Галичник - македонскиот St. Moritz што живее 2 месеци во годината
За Галичник се врзуваат многу приказни, преданија и традиции. Веројатно најпознатата од нив е Галичка свадба која што се случува на Петровден, денот кога секоја година Галичник се претвора во она што е Охрид на 2 Август.
Меѓутоа вистинската фасцинација од Галичник не доаѓа од ваквите културни манифестации. Не доаѓа ниту од имресивноста на носиите, кои што ги има се помалку а вредат илјадници и илјадници евра. Не доаѓа ниту од погледот врз селото и прекрасните пејзажи, и покрај тоа што погледот врз селото буквално ви го одзема здивот.
Вистинската фасцинација од Галичник доаѓа пред се од народните преданија од луѓето што се родум или по потекло од Галичник. Јас како четврт галичанка имам и емотивна приврзаност бидејќи знам вистински приказни од тоа како мојата фамилија се тепале, бранеле и колеле со Гегите во нашата куќа кога правеле пустош на тие простори, до како тоа во една ноќ целата фамилија решила дека мора да бега од таму, и со по едно ќесе алишта тргнале пеш накај Скопје. "Еве Јована, низ овој прозор прадедо ти излегол од куќата, ги заобиколил разбојниците кои пробувале да ја развалат портата, ги нападнал од позади и го одбранил семејството..."
Кога ја слушав приказната, како да ми ја раскажуваше некој Сердарот во живо. И баш тоа ја натера братучетка ми (всушност братучетка на мајка ми, меѓутоа братучетки си се викаме и ние понекогаш) да ме однесе на една мала прошетка.
Непосредно пред влезот на Галичник има една козја патека која што се двои од асфалтниот пат и оди кон планината-брдото што се наоѓа карши Галичник. Тој пат води накај старата црква Св. Петка. Во Галичник има всушност две стари цркви Св. Петка. Едната се наоѓа во селото, во долното маало, и таа е старата црква на постоечкиот Галичник. Оригиналната стара црква Света Петка е црква која што се наоѓа на брдото карши Галичник, каде што изворно се наоѓало селото. И таму се одржува селската слава Преображение. Не во селото. Туку во црква среде планина. И тоа е целовечерна веселба и многу од луѓето преспиваат таа вечер на отворено на папрати или во шатори, зависно од временските услови. Веројатно заради непогодни временски услови, или заради многу напади, селаните - не знам точно кога - решиле да го преместат селото, и го преместиле каде што сега и ден денес се наоѓа Галичник.
По патот за Св. Петка, на околу 20 минути одење, има еден камен. Според преданијата на братот на баба ми, преданија кои што веројатно му ги кажал неговиот дедо, тоа е каменот на кој што седел Григор Прличев од каде што се инспирирал да ја напише Сердарот.
Доколку се најдете некогаш во Галичник, направете една рекреативна прошетка, и прашајте некој од мештаните или ако начекате некого по пат, каде се наоѓа точно каменот и како да го препознаете. Погледот е навистина пискотници се слушаат од Галичник до Река...
Постојат многу контроверзии нели околу оригиналната содржина и препевот - препевот содржи помалку стихови од оригиналот. Првиот превод на сердарот, некомплетен, од Прличев дури не е ни на македонски јазик, не е ни на бугарски јазик, туку она што имав прилика да го прочитам потсеќа на некој руско-старословенски јазик. На што јазик зборувале тогаш, мислам дека ни на најголемите лингвисти не им е баш најјасно. Но тоа не е битно. Сердарот е интегрален дел од секој од нас. Не учеа во основно школо да ја рецитираме и ги мразевме наставниците тогаш. Словенската антитеза ни се чинеше како комплетно бескорисна информација во животот. Меѓутоа кога ќе го погледнете мозаикот на Неда и вереницата на Кузман Капидан во хотел Неда, приказната се доживува малку поинаку.
Дали Прличев навистина седел на тој камен кога ја добил инспирацијата за Сердарот или приказната е само приказна на некој дамнешен Галичанец кој што решил дека тоа треба да се пренесува на идните поколенија - не знам. Тоа веројатно само Прличев го знае. Меѓутоа она што го знам е дека преданието постои. А народните преданија се интегрален дел од континуитетот на еден народ.
Сердарот е напишана 1860та година. Тоа се 150 години од едно маестрално книжевно дело. Ние имаме стари богатства кои што никој не знае да ги валоризира, брендира и уновчи. 80 сантиметри дебели камени темели на срушени куќи кои што ги аби забот на времето сведочат за историјата и приказните што ова село ги носи. Наместо Галичник да биде македонскиот St. Moritz - а ги има сите предуслови за тоа, од ски центри, до туризам со јавање коњи, до велосипедски и планински туризам со безброј можности, Галичник е само уште едно село во македонија со своите пет минути слава секој 12 Јули.
Ние немаме потреба да градиме постаро од старото. Само да го чуваме, негуваме, заштитиме и пред се промовираме она што ни е останато.