диктатури и диктатори не почнав. Нити ја нарекувам сегашната власт диктатура, нити политичарите што се на власт диктатори.

Мене ме нервира помпата со која што и се придава толкаво значење на една фонтана што цело Скопје и околина дојдоа да го снимаат плукањето вода од устите на лавовите, притоа заборавајќи дека нивните околни села немаат асфалтирани патишта, канализација и полнат вода на бунари. И ме нервира и ми е жал што кратко или долготрајно народот заборава на овие факти.

Anonymous said...

Јована, ај смени го тоа anonymous нека имаат барем име (псевдонимус). Не е дека плукаат, се непријатни и слично, едноставно замара кога мора да ги броиме: „анонимус5 му кажа на анонимус4 дека анонимус 3 со право го навреди анонимус 2“

I mean c'mon !!!

Back
to top