Средба со полицајците

Ете се случи и тоа. Во саботата го имав моето прво фејс ту фејс соочување со германските полицајци.

Како што знаете, минатата недела беше Ѓурѓовден. Комшијата Ѓорѓи реши да го слави во сабота, во истата просторија каде што правевме журка минатиот месец. И се си помина супер се додека околу 3 саат сабајлето не се појавија цајкани на врата. Мене ми се смрзна г****то кога ги видов, ама на мое изненадување многу беа многу фини. Само ни кажаа да намалиме музиката и си отидоа. Не знам кој ги викнал, ама претпоставувам дека е истата онаа особа ХХХ, што ми прати заканувачки маил за тужба минатиот пат. Кој знае што ли ми спрема сега....

CONVERSATION

0 comments:

Back
to top