Ако сакаш да казниш некого, прати го во Македонија во предизборен период. Има да го сронцаш трајно. Што би рекла мојата муза Сабина, ќе биде “оштеќен, и духовно и материјално”.
Зошто се бре толкави Индијанци сите? Никако не ми е јасно. Ок, пред 20 години не знаевме што е повеќепартиски систем, се тоа беше ново за нас, па си мислевме дека ако викаме “Бранко е пијаница” или “Љубчо е психопат” сме завршиле работа. Ама 20 години се доволен период за да се созрее на било кое поле, па дури и политичко.
Не научија дека партија не се поистоветува со еден човек. И едните и другите. Груевски не пропушта прилика да биде присутен на било кое свечено отварање, сакајќи со тоа да покаже дека е директно негова заслугата, а не на целокупниот систем кој што го предводи тој и неговата администрација. Црвенковски пак, по не знам кој пат е претседател на СДСМ, од проста причина што целокупното членство нивно се поистоветува со него. Бранко е цар и крај. И дури и меѓусебно си помагаат и не дозволуваат да се развијат во партии со идеали. Црвенковски ја ословува ВМРО како Никола, а Груевски го ословува СДСМ како Бранко. Со ваков став гласот на политички неопределено лице не го добивате.
Не научија и не научија дека во очи Божиќ прасе не се коле. Цела година предупредуваат од ЕУ дека ќе има санкции ако не се направи ништо со лажните азиланти. И додека власта одеше во Шутка, Арачиново и каде уште не да (молим ти се!) едуцираат население, азил туризмот го организираше коалиционен партнер на власта. Јавна информација за која што буквално никој од “азилантите” не се плашеше да проговори. Е кога дојде до дереџето да се дискутира на тема враќање на визниот режим, МВР и министерката на чело експресно вратија назад од граница 500 азиланти. Вест број еден во сите медиуми. Како да ви кажам џабе е. Додека не видам организаторот да лежи затвор и континуирано да се работи на спречување на ваков хохштаплерај, гласот на политички неопределено лице не го добивате.
Не научија и не научија дека обичниот човек има и други грижи и проблеми во животот освен политиката. Не запоседнаа комплетно. Едните го купија интернетот. Буквално го купија. Каде и да кликнам, што и страна да отворам, манифести и отчети ми фрчат на сите страни. Другите од врата на врата со кафе, локуми и наполитанки. Бог да чува!!! Поидиотско нешто во животов немам слушнато. Ма да, морам да бидам искрена, во отсуство на мирисот на турско кафе и крушевски локум, еден таков да ми дојде на врата сега, со раце широто отворени ќе го пречекам и ќе му дозволам дури и флаер да ми даде. Но ако сум 4 години незадоволна, нити со отчет, нити со кафе гласот на политички неопределено лице не го добивате.
Не научија и не научија дека единствена публика на митинзите е нивното членство кое тоа го сфаќа како прилика бесплатно да се пропатува низ Македонија. Кога на сите им е јасно дека 70000 луѓе организирано се пренесени во Скопје и им е наложено да бидат таму за да се направи што поголема гужва, јасно е дека атмосферата е вештачки создадена. Со вештачко организирање масовни собири, гласот на политички неопределено лице не го добивате.
Не научи и не научи политичката младина дека слепо поддржувајќи ги стапките на својот лидер, без разлика колку и да греши, се претвора во трула смрдлива маса, неспособна да формира сопствено мислење. Се претвора во личност недостојна ни да оформиш мислење за неа, макар било и најнегативното на свет. Со такво членсто, гласот на политички неопределено лице не го добивате.
Не научија и не научија дека упорно укажувајќи на тоа колку е другиот за никаде не створаат мерило за тоа колку се самите добри. Извадија ВМРО финта: Директно вклучување од штабот на Црвенковски. Членството во дилириум се самозадоволува на видеклип кој што не спаѓа ни во категорија сатира, ни цинизам, ни… Тотално безлично омаловажување на опонентот. И таман си помислив дека СДСМ ќе бидат достојни да не го ни прокоментираат ваквиот потег, тие оп мило за драго: Директно вклучување од штабот на Груевски. Им покажаа убаво. Демек имамо и ми коња за трку. Со константно плукање на другите гласот на политички неопределено лице не го добивате.
Не научија дека со вандализам од типот на уништување партиски штабови не се постига ама баш ништо. Како ли побогу би и се наштетило на партија ако и се демолира партискиот штаб во село Љубанци. КАКО?
Не научија и не научија дека имањето на сопствен медиум како партиски разглас не го менува мислењето на народот. Латас од најнаградуван новинар во Македонија се претвори во скапа курва со јазик и говор на ептен ефтина курва, а А1 - најпочитуваната и најгледаната телевизија во Македонија, за да му цркне козата на комшијата и заради лично одмаздољубие, вади документирани афери во време на предизборие и кандидира сопсвени новинари за пратеници. Пази да не ќе ги објавеа јавно списоците ако го оставеа Велија на раат да дистрибуира смоки со поминат рок. Подмитувајќи медиуми, го губите угледот вие, медиумот, новинарите и гласот на политички неориентирано лице не го добивате!
Многу ми е мило што не сум во овој период во Македонија. Но и многу сум тажна што од дистанца морам да набљудувам и констатирам дека се уште сме во ерата на дивиот запад и едниствено нешто што ни фали за да бидеме комплетни ни е по еден пар каубојки и по еден шешир.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------
П.С. 4 дена откако го објавив постов и дробев за политичка култура т.е. некултура во Македонија, се појавуваат следниве два настани.
Јованче Ацевски (стечаец, тепач на студенти во слободно време) се жали на неговата 15 годишна невработеност и разводот со жена му како резултат на тоа
Бранко Црвенковски (лидер на опозицијата, бивши премиер и претседател на РМ) достоинствено одговара на провокацијата и објаснува зошто не е негова вината за разводот на Јованче.
И како што ВМРО-вците доживуваат оргазам секој понеделник кога Латас ќе извади нова колумна во Вечер, така од страна на СДСМ-овците имаше масовно самозадоволување на видеово. Не е битно што јазикот и говорот не доликуваат на еден бивши премиер/претседател. Битното е што тие откриле кој е Јованче Ацевски и што БЦ им го плеснал на ВМРО во фаца пар екселанс.
За партијата се! Лидерот кака наоколу, а омладина партије не убедува дека гомната не му смрдат.
8 comments:
Najs uan! Toa e toa, pogotovo delot okolu mediumite. sto ocekuvas koga urednicite se prodadeni ili poltroni, a novinarite rabotat od 150 do 250 evra.
Realnosta e taa, a vlasta ja ima onoj koj ke go ubedi narodot kakov sto e. A toj realno e: prost, nepismen, neobrazuvan, nevospitan, siromasen itn.
ama pazi ironija> tokmu ovaa slast voveduva zadolzitelno sredno i dava moznost n sekoja shupelka da studira (ednakvi moznosti, neli), spusta ceni vo skolstvoto, preveduva knigi, stipendira, dava gaga knigi, i na onie elitnite odednas ne im cini. Neli e toa ironicno?!
Daleku od toa deka ubavo ziveeme! ziveeme loso! Loso i tesko! ama bese poloso, jas znam licno. Te sfakjam, vo pravo si! No treba site da pridoneseme za da napreduvame. :) Pozdrav Alek
Не навлегувам тука во социјалниот статус на обичниот македонец - на сите ни е познат.
Она што ме нервира и сакам да го истакнам е нивото на политичка култура кое што е мизерно и субстандардно. И токму таа младина на која што и е наложено задолжително средно и овозможено бесплатно студирање го апсобира тоа како сунѓер.
Анализава ме бендиса! :)
Ima novost sto pred dva dena ja cuv. Sega kandidatite za gradonacalnici ke idele od kuka na kuka kaj sto se slavi matura za licno da cestitaat. Mislam ova ako se desi e vrv.
Господинот Горан Михајловски 100% го доловува она што сакам да го кажам. “Па да видиме која невеста на стар миксер меша и чија фризура на пржен кромид мириса.“ http://vest.com.mk/default.asp?ItemID=A8A2642AAE66ED44B8EEC982C36ABD12
Well written.
Хм ми се допадна текстот.. само некако негативно е.. да погледнеме сепак, ако ги изоставиме фалбите, се имаат подобрено многу работи по 2006. Мора некој и да се фали, умре циганката :D
Кај нас политичарите уште од поодамна научија како да ги тераат овците, али мене ме чуди овој народ после 20 годин гледање исата престава како не научи ништо. Одлично напишано. Само ќе додадам едно:
Кај нас политиката е од стилот кога ќе се замери на власта за тоа зошто нема сијалица во дневна, они на тоа одговараат дека во времето на СДСМ немало сијалица ни во вецето. И од тука почиња препуцавање за сијалицата во вецето, која боја е, колку вати итн. а вистинскиот проблем (сијалицата во дневна) ја забораваат, а што е најтрагично и самиот народ веќе не мисли на тоа, туку се расправа седејќи во темно во дневна кој е у право за вецето.
Post a Comment