Дома


Колку е убаво кога си дома. Сосе вратата од ходник што шкрипи, искршените закачалки за јакни, машината за перење што се расипува секои 6 месеци, чешмата што капе, комшијата што буши, мачките што се парат деноноќно 12 месеци во годината и џукелата пред зграда што те лае дур и носиш коски. Нема поубаво чувство од она кога си дома.  

Кога касниш на работа бидејќи по пат си сретнал другар од средно и не сте се виделе 100 години, и си ветувате дека ќе се чуете утре и не се гледате наредни 10 години. Кога бурекџијата од кај што купуваш ѓеврек од сабајле ти мафта кога поминуваш од кај него и ти вели: Доброутро комшике, како е? Кога во некој глуп вторник си одиш дома после работа и по пат среќаваш пријател и седнувате во најблиското кафанче и останувате до фајронт. Кога фризерката ти вика: Маци мааааа, од кога не си била, што има ново?

Кога во најсрање моментите имаш на кого да му се јавиш да пиете пиво. Да, ги цитирам Хладно Пиво. Скроз се лејм, и скроз се комерцијала и скроз се во право. Се дур имаш некој што ти е на располагање 24/7 за пиење пиво ти си среќен човек.

Фина работа е финансиска стабилност, комодитет, нова кола на 5 години, одмор лете, одмор зиме, ајфони, ајпади, ајтинтириминтири... стварно е многу фина работа. Ич не е фино кога си сам со сите тие пари. Кога ќе лапнеш бонус од работа и немаш кого да почастиш!

Затоа, пред да направите некого ненормален зошто бил во странство и се вратил назад - повелете отидете самите. Отиди брат, и види како е. Поседи извесен период. Да осетиш како е да не си дома, да осетиш како е да си туѓинец. Како да си отишол кај комшиката од 9-ти спрат и  и спиеш јадеш прдиш по дома, а она со маж, деца, свекрва и две мачки во станот. Незгодно ќе ти е да прднеш пред нив. На секое прдење да треба во ВЦ да одиш. Ко ќе ручаш строго со виљушка и нож. лактите никако на маса. Се видело да се јадат пилешки крилца со нож и виљушка? Ко ќе се тушираш, да не можеш на раат поплава во вецето да оставиш. Да ти е незгодно до даска да рокнеш звучниците кога ќе ти ја пуштат омилената од Слаткар на радио.

Отидете. Па ќе праиме муабет за 5 години. До тогаш частам една гастарбајтерска и GET OFF MY BALLS!!!


CONVERSATION

5 comments:

Unknown said...

убо си кажа алаЛ да ти е ама..јебга никој не слуша

Unknown said...

5-ka

Mirjana said...

Ауууф колку убо плеснато ! а т'ка

Anonymous said...

Mnogu e ubavo i koga ne treba da se rasprasav so nepistmenost i prostilak. I koga lugeto te pocituvaat bez razlika kolku godini imash, od koja nacionalnost si ili partija. I koga ke mozesh da se gradish kako licnost i nadrgraduvash sekojdnevno.

a koga ke postignesh i da piesh pivo so luge sto ti se dragi kako tie sto si gi ostavil doma, uste poubavo.

Im simnuvam kapa na tie sto se vratile doma.

Anonymous said...

rasprasav = raspravash (ete ja i mojata nepismenost ;)

Back
to top