После 3 дена трубење околу Рамковски, пари во кеш, пилиња (?!?!?!), фашисти и демократи, тепачи и тепани, вакви, онакви, ти реков, ми рече јас се уште, верувале или не, не сум прочитала реакција во врска со концертот на Цеца!!! Санаваган!!!
Како изгледала? Дали завивала? Дали и се градите поголеми од минатиот концерт? Дали ја испеала македонско девојче? Како и завршила вечерата со Латас? Си отишол ли на сред сркање супа или имале можност и баклава да бапнат за десерт ? Еден куп неодговорени прашања имам…
Можеби пријателчињата по социјалниве мрежи не ми се толку хардкор, но и по медиуми ништо нема. Минатиот пат кога госпожата правеше концерт во Скопје, беше тоа вест на деценијата. Цела Илинденска беше блокирана, мислиш претседателот треба да помине секој момент. Јадна таа, овој пат ја засенил некој мрсул што, молим ти се, не плаќал данок и перел пари.
Додуше, кога трезвено ќе погледнам на работите, се освестувам дека и всушност така треба да биде. Можеби целиот овој циркус имаше некое позитивно дејство!
Што ти се вика медиумска моќ бре!!!
1 comments:
E Ceco mori na koe deredze padna :)
Post a Comment