Las Palmas de Gran Canaria (part 1)
Канарски острови се едни островчиња близу Мароко. А и припаѓаат на Шпанија. Империјализам, колонијализам, капитализам или ако милувате било кој друг вид на -изам… не е логично, ама тоа е. Дозволете во овој пост да ви го раскажам моето патешествие натаму.
Додека бев на студии во Германија, на гости ми беше дојдена една другарка од Шпанија. Каталонија поточно, да бидам политички коректна. И меѓу другото ме извести дека во Фебруари со нејзините другарки (кои што јас ги познавав) ќе одат на гости кај една друга нивна другарка (која што исто така ја познавав) и ме праша да не случајно сакам да одам со нив. Не требаше да ми каже два пати. Отворив www.ryanair.com (све им се позлатило) и дур кажеш Гармишпартенкирхен си купив повратна карта за 49 Еур. Падна договорот, се наоѓаме на аеродром, тие летаа од Барселона (преку Мадрид) до Лас Палмас де Гран Канарија, а јас од Франкфурт Хан директен лет.
Франкфурт Хан е еден аеродром што опслужува чисто Ryanair летови (и по некој залутан Wizzair лет) и се наоѓа на 100 км од Франкфурт. На кој основ го крстиле Франкфурт Хан не ми е јасно, ама ај. Летот мој во 6.30 сабајле. Пат со автобус од Франкфурт до Франкфурт Хан саат и четириесетипет минути. Тоа значеше дека треба да фатам воз од Фулда во 1 саат по полноќ. А таков немаше. И си направи Јована план во главата, среда одам на работа во Франкфурт, седам на работа до 9 вечер, го фаќам последниот шатл бус за Франкфурт Хан, пијам кафе на аеродром, ги фаќам најудобните железни фотељи и во 6.30 сабајлето ко кукурек пичам накај канарски. Арно ама…
… та не сум била саде јас што сум размислувала така. А стварно мислев дека идејата ми е генијална и уникатна. Последен лет во 23.30, аеродромов крца луѓе ко у фонд за здравство! Ај што немаше слободна фотеља, туку сите факмански ќошиња беа зафатени. Требаше да се распостелам на средина на аеродром. Ааааа, си викам тај филм нечеш гледати. Видов едни фини шпанци, и ги замолив дали може да да ми отстапат дел од нивното легло. Се удруживме, шо да ти кажам. Па јас ко ќе одев до ВЦ, тие ми го чуваа ранецот, и обратно… абе шо да ви расправам.
Да спиеш на мермерен под во сред Фебруари и притоа константно да те шиба промаја во кичма ти е како кога ќе ти влезе снег во кондури при скијање. Прави што сакаш, покривај се колку сакаш, пиј чаеви колку сакаш – ЏАБЕ Е! Башка сврти се на една страна, колкот те боде, сврти се на друга страна, пак колкот те боде… Излегов надвор да испушам една цигара и да пребројам уште колку минути имам до полетувањето. Еден дечко со иста агенда како и ја, само што тој леташе за Рим, се најде до мене и ми ја запали цигарата. Почнавме муабет. Си викам па боље ова отколку да се кичмам на тоа мермерот, ќе спијам во авион. Тој па, еден зборлест, јас фекалии да јадам во споредба со него. А замисли Германец. Помина така уште саат и пол, а кога испивме кафето, и ја викнавме сметката, келнерот не праша дали ќе платиме заедно или одвоено (стандардна процедура во Германија). Јас откако му дадов академски 3 секунди фора да ме почасти одговорив со одвоено (частење од страна на Германец ти е посебна философија што и ден денес не ми е баш најјасна како функционира), а дечкото на тоа ми одговори: Аха, значи ти си од оние жени што не дозволуваат да ги частат, и си даде точно 3.70 Еур за неговото капучино. А не ни даде приговор на моето одвоено! Си викам: Бачко, да сакаше да ме почастиш кафе, ќе го платеше и немаше многу многу да философираш. It’s as simple as that.
Поџавкавме уште малку и дојде време да полетуваме. Фајнали. На мене и моите подочњаци ни претстојуваа 4 саати лет во кој што на секои 20 минути преку разгласот се промовираа те Ryanair грепки, те безникотински цигари кои што е дозволено да се пушат onboard (!?), те понуди од менито од типот магдонос за меѓу заби за само 7.99… Значи спиење амин. Слетавме во Лас Палмас, моите подочњаци веќе беа пурпурни, но тоа не ми беше важно. I was in fucking Canarias!!! И тоа со зимски капут, баретка, шал, џемпер, кошула и боди. Само ѕиври не носев. А надвор едни 27 степени целзиусови, едно сонце, едно плаво небо, една милина… Саатот 10 и кусур а Лаура и компанија требаше да слетаат 12.30. Арно ама…
… баш тој ден некоја си бура, задоцнувања на територија на цела Шпанија од типот неколку часовна. А и другарката што требаше да не пречека на аеродром заглавила на работа, не може да дојде одма на аеродром. Мене книгата веќе прочитана, МП3 плеерот веќе без батерии. И ко нарачан едно чиче без горна и долна вилица ми прави poke со лева рака на десно колено и почнува да ми зборува на шпански. Моите познавања од шпански се скромни. Знам да се разберам за дирекции, да купам леб и млеко, да прашам донде еста ла библиотека, со раце и нозе оствараувам неколку минутни разговори, но дека со чичко без заби ќе имам двочасовен муабет во кој што ќе разберам СЕ - е тоа немаше ни во најлудите сништа да претпоставам. И така чичето без заби ми раскажа дека ја чекал ќерка си која ја немал видено со години. Имено некогаш живеел среќен живот со жена му и трите деца, жена му била многу богата, парите и биле од наследство. Тој тие пари почнал да ги троши на кокаин, жена му го оставила, ги зела децата со себе, тој последните 3 години ги поминал во лекување, сега работел на некое си градилиште (за воља на вистината имаше црно под ноктите) и ја чекал ќерка му која ја немал видено со години. И слика ми покажа. И не знам зошто, ама чичево не ме пушташе да му киднам. Ја во ВЦ, тој по мене. Јас на цигара, тој по мене. И тоа онака јас намерно се задржувам во ВЦ 10 минути, излегувам надвор а тој окезен ме чека пред ВЦ-то и ми вика: Да не имаш проблеми со стомакот? А кога слета авионот на ќерка му, отиде да ја чека и веќе не ми се појави пред очи. А јас останав со збунет лик као камионџија во спејс шатл да се прашувам: Did this just really happen, or did they slip something in my coffee?
Таман си реков, ок доста ми е од зборлести луѓе, дај да дремнам малку, ми прави некој poke на десно рамо и ми вика: Хавана, ти си? Естела пред мене, во апостолка со бронзен тен ко Бијонсе. Викам да да, Јована, таа сум. Се изгушкавме, се избацувавме и сосе двајцата батки со кои што беше дојдена правац на шанк. Ни два ни три, нарачува едниот од батките тура рум. Си викам почна. Тоа е тоа. Почна. Саат и пол и неколку тури рум подоцна стигна и Лаура и компанија.
Беа тоа незаборавни 4 дена на 30 степени во сред Фебруари. Ако не ме мрзи, наредниот пост ќе му го посветам на тие 4 дена. До тогаш ве оставам со прекрасното канарско зајдисонце.
2 comments:
Post a Comment