Турско
кафе ти е батка институција. Една од оние институции што треба да бидат
обележје на државава (иако се вика турско). Let’s face it – 99% од нас по дома
пиеме турско (We are the 99%). А кога седнуваме на кафе во град пиеме – ладно
матено нес со шлаг, топло нематено нес, фрапучино со кршен лед (!?), долго
еспресо во голема шоља, ладно макијато без лед, капучино со шлаг и цимет…
Замисли ти доаѓаат странци на гости. Ги шеташ ти низ град, низ чаршија, кале, им ги покажуваш сите 187 споменици на плоштад и се решаваш да ги однесеш на кафе на скопската Шанзелизе ака. Ленинова. Да видат шмизли, снобови да видат, да видат тие дали и тамо, голи газиња се шетаат рамо до рамо. Седнувате вие во некој од тие кафичите, таму кај што ќе најдете празно место се разбира, и ти нарачуваш три турски, две благи за нив и едно горко за тебе. Келнерот наместо да те погледне попреку со поглед кој што ти кажува „Леле, кој ќе пали пак плинско“, ти се насмевнува, и те прашува дали е тоа се. А тебе ти текнува дека седиш со странци кои не поштуваат вода од чешма, па нарачуваш и две негазирани флаширани води, и обична чешмовача за тебе.
Стига келнерот после 5 минути, со три мали послужавничиња, а во секое од нив: мало ѓезве, шоља за кафе со средна големина, парче крушевски локум во тацната од шољата и мала чаша со вода. Тие нарачаните води си следат екстра. Ова малава чаша со вода иде во пакет со кафето. И ги сервира така послужавничињата и си оди, а странецот останува збунет бидејќи не знае што е направата пред него. И ти му викаш, ко на ретардиран – полека и гласно, нагласувајќи ја секоја буква од зборот Ѓ Е З В Е. Ѓезве, нот гезве. Ѓезве! И правиш раз два три во насока обратна од стрелките на часовникот и му го тураш кавето во шољата додека тие го испитуваат локумот и те прашуваат: Ова желе е? Им објаснуваш ти дека е тоа задолжителен додадок на турско кафе, го тураш и твоето горко турско во шоља и правиш шмрррррррррррррк…. аааааааааааааааааххххх. Турско не е турско ако не се слушне шмрк при првата голтка.
После доволен број на изнагледани голи газиња по скопската Шанзелизе, вие станувате да си одите, а странецот на тебе ти вика: Сакам дома да им однесам турско кафе, да пробаат. И ти очекувајќи го ова, бидејќи не е ни прв ни последен викаш како не, како не и го носиш правац супермаркет и купувате 10х100гр. паковања турско кафе. А откако мудро ќе заклучи типот дека не бива да го готви турското во тенџере, го носиш ти на една од оние тезгине на плоштад, и купувате ѓезве на кое што пишува: Greetings from Macedonia.
Па мме!!! Кога читаме водичи за патување во други земји, ако ни препорачуваат во Ирска обавезно да пробаме Irish coffee или во Австрија Виенско кафе (и ден денес не ми е јасно што е специјалното во тоа кафе) зошто да не може странците да читаат во истите тие водичи препорака обавезно да седнат во едно од скопските кафулиња и да го нарачаат традиционалното турско кафе. Зошто не ги негуваме традициите кои што и онака секој ги практикува по дома и ги квалификуваме како старомодни, наместо да работиме на тоа како од нив да направиме бренд и да ги монетизираме како што го прави тоа секоја нормална држава? А не, во државава може турско да се нарача само во кафани, и тоа ги варат сите горки, кај ги варат сите горки, ги превриваат па од кајмак ни к не се гледа, па ми носат шеќерче и пластично лажиче од страна. Ма ајде...
5 comments:
Kaj nas imase klienti od Svedska. I im svarivme tursko na rabota. Posle cela nedela baraa po 2 pati dnevno da im varime. I normalno da im dademe recept za pravenje na turskoto, oti drugite kafinja (povekjeto)samo se poparuvaat so topla voda i tolku. Nakraj gi isprativme so po 2X500gr..... Na slednoto odenje za Svedska dobivme poracka :) tursko kafe 1 - 2 kg, kolku moze da donesete :).
Е тука се гледа идиотштината на нашиот народ и македонската клетва дека секогаш ама баш секогаш странското е подобро од нашето. Ќе споделам едно искуство од Солун од кафич во кој што се спремаше само турско кафе. Во цената на кафето беше вклучено: турско кафе сварено во џезве, шише вода, коцки шеќер и нормално неизбежниот локум. Кафичот беше секогаш полн и сите пиеа турско кафе пошто тоа не можеше да се добие на друго место.
Ne deka zemjata e losha ili boze chuvaj, deka nemame sto da ponudime. Glupost! ednostavno ni trebaat lugje kako Jovana sto znaat da go isfilmuvaat proizvodot...ili rechi go, adetot vo prasanje. Dzabe ni se erusalimi na balkanot, aleksandrovci i bukefali i karposhovi vostanija ako ne znaeme da gi raskazeme prikaznite povrzani so sevo ova. Ama toa se menuva i sum presrekjen sto gledam naokolu se povekje i povekje vedri entuzijasti.
Препорака, во Занзибар служат одлично турско. Не е со ѓезве како што го опиша ама сепак не ти даваат шеќерче и пластично лажиче. Сепак, странците кои јас сум ги шетал наоколу (а ги имало многу) не се многу воодушевени од турското (како можело кафето со талог да го пиеме). Иначе се знае, турско си е турско.
Работев во грција во хотели 2 години по ред. Во Грција ми порачуваа greek coffee, Бугарите кои работеа таму го викаа Бугарско кафе, Турците си го викаат турско кафе (така пишуваше во мени во Бодрум), еден од мировниците ми кажа дека во Босна било Босанско кафе, а во Србија го крстиле Српско (поради одредени причини). Само во Македонија уште се вика Турско кафе! Имаше обиди (и има сеуште) за да се преименува во Македонско, но безуспешно, поради тоа што сеуште дома го викаме Турско, а со тоа во мени би било глупо да биде Македонско. Некој ќе си каже, WTF???, кое е ова кафе пак сега????
Post a Comment