За агрегаторцките работи


Јас завршив Електро факултет. Учевме меѓу другото математика. Многу математика. Секој пат кога ќе требаше да се докаже некоја теорема, доказот на таа теорема почнуваше со „Нека претпоставиме дека...“ Овој блог пост ќе го започнам токму така.

Нека претпоставиме дека сте сопственик на дуќан. Дуќанот ви се наоѓа во некој си огромен трговски центар, и во него има се и сешто. Тој трговски е прилично многу посетуван. Арно ама за да најдат нешто посетителите, мора да шетаат низ него, да одат од дуќан во дуќан, па ако нешто им се бендиса да се вратат во првиот дуќан, па да споредат, цело време наваму натаму.

Тој трговски е прилично посетуван, ама хаотичен. Луѓето не го наоѓаат секогаш она што ви треба и пазарат во веќе проверените дуќани. Вашиот дуќан се наоѓа некаде на првиот најпрометен спрат, ама во некое од споредните ходничиња. Некои дуќани што имаат поатрактивна роба од вашата имаат ачик места, и кај нив има многу повеќе купувачи. Вие сте вака така задоволен. Бизнисот врти. Редовните купувачи стално купуваат од кај вас, а тук там ќе се најде и некој залутан, па некогаш ќе влезе само во дуќанот, некогаш и ќе купи нешто, некогаш ќе влезе и после тоа ќе си рече дека никогаш веќе нема да го направи тоа.... и така.

И еден ден, земал еден човек, бидејќи немал попаметна работа, а го бивало, застанал на задниот влез од трговскиот и го направил следново. Направил попис на сите дуќани во трговскиот. Ја поделил нивната роба по категории. И секој ден тој список го ажурирал. На секој што ќе влезе преку задниот влез од трговскиот му кажувал: Денес најмногу се пазарат, на пример, помаранџи, тазе се стигнати. Најубави се во дуќанот на први, во дуќанот горе на втори во споредниот влез и во пиљарата на крајот од ходникот. Покрај тоа им ги набројувал и сите други дуќани каде што има портокали. Истото го правел и за сета останата роба што се продавала. За возврат секој пат кога некој муштерија ќе купел нешто, робата му била пакувана во ќеса на која што стоело името на сортирачот, а не во брендирана ќеса на дуќанот.

На луѓето многу им се бендисувал тој човек. Не бидејќи бил кој знае колку убав, туку бидејќи им го олеснувал животот. Доаѓаат во трговскиот набрзина гледаат што се се продава денес, бираат во кои дуќани ќе отидат, ќе испазарат набрзинка, и си бркаат работа после тоа. Ич не им било гајле во каква ќеса им се пакува робата.

По некое време човекот станал толку популарен, што многу голем дел од купувачите почнале да влегуваат преку задниот дел на трговскиот. Човекот користејќи ја неговата популарност, логично сакал да се офајди од тоа што го прави иначе за џабе, и си рекол, јас доле кај што стојам и им кажувам на луѓето што се има да се пазари, ќе поставам реклами. И така човекот поставил реклами, и почнал од тоа да прави пари. Бизнисот му одел супер, се повеќе и повеќе луѓе влегуваале преку задниот влез на  трговскиот, и се повеќе и повеќе луѓе излегувале од трговскиот со ќеса на која што стоело неговото име, а не името на дуќанот од кај што испазариле.

По некое време дел од сопствениците на дуќани во трговскиот се полакомиле. Си рекле види мајката, да не бевме ние тој немаше ни да постои, а сега прави повеќе пари од нас. Сакаме дел од колачот. И се собрале еден ден тие двајца без тројца и му рекле: Слушај. Ти нас ни правиш бесплатен маркетинг и допринесуваш за поголем број купувачи во нашите дуќани. Благодарение на тебе многу луѓе што никогаш не би влегле во нашите дуќани, од време на време влегуваат, а понекогаш и купуваат по нешто. И сето тоа го правиш за без пари. Е од сега па натаму или ќе ни плаќаш дебела сума месечен износ за да продолжиш да го правиш тоа, или не смееш веќе да ги упатуваш луѓето во нашите дуќани. 


Дали вам оваа „Нека претпоставиме дека“ приказна ви се чини логична? Мене не.

CONVERSATION

27 comments:

Anonymous said...

ne razbiram na sto aludiras, moze objasnuvanje?

Јована Тозија said...

кликни ги линковите во постов, и ќе ти стане јасно :)

Aleks said...

Многу убаво, фино, концизно, интелигентно склопено.
Народски кажано.... да му умре козата на комшијата!

Daniela said...

тајм мк треба да ти плати за ова :)

ogie said...

Cool текст!
Мене ми работеше совршено добро интерпретацијата за пар други (глобални) примери што сега се одмоткуваат на Интернет, без да сконтам дека алудираш на скорешните локални Нет настани.
Уште повеќе смисла ми има сега :)

heX- said...

Нека имаме еден отпроник со отпорност од два оми. ех, колку пати ги имам слушано овие реченици :D

Anonymous said...

http://www.time.mk/info/marketing

Vasil Kirevski said...

a dali ima opasnost da trgnat protiv 'agregatorot' za da go trgnat od pazaro?. taka ke imaat moznost da oformat svoj, i tie da ti kazuvaat koi 'proizvodi' se najdobri?

Јована Тозија said...

Васил, мислам дека сам си го одговори прашањето...

Goran Peoski said...

Многу ја поедностави работата. Делот „се полакомиле“ треба да го замениш со: дуќанџиите разговарале со свој пријател кој што стоеле на страничниот влез и исто така правел листа дека ќе си ја делат заработката и дека тој од страничниот влез секогаш ќе кажува дека кај своите пријатели дуќанџии секогаш е најдобрата роба

NSim said...

Ќе стиснев share на постов, али се плашам дека може пари да ми бараш за авторски права ..:)) добро склопено у секоја случај

Јована Тозија said...

Слободно шерувај, sharing is caring :)

Anonymous said...

Ova ne moze sekoj da go razbere (ekonomski, praven...) mora da si od elektro za da govrazberes. mn. dobro...

ogie said...

П.С.
А ви ја правеа често шемата, она кога после:
„Да претпоставиме дека...“,
следи:
„... спротивното ќе го докажеме.“

На ПМФ беше хит!
=)

Аспи said...

Anonimen i ogie, лугето од економски и правен може нема да скопчаат како електраши почнуваат реченица за докажување теорема, ама исто така сигурно нема (како мали деца) да пишуваат коментари кои немаат везе со темата на која се пишува и разговара....
како и да е браво за авторката на текстот, се е кажано како што треба...
до кога ќе бидеме проклет народ и ќе се трудиме да ја уништиме конкуренцијата место да се трудиме да бидеме подобри од неа, ах Македонијо.....

Anonymous said...

Секоја чест мајсторе, тие ќе загубат не ти и Тиме.мк. Поз

Aleksandar said...

Мојот прв коментар на твојот блог. Се надевам дека нема да реагираш како Тамара :)
Убаво што си од Електро - колеги сме. Убава ти е и компарацијата, ама не е до крај издржана.
"На секој што ќе влезе преку задниот влез од трговскиот му кажувал: Денес најмногу се пазарат, на пример, помаранџи, тазе се стигнати. Најубави се во дуќанот на први, во дуќанот горе на втори во споредниот влез и во пиљарата на крајот од ходникот. Покрај тоа им ги набројувал и сите други дуќани каде што има портокали."
Овде ти паѓа целата приказна. Тука е и целата поента на борбата за агрегатор. Пошто агрегаторот кажува каде се најубави портокалите, а тоа сакале неќеле е субјективна работа. Најверојатно е точно дека има политика во целиот случај, ама ако го разгледуваме проблемот без политика, треба да се сложиш дека сакал неќел агрегаторот фаворизира одредени медиуми и автоматски другите имаат право да се лутат...

Јована Тозија said...

@александар Тоа најубави се однесуваше на топ вестите. Може и малку грешно се изразив... Како и да е, со милјон процентна сигурност можам да ти кажам дека агрегаторот не фаворизира медиуми. Алгоритам стои позади сето тоа. Токму дотичните медиуми што се повлекоа ги имало мал миљон пати на насловната на time.mk, и тоа како прва вест, ударна, со слика со се...

Знаеме сите дека не е бизнис одлуката, дека не станува збор за повредување на авторски права, ниту пак за фаворизирање недиуми поради што некои имаат право да се лутат. Некој не сака сите вести да се на едно место, за да може да се направи лесна компарација. It's as simple as that...

Anonymous said...

Што ако стои алгоритам, демек алгоритам не може да манипулира кои извори ќе ги фаворизира? Јована, слабо математикава нешто. Па кој го направил алгоритмот и кој му кажува како ќе одредува приоритет? А?а?:)

Дека нешто чудно се случува со алгоритамот на тајм забележавме пред неколку месеци кога нашиот сајт одеднаш почна да добива 3-4 пати помалку сообраќај од тајм, а во топ вести почнаа да се појавуваат едни исти неколку извори. Всушност, на околу 80% од топ сториите на насловна почнаа да се појавуваат од неколку извори.

Но, не е тоа муабетот.Ај да бидеме објективни:
1) Тајм.мк не крши никакви авторски права. Посебно доколку вестите линкаат директно кај изворот, наместо во рамка на домен на тајм..мк

2) секој има право да не сака да го индексира од било која причина и не знам зошто толку галама. Ако не сака - не сака

Јована Тозија said...

Абе за да се увериме 100% дека агрегаторот не фаворизира никого, треба Игор да го отвори кодот, да го објави некаде, и нели за луѓе што не се разбираат од програмски јазици да го преведе во нешто читливо за човечко око. Но тоа нели секако нема да се случи...

Да бидеме реални, рамката не е никаков проблем. Поентата на онлајн медиум е да биде што повеќе читан, без разлика дали е во рамка или не. Колку што читав на Твитер, Игор има намера од повлечените медиуми да објавува само хиперлинкови со наслов од веста. Нити дел од текстот да се објавува, нити слика, нити ништо. Во што се кладиме дека и тоа ќе им смета и ќе им претставува „заработување на туѓиот грб“, „нарушување на авторски права“ и што уште не?

Anonymous said...

Jovana, with all due respect, ama nekako prikaznava isklucivo soodvetstvuva so momentalnata situacija na time.mk,nisto poveke nisto pomalku.... Nema minato, nitu idnina. Site nie rabotime za pari, pa veruvam i ti (pokraj obozavanjeto na svojata rabota, finite kolegi i sl. krajnata cel ni e platata) pa ne gledam zosto TI bi sakala nekoj da zarabotuva na tvojot trud....Dokolku seuste mislis taka, eve eden predlog... Ajde ti bidi taa sto ke odi po tereni, prati nastani, sobira i obrabotuva izjavi, sedi na kompjuter 23 od 24chasa dnevno, ke fakja vrski od 6-to koleno za da ima prikazna za utre ili denes i od koga seto toa fino ke go spakuvas ke mi go prakas mene (ili bilo koj zainteresiran) i toa ke bide objaveno na mojot sajt koj sto ke go nudam za reklama, i pritoa tebe mozebi (a i ne mora) da ti dadam nitu eden denar od zarabotkata. Pa ako licna satisfakcija ti bide tapshanjeto po ramo, da go vidam rokot na tvojata profesionalnost i entuzijazam.... Mozebi agregat sajtovite nekade po beliov svet bile IN, ama ova e seuste Makedonija...i ke bide uste dolgo....

Аспи said...

Другар, ептен e очигледно дека или си дел од некој од наведените медиуми или конкуренти на тајм.мк или имаш проблем со процесирањето и раззбирањето на фактичката ситуација.... значи тајм.мк не користи ничив труд како свој (во твојот пример на јована трудот ке биде претставен како твој, затоа што ја тераш да работи и собира информации ама ти да ги прикажуваш), а тиме.мк ги прикажува информациите на изворниот сајт, значи само ти помага да ги најдеш на полесен начин и воедно ти овозможува да прочиташ една иста вест напишана од различни извори и воерно видена од различни гледишта, никаде не стои дека за таа вест е задолжена редакцијата на тиме.мк, што значи дека никој не се заработува на туѓ грб. Зошто сите сте се фатиле за заработката на тиме.мк , зошто не се потрудат сите да пишуваат подобари текстови (вести) за да котираат погоре (во топ вести) така ке му помогнат на својот медиум да биде повеке читан од другите (читај повеке посетуван) и со тоа ке си го гради рејтингот, и нема да се замара со туѓи рејтинзи и кој колку заработува, туку заради неговата зголемена посетеност ќе може да си калкулира со својот рекламен простор и со својте приходи..... луѓе дај бе немојте да се трудите да го уривате туѓото, таа енергија насочете ја кон тоа што ке се потрудите да изградите нешто свое итоа подобро, па на тој начин покажете колку сте силни..
Позз

Nekoj said...

Многу убаво приказнава звучи, само што е пропуштен еден многу важен дел:

Некои нови дуќани виделе дека тој што стои на задниот влез на трговскиот има влијание во изборот на купувачите, и си рекле: ај ќе му дадеме нешто(читај пари) на човекот, за од првиот ден кога ќе се отвори дуќанот, тој да им вика на муштериите дека нашиот дуќан има поквалитетна роба иако другите дуќани имаат рејтинг кој го граделе со години.
Тој им рекол, не можам да влијаам на изборот на продавниците бидејќи тие се рангирани по разни параметри, и колку портокали ќе продадете зависи од вашиот рејтинг кој е бројка. И тие едноставно му рекле:Зголеми ја бројката. Тој им рекол: Е тоа можам.

И нормално на почеток и тој и тие биле задоволни на сметка на посетителите на другите дуќани, и кога другите дуќани виделе нефер третман, си рекле или ќе го избркаме, или ќе си смениме трговски.

И кога си заминале тие, човекот си рекол: ќе видат тие, не можат без мене. Но после неколку дена сватил дека е малку обратно и дека трговскиор почнал да се празни, и почнал кај нив да оди и да ги слика портокалите бидејќи не му давале повеќе по еден портокал ,и да прави виртуелни продавници од старите дуќани, со назнака: портокалите се само слика,а дуќанот е на друга адреса. Одете таму директно.

И дали можеш да заклучиш од ова како луѓето ќе постапуваат со тек на време? Дали ти би одела во некој трговски кај што ќе видиш само натписи од продавници, а не и продавници.
Тие си ја користат нивната продавница на самостојна локација или во друг трговски центар.
Тоа е твојата аналогија

Anonymous said...

Drugar, ocigledno si napravil greska, ne sum niedno od tvoite navedeni pretpostavki... Me interesira dali nekoj te plaka ili po licna zelba javno debatiras nesto sto si go podrazbral ili nacul, oti ako nemas licen benefit za ova, i am sooo sorry for you!! Jas Jovana nema da ja teram da odi na teren (kako sto ti si razbral i napisal), isto kako sto time.mk ne gi tera ostanatite sajtovi od kaj sto prezema informacii da rabotat, edinstveno sto time.mk ne bi postoel dokolku ne postojat sajtovite, sto nekako vo taa cela sindjir vrska time.mk e "dolznikot" koj treba da plati,kupi,zasluzi,izdejstvuva, dobie informacii pritoa zadovoluvajki go izvorot od kade gi zema informaciite taka kako sto izvorot ke posaka. SO seta pocit kon agregat sajtovite i algoritmite koi i te kako odzemaat vreme i trud za funkcioniranje, ama ne sum siguren kolku ke bide esapot na krajot ako na kanter stavis eden kup novinari, urednici, reporteri i volonteri koi trcaat i brkaat informacii i pritoa se tepaat da gi objavat prvi za da privlecat sto poveke posetenost, i eden covek/firma koj (otvaram citat):TIME.mk нема уредници, нема новинари, нема персонал кои пишуваат или прегледуваат вести. (zatvaram citat). Muabetov deka time.mk mi olesnuva t.e pomaga da najdam informacii na polesen nacin, nekako mnogu labavo mi deluva, posto ne mi izgleda kako pomos 2 pati poveke klikovi otkolku sto prvicno bi mi trebale da dojdam do informacija (god bless google). Nikoj ne se fatil za zarabotkata na time.mk, samo neka ne prodava emotivni prici od tipot deka on nemal niedna reklama osven edna vo 2012 koja sto mu bila platena vo 2011, i deka rabotel od ljubov....pa hrana, obleka, smetki i socijalen zivot da ne si plaka od ljubovta pa da ni kaze i nas da ideme da si zememe posto izglea sme ludi sto sedime i rabotime sekoj den po 8 saata. Na kraj, time.mk niti e relevanten faktor niti telo koe vo dolgorocen period ke odredi koj kolku e poseten, gledan, rejting i sl... si postojat relevantni tela za tie raboti, koi figuriraat na svetsko nivo i koi imaat seriozen pristap i metodologija za posetenosta i rejtinzite na sajtovite vo mkd. Nikoj ne se obiduva da gi uriva lugeto, naprotiv ako e nesto dobro, treba da se pofali i poddrzi, ama kitenjeto so tugi perja nikako ne e za pofalba! Pozdrav.

Аспи said...

Ало анонимен, барем пиѓи некој псевдоним за да може чоек да те опцуе ако сака..... вака нема да дожам многу зато што можам да приметам дека ти си повторуваш една те иста работа и оцигледно не рабираш ама тотално ништо.... никој не се кири со туѓи перја, затоа што НИГДЕ НЕ ПИШУВА ДЕКА ИНФОРМАЦИЈАТА ЈА НАПИШАЛ ТИМЕ.МК, НАПРОТИВ СЕКОГАШ ТЕ НОСИ НА ОРИГИНЛНИОТ ИЗВОР, само знам дека тебети е тешко да разбереш затоа што ти си тој кој што е шплатен да брани ставови оцигледно, а јас су само верен читаел на еден од најдобрите сајтови на македонскиот интернет простор.... и деот со ако медиумите непостојат тиме.мк нема да постои, каков оригинален заклучок... сето ова ми дава до знаење дека не си достоен веке да се замарам со тебе...

Anonymous said...

Barem jadi nesto od sabajle, gi progolta pola bukvi, i pritoa ne lishi od moznosta da ti ja razbereme poentata... vo pravo si, ne vredis...bitkata za toa koj kolku i od kogo e platen ja dobiva onoj koj na 1vi legnuva mirno da spie, a ne se obiduva da izigrava "Kalimero" zaradi osvojuvanje pateticni simpatii... da bese profesionalno educiran i iskusen, nikogas nemase da go iskoristis zborot NAJDOBAR za bilo sto.... a koga veke kulturata ti dozvoluva da pcues nekoj koj ne go ni poznavas niti pak razbiras, togas ne ti treba ime pretpostavuvam.... sve najlepse u zivotu!

Аспи said...

Еве вака, најаден и напиен, ќе морам да си ја погазам изјавата дека нема да се замарам со тебе повеќе, и многу ми е криво, ама со неразбрани луге мораш повеќе пати да се објаснуваш :)еве вака, јас ке почнам во обратне редослед на твојот коментар, прво и соновно “пријателче“ мое никој не те опцу, и доколку добро го прочита мојот коментар може да приметиш дека нема ни еден погрден збор во него, реков дека можеби е фино да се преставиш за “ако некој сака да те оцуе“ и ако ти ова го сметаш за пцовка тогаш си тотално неписмен (ова не е навреда ова е реална констататција поттикната од самиот Ти, а оправдана со горенаведениот пример, нема љутиш ок?)...

час по македонски: зборот најдобар е суперлатив од зборот добар и постои како таков во нашот јазик, па незнам зошто не би го искористил во сосема логичка и граматички точна реченица, па затоа околу делот со НАЈДОБАР не ти ја разбрав поентата, ама генерално тоа е и твојот начин на изразување НЕЈАСЕН... и мислам дека многу добро се опиша во делот со платава на 1ви мил мој Калимеро (еве ти песведоним за да немора да се замараш и измислуваш)
Ти благодарам што ми го разубавуваш денот со твојте бисери :)
p.s Извини Јована што коментарот не е наменет за темава, ама се надевам дека ме разбираш..

Back
to top