Причај српски да те цео свет разуме

Пред два дена си се шетам низ паркот со две другарки од Русија. Едната од нив, Инес, пред извесно време научи да пцуе на македонски (не е баш македонски, ама ај). И сега секој пат кога Инес ке се изнервира, многу мило со нежен руски акцент се дере на цел глас "У пичку матер!"

Си се шетаме ние така низ паркот, и позади нас тројца типци на точаци, кога едниот од нив ја изустува горенаведенава фраза. Инес целата возбудена се врти и ми вика: Слушна што рекоа, слушна??? Се насмеав јас и и викам да, Срби се овие, на српски зборуваат. Како што не претекнува едниот од типците, сосема онака ноншалантно им се врти на другите двајца и им вика: "Јаоооооо, видите ову овде, колике сисе има!!!" Рикнав на цел глас да се смеам и му реков: "Магаре ниедно, те разбрав што кажа!!!" Целиот попарен прекина да вози точак, леле па ме разбираш, па од кај си па што си... другите двајца позади му фаќаат сеир! Едниот од другите двајца се испостави дека е Македонец, и тоа ни мање ни више од Битола, па кога разбра што изјавил другар му претходно, само ладнокрвно прокоментира: "Мх, глуп Босанец".

И дека типците се брзаа, напуштија терен, и бај д вер не поканија на Ју парти утредента!!! Замислете! Ју парти во сред мадафакинг Фулда. Град со миљон Руси и Камерунци има Ју забава! Не отидов на журката утредента, ама комшијата Ѓорѓи бил, па ми покажуваше снимки. То Цеци, Меци, Аспирини.... Абе шо да ви распраам!

CONVERSATION

0 comments:

Back
to top