Пандев на коњ
Новите македонски херои се родени. Горан Пандев и Карло Бос се новите Александар Македонски и Гоце Делчев. Одеднаш во Македонија и жените почнаа да бидат благонаклонети кон порноиндустријата, а Интер преку ноќ доби 2 милиона нови навивачи. Гледате ли што се случи само месец дена после визната либерализација? Ете зошто Европа толку ни го имала стравот… А тек замислете да влеземе во ЕУ!
Затоа со овој блог пост сакам да предложам нов проект за архитектонско уредување на плоштадот Македонија. Да се стави печат на новата македонска историја. Доста беше вртење назад. Горди со носевите во облаци, демократски и евроатлантски време е да зачекориме напред.
Како прво предлагам плоштадот да се трансформира во едно големо фудбалско игралиште. На средината на тој плоштад нашата нова гордост Пандев на коњ, кренат на две нозе! И тоа не било кој коњ. Коњчо Дорчо! Позади Пандев, на левата страна од игралиштето, војска во духот на македонската фаланга составена од играчи на Интер. Сите тие со по еден шлем на глава, македонското сонце на гради и златни копачки на нозете. А нив кон нова победа ги води генерал Жозе Мурињо.
Од газот на Дорчо деноноќно ќе свират италијански револуционерни партизански песни. Да ме прашате мене, јас би ја пуштила оваа да се врти на рипит 24/7. А и онака знамето ни е црвено…
Да не се заборави другарот Тито и времето кога нашите родители со црвениот пасош можеле да патуваат низ цел свет.
Пред Пандев, на десната страна на игралиштето, покорени играчите на Милан, сите слепи, секој трети со по едно око. На страна Берлускони тажен седи, плаче и не верува што се случува со неговиот тим... Некое си сељаче од Струмица му ја ослепило војската со еден слободен удар. Оние среќните што не гледале накај голот во тој момент имаат по едно око. Другите сите без две очи. Новинар го прашува што се случи, а тој одговара: Не знам како можевме да дозволиме да дојде до ова. Не фатија во заседа, преку ноќ... А бевме побројни!
За да се оддаде почит кон оние што претходно оставиле некаков печат во светот на фудбалот, предлагам лево и десно од Пандев да има две статуи од Панчев и Шаќири. На магаренца! Во духот на мултиетничкиот карактер на нашата држава и Охридскиот договор магаренцето на Шаќири ќе биде обрежено и со бело кече на главата. Магаренцата ќе имаат самари, и ќе бидат натоварени со вреќи ориз во кои ќе бидат скриени бомби. ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ ВЕКОВНАТА БОРБА НА МАКЕДОНЕЦОТ ЗА СЛОБОДА.
Од другата страна на игралиштето (кај камени мост) статуа на Карло Бос - како од мајка роден. Да не настане забуна, ние нити ќе ја реизмислуваме ренесансата, нити пак ќе пробаме да го имитираме Микеланџело. Карло Бос ќе биде како од мајка роден за да се овековечи периодот од неговиот живот во кој тој се занимаваше со неговата благородна професија.Благодарение на него македонското семе е далеку распрснато низ цела Италија, а богами и пошироко. Предлагам големината на неговиот полов орган да биде минимум третина од неговото тело. Така гол, со едната нога потпрен на златна фудбалска топка, Карло, свртен према Берлускони, ќе држи транспарент на кој ќе пишува: “Јас светот го разбирам како фудбалско поле во кое Пандев ви брца голови, а јас ви ги онадам жените. Македонија вечна!”
Повторно во духот на мултиетничкиот карактер на нашата држава, десно од Карло табла со превод од транспарентот на:
- албански
- турски
- ромски
- влашки
- српски
А бидејќи се стремиме да го направиме Скопје туристичка дестинација, додатно и преводи од транспарентот на: англиски, германски, француски, шпански.
Толку од мене.
П.С. Специјална благодарност до Виктор Војновски за креативната поткрепа.
П.П.С. Шала на страна, Горане, алал вера…
0 comments:
Post a Comment