Шутрак


Велат не требало да се занимаваш со луѓе, требало да се занимаваш со идеи. Но такви сме ние шутраците. Подобро не знаеме. Нема кој да не научи. Нажалост.


Сакам во овој блог пост да ви раскажам како се одвиваше една моја дискусија т.е. еден мој обид за дискусија со еден фактор во државава. Тој фактор е универзитетски професор, на чело и пишува хелсинсшки комитет за човекови права, екстремен левичар, поборник за демократија во државава и правото на сопствено мислење. Г-ѓа Мирјана Најчевска. (ви го пренесувам само делот од моите и нејзините коментари, бидејќи имаше и такви кои што масовно ја тролаа, и иако беа многу смешни за дискусијава се ирелевантни).





После овие мои два коментари и неколку тролања следеше одговорот на Најчевска


Јас повторно молам за совет:

Најчевска повторно за тоа колку сме шутраци

Јас по трет пат молам за совет:

... и се приклучувам во меѓувреме на обсервацијата на интересни синдроми


Цела вечер одговор нема. Утредента мудро констатирам дека госпоѓата професорка не знае да ми даде одговор на прашањето:

Директно прозвана, професорката одговара на коментарот мој дур да кажеш Гармишпартенкирхен

Крајот на овој разговор кој што го краси делото. Шлаг со цреша на крајот.

Госпоѓо професорке, алал нека ви се ароганцијата, препотентноста и елитизмот со кои што си го нагрдувате звањето професор. Вашата доблесна професија, пренесување на сопствената мудрост на другите, се срами од вас. Сигурна сум дека и таму во хелсиншките структури ги учите луѓето што се човекови права, дека основното човеково право во имање на сопствен став и негово слободно изразување и како да не се толерираат оние чиишто ставови (според некои веројатно вам дефинирани принципи) се глупави.

Го објавувам ова, не зошто имам нешто лично против вас. Туку дека крајно време е професорските структури да се симнат на земја меѓу обичните смртници. Вие сте тука за да не научите, да ни го пренесете вашето знаење, за да не опаметите. Доволно ми е што 20 години уназад секогаш кога ќе излезам од државава трпам омаловажувачки коментари и се трудам да се претставам и себеси и мојата земја во најдобро можно светло. Да, колку и да не сакаме да признаеме сите по малку го носиме тој комплекс на ниска вредност во нас кога ќе преминеме граница. Доволно ми е што на сите морам да им објаснувам зошто во центарот на главниот град имаме лунапарк. Доволно ми е што шефот на работа (Енглез) ме прашува што мислам за Скопје 2014, а мене преку глава од античко-словенски дебати. Доволно ми е што на сите можни странци, кои што ми попуваат дали требало или не (за да бидеме политички коректни) да го имаме Аце на сред плоштад, онака ко курназ Атанас им кажувам дека тоа ама ич не е нивна работа.  Доволно ми е. Доста не омаловажуваат од надвор. Кажете ми како да не бидеме шутраци или with all due respect STFU.

Мене искрено ми е преку глава од интлектуалци кои што ме нарекуваат глупава без да ми понудат решение како да се опаметам. Со вакви методи на блокирање се служеше на времето Јанко, кога водеше фудбалски натпревари на Канал 103. И кога ќе му се јавеше некој да му каже дека е премногу вулгарен за да биде водител на радио, го исклучуваше од етер без пардон. Ама на Јанко му е простено. Со истите вакви методи се служи и Зоран Божиновски. И тој не трпи мислење различно од неговото. И него му се простени ваквите потези. Вам не ви се.

Нема да должам многу, и ова внимание што ви го посветив е премногу. Се надевам дека текстов ќе го прочитаат што повеќе ваши студенти и дека ќе сфатат каков интелектуалец сте. Се надевам дека ќе кренат рака на вашите предавања и дека ќе ве замолат да ги аргументирате вашите ставови. Не само да ве замолат, туку и да настојуваат да ги аргументирате. И да не се задоволуваат со пренасочување кон вашите публикации колумни и останати четива. Што ќе направите тогаш? Ќе ги избркате од предавања по принцип на нулта толеранција за глупост? 

P.S. Шлаг на тортата. Овации ве молам.

CONVERSATION

12 comments:

Бриј said...

predrasudi prema troloj. i ti gi imas. nikoj ne svakja seriozno trol na fejs i ne se zamara da mu objasni
ps: Bojan pobedil

Anonymous said...

Se dur se obiduvame da gi sogledame rabotite preku principot narecen " unazad" , mislam deka i po sto pati da ne prosvetluva bilo koj prosvetitel, ke si ostaneme tamu kade sto sme, VO TEMNINATA, i kratenkata STFU i ne e nesto so koe mozes da se izjasnis kako pameten, a uste po malku fraer! (vulgarnostite pogrduvaat a ne prosvetluvaat!!!)

Anonymous said...

Одамна ја блокирав Најче и нејзините изливи со кои навредува 2 милиона народ, само затоа што сите не става под исти кош, а притоа не се труди да објасни колку е таа голема, со сета нејзина интелектуалност.(иронија и сарказам има на мојата тастатура)
Одамна не е веќе поборник за човекови права, а уште помалку професор.Таквите ко нејзе, кои веќе навлегле во политика, одамна не подучуваат, туку политички сакаат да се афирмираат.Колку побрзо го сфатите тоа така, како што е просто и едноставно, толку помалку ќе ве болат нејзините зборови( повторно мојата тастатура).
И да се вратам на моето блокирање на Најче.Таа сега има уште еден профил, па и јас случајно вчера ги прочитав овие коментари.Повторен блок и се надевам веќе никогаш нема да слушнам за неа, а уште помалку ќе и ги посетам блоговите или ќе ги прочитам нејзините публикации.Потрошен материјал, кој е подготвен на се само за да си ги задоволи своите потреби.Од такви памет не барајте.
А за делот во кој ја споменуваш ниската вредност, воопшто не си во право.Зашто би се срамела од сопствената земја?Партија, споменик!Тоа е исто како да се срамис од мајкати затоа што дома има миленце на ТВ-то или сака да гледа Пинк.Јас ја сакам својата земја, без разлика кој е на власт,И што ќе никне во центарот на Скопје.

Краљ said...

Окно им е жариште на овие, кој од кој поарогантни и поисфрустрирани, си се собрале на куп и се замишљаат водители на интетелектуалците, стопани на народот.. А за жал мнозина такви се имаат напикано во образовниот систем и ни ги трујат децата со нивни интереси...

Anonymous said...

Шуки е цар :)

Sash said...

bravo

Anonymous said...

И од Горан Пеоски коментарот беше урнебес :D А инаку на кој факултет предава професоркава???

Igor Milanov said...

Mi go napravi denot ovoj post! Fala!

Anonymous said...

Браво за ставовите, а професорката под партизанско име „Најче“ има проблеми од психолошка природа кои ги видов уште пред икс години кога во мое присуство лобираше во Македонија да се направат посебни избирачки места за жени, а посебни за мажи во деловите населени со Албанци, оти на жените таму им било непријатно да одат на гласање во простории кај што има мажи, и околу кои што има мажи (пред овие две мои очи и уши тоа го кажа авторитетов за шутраци!).

А еден коментар на блогов апсолутно го изрази моето мислење кое досега не знаев како да го вербализирам: „Зашто би се срамела од сопствената земја?Партија, споменик!Тоа е исто како да се срамиш од мајка ти затоа што дома има миленце на ТВ-то или сака да гледа Пинк. Јас ја сакам својата земја, без разлика кој е на власт, и што ќе никне во центарот на Скопје.“ Браво!

Anonymous said...

Јована, морам да ти признам дека “целизходно“ ја потроши енергијата во насока на нечија дискредитација, но по се изгледа најмногу себе си се дискредитираш со вакви “шутрачки“ постови. Само го потврдуваш она што Најческа го констатира секојдневно.
Само одговори си го сама прашањето- “За каков народ може да станува збор кога од самостојноста до денес одбира елити на кои личниот и партиоскиот интерес им е пред националниот?!“
Или може треба Најческа да вели дека “Народот е во право, па дури и кога греши“ и тогаш ќе биде супер, така?

Anonymous said...

Фрустрациите што овој створ ги носи во себе веќе подолго време растат, и за жал успеваат да провоцираат некои од нас. Основната разлика помеѓу вас двете е што ти си свесна дека откако ќе го напишеш блогот мораш да продолжиш да се занимаваш со сопствениот живот, и ќе потенцирам сопствената ИНТИМА, додека „нечу да ја именувам“ ќе мора, како и во изминатите 50 години, да ја скрие потрагата по својата сексуалност под нејзините апстрактни множини од калибарот на шутрачки народ. Безброј пати сум и кажала дека паламудењето (во интелектуален или простонароден вокабулар) не го заменува одразот во огледало. Sorry honey...
П.С. Вака суптилно барам од дотичната да признае кој и го даде правото таа да одреди каде на оската на глупоста се наоѓа нулата...
П.П.С. Оо, колку сум посреќна што не го читам блогот нејзин. Оооооо!

Anonymous said...

Ако никој не протестира против споменици на војводи кои се одрекле од македонскиот народ и отворено изјавувале дека нема Македонци и дека всушност тоа се Бугари во тој случај сме дефинитивен, конечен и иреверзибилно пореметен , составен од шутраци, идиоти и морони , народ.

Back
to top