На времето Трендо избаци на оннет еден клип , едно ремек дело од оние лудацине сателити. Тогаш не можев на себе да си дојдам од смеење. Ова е уште боље.
Не сум љубител на Шпагети вестерн, не се воодушевувам на филмови каде Клинт Иствуд со еден куршум убива тројца, ама Енио Мориконе во Охрид... ова е вест. Штета што нема да можам да сум таму. За тие што не знаат, Енио Мориконе е композиторот на музиката од Добариот, Лошиот и Грдиот. Еве како изгледа тој да диригира во живо:
Абе скоро ко дома се осеќам. Уште фаците на овие Германциве да не им беа толку грди.
Ми пратија моите пакет вчера вечер. Денес бев во Франкфурт да си го земам. И рекол возачот на мајка ми дека автобусот ќе застане пред некоја си агенција Туринг кај железничката. Одам јас таму, влегувам во агенцијата и и викам на госпожата: Guten Tag, ist der Bus aus Mazedonien gekommen? А таа ми вика - Не, још није стигао!!!
Добро, се разбравме на српски, дека ќе дошол за 20 минути, и јас да се прошлаам во меѓувреме, влегов во една продавница каде што се продаваат дрангулии одма до агенцијата. Крш. Окезен Кинез на каса, само се смешка и ништо не зборува, во позадина Миле Китич, а на каса стојат дечко и девојка и се расправаат дали да купат ЦД од Драгана Мирковиќ или Шако Полумента. Девојката навива за Драгана, а дечкото за Шако. И по 5 минути расправија, не се договорија... па ги оставија ЦД-ињата, му кажаа на Кинезот ауфвидерзен, и надвор продолжија да се расправаат... Тој бил себичен, а таа сељанка, ма разбираш. Во истата продавница иначе може да ги купите сите филмови со Бата Живоиновиќ и Павле Вујисиќ, а мислам дека може да се среди режење на ДВД по нарачка. Ако знае Кинезот што продава, главата ќе си ја исечам.
Стигна автобусот, се истоварија луѓето... Шоферот еден домаќин човек, што да ви кажувам, сите до еден ги испрати, ги праша како патувале, дали се добро, една жена со мало дете и го зема багажот, ја премина преку улица и ја натовари во такси... А јас кога стигнав во домов со пакетот, натоварена како магаре отклучувам влезна врата и еден Шваба позади мене си поминува внатре пред мене и уште ми вика данке што сум му отклучила... Ај што не ме праша дали ми треба помош со багажот, ама ни врата што не му текна да придржи? Си помина мртов ладен, си влезе во домот... а јас се килавев со куферот по скали...
Ете... секое одење во Франкфурт, си е приказна за себе...
Во Фулда има многу Руси. Ама ептен многу! На каса во супермаркет, до мене во автобус, во паркот... ги има насекаде. И до пред некое време ич не ми беше јасно што мајка бараат толку руси во Германија, дека мислев дека најголемото малцинство во Германија се Турците. Се распрашав наоколу, прочитав по некои статии на интернет и дојдов до многу интересни факти за кои што сум немала појма, а кои што датираат од малку поодамна.
Катерина Велика (не групата... хехе) како што знаете била Германка. Во 1762 се мажи за Петар III. После 6 месеци се дига револуција против него, тој кутриот умира и на тронот, и покрај тоа што не е по потекло русинка, стапува Катерина Велика. Во 1763 година Катерина Велика потпишува декларација за отворена имиграција на луѓе што сакаат да живеат во Руското Царство. Зошто? Во втората половина на 18 век Централна Европа била пренаселена, имало војни, револуции, бунтови, расни и верски нетрпенија и слично... А од друга страна, руското царство било многу послободно општество со многу повеќе слободен простор за живеење од се уште феудалната Европа. На сите тие имигранти и доселеници им биле доделени политички права кои што не би ги имале во Германија, ослободување од воена обврска, земјишта за обработување... итн...
И така тие Германци си живееле 200 години во Русија. И покрај тоа што многу не се мешале со Русите, бидејќи ги имало многу, си останале чисти по крв Германци, но Руси по менталитет, говор, начин на размислување, воспитување и слично.
1939 година. На светот му се случува Втора светска војна. Хитлер, како што го дал Господ, сакал да ги обедини сите Германци на една територија. Откако ја нападнал Полска, во договор со Сталин, прво протерува едем куп Полјаци од западна Полска а потоа врши насилна и масовна преселба на сите тие руски Германци во становите и куќите на протераните Полјаци.
1945 година. Германија ја губи војната. Црвената армија маршира накај Берлин. Преку Полска нормално. Преплашени рускиве Германци да не го попапаат од Русите, бидејќи биле сметани за предавници на земјата која што пред само 200 години им учинила толку многу, бегаат на запад и се населуваат низ цела Германија.
1991 година. Се распаѓа Советскиот Сојуз. Остатокот од руските Германци, кои што не се вратиле во меѓувреме во Германија, биле пратени по наредба на Сталин насекаде низ Советскиот Сојуз, а посебно во Казахстан, да работат. Откако се отвораат границите на Источниот Блок, по законот за право на враќање во родната држава, најголемиот дел од тие руски Германци се преселуваат во Германија.
Овие луѓе се уште не можат да се интегрираат во општествово. И покрај тоа што по крв се Германци, по менталитет и начин на размислување се комплетни Руси. Се движат во затворени ограничени кругови и зборуваат само на руски. И ете, затоа кога одам во супермаркет слушам само Руси како пазарат...
Е не ги можам. Со сета почит, тука живеам моментално, студирам, од време на време подработувам и ги уживам сите благодети на оваа развиена западноевропска држава. Се е супер организирано, на време, без грешка... ама сепак, НЕ ГИ МОЖАМ!!!
Една работа им фали на овие луѓе, а тоа им се гледа од изразот на фаците, жими се. Им фали комуникација. Не фејсбук, не телефон, не емаил... човечка лице во лице комуникација. И тоа ме излудува. До даска.
Работам како тутор на студентскиот дом во кој што живеам. И во склоп на она што треба да го работам, е да им организирам на студентиве тука разни типови на забави, пошто многу многу самите не знаат да се забавуваат. Супер. Организирав журка во саботата како прв проект за подобро запознавање на студентите меѓу себе. Дојдоа околу 60-ина луѓе, што и не е така лошо. На почетокот малку срамежливи, стојат на страна, ама после 2-3 пива сите се отворија, почнаа да играат, да пеат, да се социјализираат, да се пуштаат по дечковци/девојки... и така замислете до 7 сабајле!!! Не сите секако, само најхрабрите!
Среќна и задоволна јас од мојот прв успешен проект, утредента се лечев со јогурти и цедени портокали и да ви кажам и покрај тоа што имав презентација за испит за два дена, се ми беше рамно, дека ептен супер си поминавме претходната вечер. Си кулирам јас така цел ден, се додека во 8 саат вечерта... тииииннннгггг... ми светнува сандачето, имам нов маил. Отварам маилот, што да видам.
Извесна особа ХХХ ми пишала на мене, како организатор на забавата, едно многу убаво формулирано писмо, во кое се издвојуваат 3 точки:
1. Бидејќи забавата не се одвивала до нормални вечерни часови, туку до рано сабајле, госпоѓицата не можела да спие и била приморана да викне полиција 2. Ме известува дека утредента ќе се жалела во управата на студентскиот дом да ми прателе опомена 3. Ако ова уште еднаш се случело (да не можела да спие)... WAIT FOR IT... HERE IT COMES... ќе ме тужела официјално и персонално мене!!!
Викнала полиција!!! Ајде, нејсе. Ма да никако не можам да разберам зошто едноставно не се симна доле да ме испцуе, ќе намалевме музиката, и се ќе беше супер. Е тоа и е малку, па додатно на тоа ќе се жалела на управата! Полиција малку и е. И шлаг, ако се повторела ситуацијата, ни помалку ни повеќе ќе ме тужи. Чим овде луѓе се спремни да се маткаат по судови и со адвокати заради галама од журка, не ни сакам да помислам на што се се спремни, ако не дај боже, на пример, вербално ги навредиш.
Уште како мала, додека учев во германското школо знаев дека германциве многу сакаат да праќаат писма. Секој ден кога ќе се вратев од школо, на мајка ми и носев по едно писмо: известување за дрн дрн, опомена за цр вр, пофалба за бр бр... секој ден по едно писмо. Арно ама јас мислев дека тоа е заради нивниот многу добро развиен систем. Не дека тоа го прават од љубов. Е, изгледа не сум била во право. Кога му го раскажав сето ова на мојот цимер од Германија, неговата прва реакција беше: Ах да, ние германците многу сакаме да пишуваме писма... посебно кога се жалиме за нешто.
И после ме прават будала, кога ќе им кажам на луѓето дека после мастеров сакам да се вратам назад во Македонија. Епа извиниете, јас со моите комшии цел живот со писма преку разноразни институции да се разбирам немам намера. Повеќе преферирам да ме испцујат во фаца. Поќеиф ми е.
П.С. На крајот на емаилот, онака ептен школски стоеше "Срдечен поздрав" П.П.С. Кога му го покажав писмото на комшијата Ѓорѓи од Бугарија, прва и единствена реакција му беше: Де бе, дај да ја најдеме која е оваа, мамата да и ја ебеме... мамката нејзина...
Си дошол мажот дома од работа, додека жена му со тројцата швалери ... Едниот се скрил во рерната, другиот во кадата а третиот во шкафот. Му се пријало на човекот, отвара рерна што да види... човек внатре.
- Што правиш ти тука? - Електичар сум, ви се расипа шпоретот.
Си рекол човеков добро, ај чим така да одам да се истуширам. Влегува во ВЦ, што да види... човек внатре.
- Што правиш ти тука? - Водоинсталетер сум, ви пукна цевка.
Е чим така, да барем да се пресоблечам, си рекол човекот. Отвара шкав, што да види - угол гол маж со онаквото во раце во шкафот.
- Што правиш ти тука??? - Јас сум молец!!! - Како бе молец???? - МОЛЕЦ БЕ МОЛЕЦ, НЕ СИ ВИДЕЛ МОЛЕЦ???
Е, истава оваа стратегија нашиот новоизбран претседател ја примени пред неколку дена кога го прашаа што значело разумно. Разумно си е разумно, ќе ве молам, кој не знае, нека си повтори!!! Се учи тоа на училиште, а богами и на факултет, ако си учел за новинар. И достате со глупави прашања!!! Брееејјјјјјјјј, еден паметен да не се најдеше во државава...
Ми дојдоа вчера двајца Мексиканци на гости. Требаше да земат нешто од кај мене дома, им понудив јас кафе, кафето премина во пиво, пивото во повеќе пива... и така. Се запивме што се запивме, а јас дека сум весељак во душа, по некое време им пуштив циганска музика. Фрчи Есма на цел глас, качени мексиканциве на столици се дерат Чаје Шукаријеееееееееееееееее, Калашњиков, Месечина...
По некое време, си викам ај да не претерам, и им викам ајде сега пуштете нешто мексиканско, некој маријачи ово оно. А едниот од нив ми вика: "Неееееееееее, дај пушти нешто друго како ова со трубите, нешто на што правите живели кога седите со друштво".
Рака на срце, не прави разлика меѓу циганска и турска музика, сите музики кај што има завивање му се арапски, али сепак... дај тоа со трубите. Хех... како слатко се изнасмеав.
Пред два дена си се шетам низ паркот со две другарки од Русија. Едната од нив, Инес, пред извесно време научи да пцуе на македонски (не е баш македонски, ама ај). И сега секој пат кога Инес ке се изнервира, многу мило со нежен руски акцент се дере на цел глас "У пичку матер!"
Си се шетаме ние така низ паркот, и позади нас тројца типци на точаци, кога едниот од нив ја изустува горенаведенава фраза. Инес целата возбудена се врти и ми вика: Слушна што рекоа, слушна??? Се насмеав јас и и викам да, Срби се овие, на српски зборуваат. Како што не претекнува едниот од типците, сосема онака ноншалантно им се врти на другите двајца и им вика: "Јаоооооо, видите ову овде, колике сисе има!!!" Рикнав на цел глас да се смеам и му реков: "Магаре ниедно, те разбрав што кажа!!!" Целиот попарен прекина да вози точак, леле па ме разбираш, па од кај си па што си... другите двајца позади му фаќаат сеир! Едниот од другите двајца се испостави дека е Македонец, и тоа ни мање ни више од Битола, па кога разбра што изјавил другар му претходно, само ладнокрвно прокоментира: "Мх, глуп Босанец".
И дека типците се брзаа, напуштија терен, и бај д вер не поканија на Ју парти утредента!!! Замислете! Ју парти во сред мадафакинг Фулда. Град со миљон Руси и Камерунци има Ју забава! Не отидов на журката утредента, ама комшијата Ѓорѓи бил, па ми покажуваше снимки. То Цеци, Меци, Аспирини.... Абе шо да ви распраам!
Nygel Kennedy е британски виолинист кој до пред некое време го држел рекордот во најдобро продадена компилација на класична музика од над 2.000.000 примероци. Има посветено цел албум на Џими Хендрикс каде што има направено феноменални преработки на негови песни, преработки на Дорси итн итн...(најтопло ви препорачувам да ги преслушате) Типот е феноменален. Во 2003 заедно со полскиot џез бенд Кроке го издава албумот "East meets west". Глејте меѓу другото што има на албумот!!!
Новата Web 2.0 технологија ни овозможува чуда. Еве на пример, мене сабота вечер не ми се спие, си пишувам јас блог пост, и оп вие го дознавате и го читате тоа, одозгора на се преку интернет!!! Страшна работа. Јас овие благодети на модерната технологија сега за сега ги користам за да се правам важна. Имам блог замисли!!! Некои други попаметни од мене ги користат за сосема други цели. Некои прават бизниси, продаваат памет, се промовираат, шират бизниси, се збогатуваат... и успеваат. Не е заебанција.
Откако инернетов се покажа како успешна алатка за правење пари, политичарите се запрашаа: "Ако можат бизнисмениве, зошто да не можеме и ние?" Апсолутен пионер во ИТ политиката е Howard Dean. Howard Dean е американски политичар кој што во 2003 година имаше претензии да се кандидира за американски претседател. Типот почна да води свој блог, на кој што ги информираше симпатизерите за своите планови, платформи, случувања, митинзи... итн итн итн. Иако не успеа да стане кандидат за претседател, направи револуција во која политичарите сфатија дека не само што не смеат да ја потценат ИТ технологијата, туку мораат да ја искористат најдобро што можат.
Најдобро, ама во буквална смисла на зборот, ова го сфати Обама. Обама за својата кампања не само што имаше цел тим одговорен за деноноќно блогирање, туку имаше цела social networking мрежа, на која што, исто како што правите на фејсбук, може да се регистрирате, да склучувате пријателства, да отворите сопствен блог на кој што може да пишувате колку е Обама цар, да креирате настани, да им соопштите на другите дали ке присуствувате на тие настани или не, да каните луѓе на настани... Меѓу другото, сите членови на таа мрежа имаа и можност да донираат пари за кампањата на Обама. Кој колку може и сака. И така паметниот Обама собра пола од вложените 800 000 000 долари за неговата кампања!!! 400 000 000 долари собрани од донации!!!
Е сега после овој вовед ајде да видиме како нашиве се снаоѓаат со новиве технологии. Бидејќи сме далеку од персонални блогови на политичари и платформи за колаборација, ајде за почеток да ги погледнеме како изгледаат веб страниците на најважни политички фактори во државава на еден ден пред избори.
1. ВМРО-ДПМНЕ
Страшен маркетиншки трик. Морам да им честитам на момците што им текнало ова и да признаам дека многу сум пријатно изненадена.
2.СДСМ
No comment.
3. ДУИ
Не разбирам што пишува, веројатно е предизборен молк, ама самиот факт што сајтов има адреса http://www.aliahmeti.org/ говори за себе. Кај aliahmeti, па и .org!!! Брееееејјјјјјјј...
4. Брат Љубе
Го уапсија, го ослободија, се кандидираше за претседател, испадна од прв круг... а сајтов уште му е во изработка.
А вие уште им се смеете на типците што се јавуваат на корисничка поддршка во интернет провајдерите и викаат хочу да купим сајтове, ево рецимо 5 сајтова... Абдаливе не знаат еден обичен сајт да администрираат, а не па широкото население да е ИТ едуцирано.
Типотинава што ја гледате на сликава доаѓа од Камерун и живее еден спрат над мене. Женет е со германка за документи, моментално у процедура за развод, насабајлечки чисти подови, а претпладне и попладне студира за медицинска сестра. Сето ова е таксират на многу странски студенти во Германија. Тогаш што е интересното кај типчево? Неговото име!!! Знаете како се вика?
ЏОН КЕНЕДИ!!!
П.С. Носи многу сексиљава бела чорапа со аутфитов, што за жал на сликава не се гледа.
2 comments:
Post a Comment