Бркови се ИН!!!

Добро знам дека забегав со овие српскиве народњаци, ама многу ми го дигаат... расположението! Од еден клик преку друг трет... го најдов ДА УЛТИМЕЈТ српски народњак што може да си го замислите! Пази сеа:



Прво кога го видов насловот си мислев дека типчево пее за некоја си негова соселанка што не се депилирала, па нему едно незгодно, не знаел како да и каже и и напишал песна. Ама не! Точно е дека таа не се депилирала, ама тоа е она што му прави на ќеиф на човеков!

"Обриј ноге гарамушо
и не носи кратко
на бркато ја се палим
ко пчела на слатко"

Ако издржавте до третата строфа, уште подецидно е објаснето од кои побуди е напишана песнава и кои мерки ќе се преземат кон опеаната личност:

"Да ме више ти не палиш
Твоје брке обријачу"

Абе не џабе рекле, за секое дупче има затка... дури и за оние недепилираните! Само една работа ме буни. Многу ми ги меша нозеве со брковите, не знам каде поточно му е проблемот и што повеќе го пали всушност. Конструктивни коментари со цел расчистување на нејаснотиите се добредојдени!

ВИВА ЛА БРК!!!

CONVERSATION

0 comments:

Back
to top