Свињи на работа

Не ми е јасно како на некои луѓе им успева да не бидат забележани. Мене некако тоа не ми оди од рака, и кога сакам и кога не сакам. Некои мадафакери се самоубици и цел живот никој ништо чудно не приметува кај нив, а јас не можам да одам на вц на работа без да бидам забележана. Зошто се нервирам? Сега ќе ви кажам. Немам што да правам на работа. А кога немаш што да правиш на работа – сурфаш (или останати слични активности). Е мене шефот ме опомена да не сум сурфала, дека на некои луѓе тоа можело да не им се свиѓа, туку ДА СУМ СЕ ПРЕПРАВАЛА ДЕКА РАБОТАМ. Не станува збор за пола саат саат. Треба да го правам тоа ЦЕЛ ДЕН! Верувајте не е така лесно како што звучи.

Втора работа – да не сум слушала музика додека работам (т.е се преправам дека работам). На слушалки секако, не на звучници. Да – тоа давало ефект како да не работам, а јас нели треба да се преправам дека работам.

И конечно кога стигнаа задачите јас цела пресреќна воскликнав, нема да треба да се преправам повеќе, искрцкав прстите, искрцкав тастатурата и таман да почнам стигнува маил. Од оние корпорациските што ги праќаат на секого. Еден тип од фирмата што седи со мене во иста канцеларија се разболел од свињетина! Ладна пот ме облеа, тој тип претходниот ден седеше карши мене на паузата за ручек. Што би се рекло во фаца ми дишеше! Вака некако:

Одма пола фирма си отиде дома, останатите земаа средства за дезинфекција, и откако испопрскаа се можно почнаа да филозофираат во врска со свињетината. ЦЕЛ ДЕН! Само што добив работни задачи, си викам Јована, мани тоа свињите и покажи му на овој дека подобра си во работење отколку во преправање, можеби ќе го цени тоа. Арно ама таа бабата позади мене не сака да прекина да збори у вези свињама. Та опасно било, та лошо и било, па мислела дека ја боли грло – ама не ја болело, па едно време почна да осеќа како качува температура, малку поупорна да беше од автосугестија може ќе се разболеше. Јас веќе евидентно испиздена си викам, мечка страв мене не страв, ќе ги ставам слушалките во уво па нека пукне ѓаолот, не можам да се концентрирам од оваа. И само што ги ставив слушалките, ете ти го шефот. Марфи мамата еј!!!

Им кажав на цимериве дека имам свињетина на работа, ми рекоа да си седам во соба :) Веќе не сум им толку драга.

CONVERSATION

0 comments:

Back
to top