Импликација матер студиорум ест

Кажа денес Иво Котески дека МВР ќе развивала Андроид импликација и остана жив.

Ќе си рече човек, ок лапсуз, помешал зборовите. Ама ако повторно го погледнете видеото (јас го изгледав едно 178 пати и се уште ми е смешно) ќе видите дека пред да го каже веќе легендарното Андроид импликација, Иво Котески длабоко вдишува воздух. Како да размислува што наредно ќе каже. Одозгора на се Иво Котески по струка да ти бил информатички техничар, а  средно завршил во легендарното скопско Р.Ј. Корчагин (ова, ако су лагали мене, онда и ја лажем вас, имплицитно). Да се разбереме, не се сите корчагинци вудндеркиндови со тегли на очите што го знаат Пи на памет до стота децимала, ама секој Корчагинец знае што е импликација, а што Андроид апликација, без разлика која година завршил средно школо. Посебно секој корчагинец на кој што математика му предавала легендарната Лепа “ако P онда Q”.

Да си информатички техничар по струка со завршено средно во Корчагин и да кажеш импликација наместо апликација, ти е исто како

  • Да си доктор и наместо фрактура на черепот да констатираш фактура на черепот
  • Да си новинар во Сител и наместо Латас да кажеш латекс
  • Да си вработен во државна администрација и намето Воин на Коњ да кажеш Александар Македонски
  • Да не си Грк и да кажеш женска со шишки наместо женска со цицки
  • Да си жена и да кажеш ситуација наместо ќотек (хинт за неупатените)
  • Да си фармацефт и наместо да му препорачаш на муштеријата Линекс да го пратиш во Тинекс
  • Да си љубител на кафанска музика и омилена песна да ти е мегахитот на Миле Китич: Кафана је моја судбина
  • Да си контрапротестант што протестира за да постои тука наместо да протестира против СДСМ
  • Да си Амди Бајрам и да кажеш Пепси наместо Кока Кола
  • Да си хипик од 60-ите и да се бориш за сексуална еволуција наместо за сексуална револуција
  • Да си член на комисија за лустрација, и да илустрираш бивши соработници на тајните служби
  • Да си режисер кој присуствува на премиерната протекција на неговиот филм во македонските киносали
  • Да си…

Бонус момент е што новинарката ја пренесува веста автентично и го најавува новиот проект на МВР: Андроид импликација. Дали на жената и паднало једно неугодно да го корегира Котески, па за овој да не излезе мајмун одела по принципот како први така други, или навистина жената мислела дека се работи за Андроид импликација не знам. Ама сигурна сум дека Котески да известеше дури и за Андроид компликација, прилогот ќе известеше за истото.

Дали е лапсуз или не, веќе не е важно. Ова ќе остане овековечено како еден од најепик моментите во 2011 година.

CONVERSATION

4 comments:

SOTIR said...

Јас и го знам синот растовара ЛЕШПЕРИ ондека кај БУКОВЕЦ се дружеше со онаа комшикана таму правеа ОРГУЛИ :)))

НАЈЈАКА СИ

Јована Тозија said...

Да бееееееееее најосновното не ми текна!!!! Хамбургер од седмица со буњаковец :D

прецедател said...

ТОС СО ШУМКА;
СПАЊАК;
ЛАБАВО(умивалнк);
ИТН.....

Vlatko said...

Циганка дотерана средена за у град :))) се сретнува со другарка

- Леле Ајше што си убаво дотерана :)))

- Фала на елемент и одговара

-Амури не се вика фала на елемент се вика фала на компликација...до коа ќе те учам на бонтон?!

- Да ма ако како може Иво Котевски да кажува Андроид импликација можам и јас елемент :))))

Back
to top