Мајкин син

Имам толку работи да кажам, а немам време да ги напишам. Заебана работа ова блогов. Инспирација кога ќе ти дојде, во моментот ако не шкрабнеш нешто, џабе после се обидуваш да склопиш нешто од нафрлените мисли. Замисли како им е на писателите човече, тие од тоа живеат.

Туку што ми беше муабетот. Повод за блог постов е едно четиво што го прочитав пред ден два, дека државата не ни чини, дека младината не ни чини, изгубена генерација, летаргична а у. Четивото се вика: Депресија на мојата генерација. Повелете читнете го тука

Еве, да речеме дека се сложувам со се што е напишано (се сложувам со поглемиот дел од четивото, но моето субјективно мислење не е битно). Ајде да се обидеме да превземеме нешто околу оваа летаргична младина.

Знаете колку полнолетни здрави прави магариња знам што мајките уште им поставуваат маса кога ќе се вратат од работа, за да им ручкаат синчињата? И кога ќе им снема кока кола во чашата, стануваат од дневна за да им дотурат. А магарињата кога ќе се најадат ладно си стануваат од маса, оставаат прљав тањир и трошки на масата и одат да се оптегнат на каучот во дневна. А на сето тоа, нивната мајка ги прашува: Сакаш кафе синко?

Знаете ли колку студенти, сегашни и бивши, познавам што денар не заработиле за време на нивните студентски денови. Нити за време на семестрите, а уште помалку за време на распустот. Преку лето земаат по 500 Евра од дома и одат со друштво по 2 недели во Грција, се прават лешеви секоја вечер, а нивните дома немаат да скрпат ни за викенд во Охрид.

Знаете колку помали/најмали браќа и сестри познавам што од глава до пети се облечени во марки и се шљакаат со скапи парфеми, само зошто нивните постари вработени браќа/сестри им ги купуваат од сожалување дека тие кога биле така млади не можеле да си ги приуштат?

Знаете ли колкав дел од моите бивши колеги на факултет доаѓаа со нивните РОДИТЕЛИ кога се запишуваа на факултет? Магариња и магарици од по 18 години, дошле со родителите да ги држат за раце при примопредајата на свидителствата од средно школо.

За ова извинете, ама не е целосно крива младината. Криви се во голема мера родителите. Криво е домашното воспитување. Со опроштење на софра, може многу од вас ќе се пронајдат, ама да им се посерам на мајките што им местат маса за јадење на своите синови. Да им се посерам на родителите што за рака ги држат своите полнолетни деца дури се запишуваат на факултет! Како сакате тоа дете да не биде депресивно и летаргично, кога на 18 години неговата мајка му тура манџа во тањирот, му го мести креветот и го држи за рака дур чека ред да се запише на факултет. Како сакате тоа дете да покаже било каква иницијатива во животот, за било што?

У принцип се се заеба кога укинаа задолжителен воен рок. Да, стојам цврсто на ова тврдење. 

А вие родители, сегашни и идни, можете барем ако не оваа, наредната генерација да ја опраите. Ја моето дете од мало ќе го носам со мене по рокенрол концерти, ќе го запишам на спорт од мали години и за рака ќе го држам само во случај да чекаме ред во болница (пу пу, не дај боже).

------------

Извинете за “посерам”, троа вулгарно и недолично за женско. Ама да не бидам пишман аџија, ќе го оставам да стои. Така сум се чувствувала во моментот кога сум го пишувала текстов.

А бидејќи се крена многу галама на тема војска, наместо на тема родителите и домашното воспитување на децата, само да додадам: Еве нека не се вика војска, нека нема пушки и пиштоли. Само нека биде задолжително каде секоја возрасна особа ќе научи да пржи јајце, мести кревет и пегла кошула.

CONVERSATION

12 comments:

Војдан Гичаровски said...

Не знаев дали да искоментирам “само што испцу 50000 години стар концепт” или да напишам еден голем текст, ама имам многу за учење па еве ќе мора голем текст. Знам дека се стремиме, бар 75% од луѓето низ светот, кон нешовинистички менталитет али радо би ги тресел трошките ако сестра ми влезе у шахта со клуч да го поправи хидрофорот. Знам глуп пример, ама таа поделба на трудот е стара колку луѓето, и функционира иначе не би постоеле сега на планетава. Заеби тимска работа, и да свртиме од хормонски аспект. Претпоставувам дека немаш деца инаку ќе ти беше јасен тој мајчински инстинкт што се раѓа во тие 9 месеци и тоа те тера да ТИ на “магарето” да му ги тресеш трошките и да ти биде убаво заради тоа, а не татко му. До душа ова не е точно секогаш, поентата е после колку време тој мајчински инстинкт ќе ослабе за нормален, а не магарешки развој кај децата, ако не е после 13-14 години за жал настануваат магариња. Еве интересна работа, Идот кај мажите е да си ја заштитат фамилијата, а кај жените да го одржуваат семејниот живот, бар така вика чичко Фројд. И колку сакаш можеш да го носиш детето на концерти, никогаш не можеш да знаеш точно дали тоа ќе го изчеличи или ќе го заебе за цел живот, а од кога ќе го заебеш на тој начин не можеш да го викаш магаре ако му е страв сам да се упише на факс. Доста лупав глупости ајде малце да зборам од лично искуство.

Јас и татко ми дома живееме со 4 женски особи, од кои 2 ќе ги тргнам на страна зошто се 11 и 80 години. Ама останатите 2 се феминистки до коска и единствен начин да прекинат да пцујат како никој ништо не работи по дома е да бидат во омилената лежеча положба. И заради тоа по дома сите сме ангажирани околу домашните обврски, и заради тоа знам да готвам, знам да мијам тањири, да пуштам машина за перење, да пеглам и што се не.. исто така знам да поправам електрични апарати, да заковувам ствари и куп работи што треба машки деца да знаат да направат, исто така за да се остварат тие работи морам да слушам и да следам команди иначе нема крај на викањето, и заради тоа не трошам пари ко будала, не се облакам во скапи макри итн.. И да се чудиш зошто после се јас сум интровертна личност, зошто повеќе сакам да бидам 2 саата сам со себе одколку 2 саата некој да ми крека сељачки муабети во друштво, како се испијанчил во дискотека и си поминал најјако. Али на крајот на крајиштата и да сум најспособен на цел свет знам дека нема никогаш да си поминам појако од тоа размазено магаре, а кога ќе си дојдам дома слушам како е сатанистички да си интровертен, дека нешто ти фали у тоа главата и така натака. Така да се што можеш да направиш е да прифатиш дека ова е стар концепт што работи, а магарињата се нус појава во мал процент и тоа не поради грешка во постапката туку заради погрешен развој на суперегото, зошто ако пробаш да го смениш концептот може да биде полошо и од магаре.

На крајот на краиштата ништо не знаеш како ќе влијае на детото и како ке се развие, не можеш да го плукаш процесот, а после касно е да го плукаш резултатот, зошто ако не е магаре може да биде сељак, силеџија и уште тон пореметувања што не ги зимаш во обѕир.

Бтњ а-у се пишува со “-” инаку се само 2 букви без никакво значење.

Anonymous said...

Војдан јас не го сфаќам текстот како да се однесува само за машкиот пол. За мене ова е генерално дека младината е килава и дека треба да се осамостои рано-рано и сам да си брка работите

Anonymous said...

Текстот е во ред не има сите во него повеќе или помалку и не е наменет за пол машки или женски. Нас како сите да треба со име и презиме да не посочат за да сватиме дека некои работи страшно погрешно ги правиме.

Anonymous said...

А колку ќерки има што се понашаат како татини „принцези“... нит ручек прават, нит маса креваат, нит машина за перење знаат да уклучат... ништо.
Што правиме со нив !?

Anonymous said...

А колку ќерки има што се понашаат како татини „принцези“... нит ручек прават, нит маса креваат, нит машина за перење знаат да уклучат... ништо.
Што правиме со нив !?


Таму негде осумдесет и треќата почнаа и жени у војска да примаат (за што имаше дебели заебанции http://www.youtube.com/watch?v=Dt3earghR0w) така да може е тоа решението за принцезите (нот). Али и Тозијка да дојде у војска и таму да “наросува“ памет, да видиме дали ќе ја пуштат порано или ќе освои продолжителен курс.

Иначе мила ампак драга блогерице, носење на детето од мало по концерти за да ТИ бидеш кул, може само да го оглуви не и да го научи да пегла. Олабави малце у праење паметна и ќе увидиш дека проблемот е во немање стандард да се издвои младиот човек од домашните, ништо друго. Додуша и старите се нападно досадни со грижата али тоа се решава за трен кога малку од невозможната самосталност би се осетила.
Ај така остани ми секси и види нешто запери на рака, секако натртена над кадата.

Зоран Димовски said...

Човекот се формира од зависност на околината. Тоа е неоспорен факт. За да биде одговорен треба да му се пресади одговорност уште од мал и да ја искусува таа одговорност во текот неговиот живот. А дека војската треба да е задолжителна и тоа ќе оправи нешто, тоа е жива глупост (да не речам една од најголемите глупости, како -do as you're told without questions asked - и ќе им го пресадат у глава).

Рокенрол концерти, викање, урлање, опивање, дрогирање, сексање на сите страни - тоа не е одговорност, и тоа е уништување на здравиот разум. Да не се залажуваме дека тоа ќе го опамети или ќе му даде доза на одговорност.

Текстот е во ред, ама споредбите т.е. дел од предложените решенија (војска и рокенрол концерти) се тотално промашување и нема да реши ништо, ама баш ништо.

Во какви услови е роден? Дали има да јаде дома? Дали неговите родители се психички здрави за да потоа тоа дете израсне како личност со здрав разум? Во кој општествен систем живее? Кои се општествените вредости во моментот? Дали е финасиски ситуиран за да може да си приушти квалитетен развој и образование? И уште еден тон други работи кои треба да се земат во предвид.

П.С. Ова со војската ми е како овој у Србија шо ги тепал хомосексулците у црква и со тоа ги лечи.

dangthe said...

Хмм, интересна тема. Ќе споделам сопствено искуство: Јас имам такви 'тапа' родители какви што опишуваш во текстот, наближувам до 30тата, не секогаш кога ќе одам до кај моите ме третираат како да имам 10 години. Уште како мал секогаш кога сум сакал да преземам одговорност за себе, како на пример сам да си поставам за јадење а потоа и да соберам позади себе, или сам да си ја средам собата, секогаш сум наидувал на 'ај бегај сеа, лом ќе ми напраиш у кујна' или едноставно ќе се вратам дома од негде и собата ќе ми биде напраена пиц-пец и бонус: распоредена по нечиј туѓ вкус. Дали тоа ме нервирало? Од дното на душата! Ми идело бокс да и учукам на мајка ми кога ми го правела тоа. И после многу жолќни расправии, она продолжувала тоа да го прави, и ден денес го прави кога има шанса за тоа. Дали тоа мене ме направило неодговорен дебил? Не, јас со сигурност можам да кажам дека сум сосема одговорна личност. Живеам надвор од дома, сам си готвам, сам си перам, сам си купувам, сам си чистам, сам си организирам. Тоа што моите родители практикувале такво родителство не значи дека јас сум се препуштил на истото или дека не ми е познат концептот на одговорност. На крајот на денот, се сведува на конкретната личност. Има и деца на родители кои од рана возраст се обидувале на своите деца да им наметнат одговорности, па сега тие деца зимаат плата и ја пијат до 10ти во месецот. Нема правила во развојот на една личност. Да не се сватиш погрешно, јас во огромна мера се сложувам со тоа што текстов го има како поента, а тоа е дела младината кај нас некако многу е ориентирана кон легачење и точно е дека поголем дел од одговорноста треба да се побара кај родителите на тие деца, меѓутоа тоа не е правило. Кога ќе размислам, се е некако поврзано едно со друго - нискиот животен стандард им оневозможува на младите добро да заработуваат и да се одвојат од дома; тоа што остануваат дома ги остава подложни на зрачењето од родителскиот реактор на прекумерна грижа што ги прави по комфорни во домашна атмосфера кај што некој ќе се грижи за нив; што им ја намалува амбицијата да преземат нешто во врска со финансискиот аспект на нивното одселување од дома. Во моменталнава општа финансиска состојба, која лично ја сметам за потапа од пред неколку години, мислам дека доаѓа до поларизација - се појавуваат повеќе одговорни млади луѓе од една страна, и повеќе легачи и готовани од другата. Личен избор е на кој страна ќе бидеме :P

Јована Тозија said...

Фала ви на сите за коментарите.

1. Не реков дека е правило, ниту пак исклучок, туку калап - луѓе кои што премногу ги тинтраат дома се развиваат во неамбициозни суштества.

2. Војската не беше фокус на текстот, не знам зошто сите се фатија баш за неа :)))

3. Осамостојување кај нас од мали години е тешко изводливо, заради стандардот. Има влијание но не е пресудно. Порано луѓе живееле во заедници не само со родителите туку и со бабите и дедовците, па пак се развивале во здрави прави одговорни личности.

4. Не опфаќам само машки во текстот. И малите принцезички што само машкаат нокти и се шминкаат за во школо уште од 15 години се во истиот кош. И тука се криви родителите што ги пуштаат со штикли и шминка да одат на училиште.

5. Анонимец 4: Ако имаш да кажеш нешто конструктивно, повели, ако не фала и пријатно. Сосема е во ред да не се сложуваш со мене, и не мора да ме вреѓаш за да го искажеш тоа.

6. Рокенрол концерти не е = дрога и опивање.

Бидете добри.

Anonymous said...

Све што ти кажав беше конструктивно, пет пати препрочитав и не видов навреда упатена кон тебе. Кажи што те навреди? Ама стварно, не “шо да ти праам ако не сфаќаш“ фори.
Анонимец 4

Јована Тозија said...

кхм, остани секси и запери нешто на рака, натртена над кадата?

Anonymous said...

Што навреда, тоа беше само потсетник за еден подзаборавен еротичен апиренс на понежниот пол во овие модерни времиња, нешто ко совет од Космополитен, чраст ми.
Анонимец 4

Anonymous said...

3.Осамостојување кај нас од мали години е тешко изводливо, заради стандардот. Има влијание но не е пресудно. Порано луѓе живееле во заедници не само со родителите туку и со бабите и дедовците, па пак се развивале во здрави прави одговорни личности.

- За кое ПОРАНО прaвиш муабет? Јас знам за порано на времето имаше деликвенти,растурикуќи и параспурџии еден тон. ШО има врска лебати живеењето во заедница со развитокот на интелектуалното ниво!? Ако ти си стабилна интелигентна личност,многу поголема е веројатноста и детето да ти биде такво него ли деликвент,наркоман,пијаница...СЕКАКО ако не го испуштиш од рУки. Младинава била "килава". Дај не сери,ко да во од Тито времето се раѓале со 2 факултети. Родителот е огледало на детето,како ќе си го воспиташ такво ќе го гледаш по дома. Дали како пувеж шо врти во бермудскиот триаголник Pc/кревет/Wc шоља или има да земе правосмукалка,мифка да забриши,кајгана да запржи,по дрва да појди да исцепи и ред други примери.

Едноставно е...така ги вАспитале.

И да,муабет од тиот на "порано" или "на времето"/"у мое време" ептен ме курчат,се ставаш во позиција ко да имаш пиено кафе или пак заедно си седела во клупа со Тито,Карев и Гоцета Делчев.

Анонимус Дејан

Back
to top