Охрид – престолнината на словенската писменост. По некоја случајност баш тој Охрид, нашиот Ерусалим, се наоѓа во Македонија. Треба да бидеме горди на тоа? – Треба. Горди сме? – Горди сме. Како го истакнуваме тоа? – Со KIS4E I POZDRAV4E.
Се превртуваат Кирил и Методиј кутрите во гроб од ова што се случува. И си викаат сигурно: Ех да постоеше временска машина, на што ќе дозволевме словенската писменост од Охрид да потекнува, не нѐ заслужуваат овие копуци. И не ги заслужуваме! Се додека не покажеме дека го почитуваме она што го направиле за нас, не ги заслужуваме. А како ќе го покажеме тоа? Многу просто и едноставно – со користење на нашата азбука.
Епа ајде да почнеме. Веројатно знаете сите да пишувате на кирилица, но доколку сте подзаборавиле (што би било невозможно, бидејќи мојов пост моментално го читате на кирилица), следниов серијал е добра појдовна точка за да се потсетите. Сѐ на сѐ се 31 букви, мали и големи. Не се многу.
Откако ја научивте сите кирилицата, следно што треба да направите е да инсталирате кирилична поддршка на својот компјутер. Детални инструкции како се инсталира кирилична поддршка
- за Windows XP тука
- за Windows Vista и Windows 7 тука
- за Линукс – Ако си линуксаш мани се, сигурно знаеш самиот да инсталираш кирилична поддршка
Кириличната поддршка се користи на тој начин што заедно одеднаш се притискаат копчињата Alt+Shift. Откако ќе ги притиснете овие две копчиња, сега веќе немате потреба наместо шеќерче да пишувате 6ekјer4e. Сите 31 букви ви се на располагање. Еве како изгледа кириличната тастатура откако ќе ги притиснете овие две копчиња.
Следен чекор? – Пишувај на кирилица. Тоа е тоа.
Драги амбасадори, политичари, градоначалници, позиционери и опозиционери, директори, културно уметнички работници, познати ТВ фаци, суперстар диџеи и wannabe рок ѕвезди, и сите останати што се сметате за фактори во општествениот живот во Македонија . Не туку ми се мавајте во гради кој е поголем патриот. Не туку ми палете свеќи за просперитет на Македонија. Не туку ми се молите на Господ за правда. Се додека вашите официјални преписки се на латиница, а на Фејсбук пишувате KIS4INJA I POZDRAV4INJA вие сте за мене – онака ептен Амди Бајрам стајл – само обични мифки. Сите до еден без исклучок. Наместо да служите за пример, вие покажувате како не се почитува нешто што со векови наназад ни е оставено во наследство. Пола свет имаме описменето, алооооооооооооо!!! Зарем не мислите дека тоа заслужува ниту една ронка почит од ваша страна?
Драги академици, професори, наставници, асистенти, демонстратори и сите вие што се бавите со било каква прoсветителска дејност, бидете даскали и надвор од работното време, а не само од 8 до 5. Каква почит треба да има еден ученик за неговиот професор по македонски јазик, кога овој не го почитува писмото на јазикот што го предава???
Драги обични смртници, мавнете едно Alt+Shift секој пат кога пишувате мејл, секој пат кога поставувате прашање во форум, секој пат кога го ажурирате вашиот Фејсбук статус, секој пат кога четувате со вашите пријатели, секој пат кога ќе се разџивџате на Твитер, секој пат кога ќе коментирате на некоја веб страна…. СЕКОЈ пат кога ќе напишете било што на интернет на македонски. Не е тешко. На почетокот нема да ви прави некоја разлика, но по некое време (како и на мене сега) ќе ви стане неприродно и напорно да читате и пишувате македонски на латиница. Стиснете заби и натерајте се самите себе си. Имам роднини кои што беа компјутерски буквално неписмени, па при описменувањето прво нешто што ме прашаа беше: А како да куцам и јас на кирилица како тебе? Не е потребно компјутерско знаење и натчовечки напор за ова, потребна е високо развиена свест и јака желба!
Ве поздрави Господин Господин Влатко Стефановски (и покрај тоа што песнава е мизерна, разбирам како е кога правиш песна по нарачка; битна е пораката што ја носи и затоа мојата почит кон него останува).
П.С. Благодарност до Внучкото што ме инспирираше за постов. Одамна му ја мислев да пишам на темава.
П.П.С. Гробот на Св. Кирил се наоѓа во црквата Св. Климент во Рим, едно 3-4 спрата под земја (градени се една базилика врз друга, не знам точно колку ги има). На ѕидот над неговиот гроб висат плочи на кои што СИТЕ словенски земји им искажуваат благодарност на словенските просветители за нивната писменост (и оние словени што не пишуваат денес на кирилица, првично биле описменети од Кирил и Методи – Панонија се простирала на дел од териториите на денешна Хрватска, Србија, Босна и Словенија ; Моравија е дел од денешна Чешка…). Македонската плоча е голема колку знакот за предност во сообраќајот. Бугарската од друга страна е бетер од билборд. Ние 24-ти Мај го прославуваме со тоа што остатокот од мајската плата го трошиме во Космос во Солун. Во Бугарија од друга страна се одржуваат паради по повод овој празник. Just sayin….
13 comments:
Супер текст Јована !
И чисто поради ИТ едукативниот момент, само ќе додадам:
На Mac OS X кирилица се додава многу едноставно, во Settings - Language & Text - Input Sources се одбира Македонски а јазикот се менува со едноставен shortcut Space+Command.
Поздрав,
Зоран Лазороски
Еј Зоран фала! Тотално заборавив на Mac-от :(
Да пишуваш македонски на латиница е исто како да пишуваш со гомна на ѕид. Се чита, ама не е убаво.
Дефинитивно кирилицата мораме да ја негуваме, впрочем без тоа нашиот јазик ќе отиде по ѓаволите, а би било навистина штета-ваков прекрасен, аглест, музикален јазик да не го биде. Додуша неможам да се согласам дека токму НИЕ сме го описмениле пола свет, фактите говорат дека византијците го направиле тоа за “нас“, за да не покрстат и полесно владејат. Сепак, не би ситничарел, имаме и “ние“ свој прекрасен удел во сето тоа.
Od druga strana pak, se chini deka ogromen del od opismenuvanjeto vo najshirok smisol, vo poslednive vekovi doagja od "zapad", a i samava kompjutersko-softverska tehnologija koja za prv pat go napravi svetot "eden grad" e nivna i na latinica e. Se chini deka ako prodolzat ovie trendovi, latinicata (angliska) se zakanuva da stane dominanten nachin na komunikacija. Smetam deka bi bilo pogrshno koga ne bi bile podgotveni da ja koristime zasebno, no i vo kombinacija so nashiot jazik. Jazicite, kako i lugjeto se vo postojano meshanje, pa se chini nashiot pridones kon noviot svetski jazik bez koristenje latinica ne bi bil mozen.
Како и да е, ова се само мои размислувања и теории. Не би преценувал, ниту потценувал потенцијал на било кое писмо. Само поради тоа што е наше не значи дека е подобро од другите, сепак НАШЕ е и од нас зависи колку ќе биде успешно, а со тоа и колку ќе бидеме успешни ние.
Поздрав
Точно Мирко, не викам дека е подобро или полошо, но НАШЕ е. Затоа треба да го цениме.
А од аспект на глобализацијата пак сметам дека нема ќар од пишување на латиница на македонски, зошто ако некој Ојле Дојле од другата страна на светот сака да разбере што си напишал, со помош на онлајн преведувачи може да го направи тоа само ако твојот текст е напишан на кирилица.
И да, точно е тоа дека Византијците го направиле тоа за нас, за да не покрстат и за да може племето словенско неписмено да разбира што се пеело во црковните литургии. Но муабетот е... од нашите територии потекнува!
Поздрав, најздрав :)
Да од нашите територии...па и од наши луѓе, како и многу други добри и значајни работи. Се надевам дека некогаш-било кога, тоа ќе успееме да го свртиме и во наша корист.
Мирче,
Тоа што латиницата преовладува во светот на компјутерите не значи дека наскоро и Кинезите ќе почнат да пишуваат на латиница. Верувај, и понатаму ќе си шкрабаат чеканчиња и птички со Simplified Chinese.
А тоа што е „наше“ и треба да го негуваме, воопшто не треба да се спомнува бидејќи се подразбира. Проблемот е во ниското ниво на култура (и писменост) на Македонецот.
Поздрав
Welcome, this is the internet, and this is how things work around here: Ti imas pravo da mrcis za neupotrebata na kirilicata, za toa deka vo komentarite se koristi sleng, a ne literaturen makedonski jazik, deka go zapocnav mojot komentar na angliski iako se obrakam na Makedonci - ti imas pravo na site ovie raboti, a jas imam pravo da prodolzam da se izrazuvam slobodno na nacin na koj sto mene mi odgovara. Razmisluvanja od tipot "nase e, treba da go neguvame" me nerviraat. Ne, ne e nase, tuku e tvoe, tvoja licna preferenca za toa kako sakas da se izrazuvas na internet. Ubavinata vo jazikot e toa sto postojano se menuva, se nadgraduva, se igra so semantikata, so zboroobrazuvanjeto. Da, "kis4e" nervira, no toa e individualen izbor. Mene mi strci koga ke procitam nesto napisano na los angliski, but I'm not gonna be the grammar nazi and point it out. Best I can do is use it correctly in my own comment and hope they'll pick it up. Ne mi e celta da trolam na diskusijava, voobicaeno go prilagoduvam moeto izrazuvanje spored nacinot na diskutiranje na drugite, no toa go pravam po svoj licen izbor ne zatoa sto taka bilo "pravilno". Fin blog inaku. :)
Јазикот се менува - да, семантиката - да, зборообразувањето - да, но писмото не. Не мрчам за сленгот, и ја зборам у сленг, а понекад и пишуем така. Тоа го правам намерно, а не зошто не знам поинаку.
Искрено не разбрав зошто одбиваш да пишуваш на кирилица, но како што кажа самиот/самата best I can do is use it correctly in my own comment and hope they'll pick it up.
Фала на кУмплиментот за блогот :)
Добро што си ја постирала азбуката... таман да се потсетиме дека постојат и Ќ и Ѓ во нашата азбука ... Ако нешто ме нервира тогаш тоа е игнорирањето на овие две букви од буквално сите ...
То ест кога ќе видам ... ЏоковиЧ наместо Ѓоковиќ, Џубре место Ѓубре, Џоко место Ѓоко ...
you get my point ...
поздрав
Не знам за тебе, ама освен кога нешто е напишано директно за мене, во форма на обраќање, ако е на латиничен македонски не го читам, зашто ме замара самото читање.
YOU RULE:)) цел ден ти го читам блогов, пост по пост- додека мајка ми го чува бебето и го тупа со јадење:))) сега на маж ми му го читав постот со Кафаната у Париз- се изнасмеавме- оти кај и да отидеме по Европава, тој првин седнуе у кафана и ништо друго не го интересира хахаха
keep up the good work
Верица Н.
Post a Comment