#НаТочак низ Прилепско Поле
Знаете како секогаш се организираат велосипедски маратони од разни велосипедски клубови? Па доаѓаат оние бајкерите со скапи точаци облечени во Борат униформи? Па се тркаат негде таму по планини брда низ калови и блата? И вие си викате еееееееј, баш ми се вози некаде вака, ама не можам јас со овие, ни кондиција имам, ни точак добар имам… нееееее бе профи се овие. А нити ти имаш лош точак, нити па тие се профи.
Викендов во Прилеп се одржа една малку поинаква вело-тура, концепирана така да може да присуствува секој обичен смртник што знае да вози точак. За оние зависниците од адреналин имаше осмислено и подолга тура – во неа имаше чат пат по некое брдце да се освои.
Фасцинантното на вакви тури ми е што секогаш се учат некои нови банални работи, банални работи што не ти е јасно како не си ги знаел до сега. Дали сте знаеле дека тутунот изгледа ВАКА?
Дали сте знаеле дека Дон Блаже Конески е од Небрегово? И дали знаете каде се наоѓа Небрегово? Дали приближно ја знаете неговата големина (освен што ја напишал македонската граматика)?
Дали сте знаеле дека во Зрзе има најдено темели на базилика од 4 век? ЧЕТВРТИ ВЕК!
Дали сте знаеле дека тоа дрвото од ‘Пред дождот’ се наоѓа во прилепскиот регион?
Не е секогаш се во спортските подвизи, која планина си ја качил, за колку време си стигнал и колку калории си потошил, битно е и што си видел и научил по пат, и дали приказните раскажани низ времето си ги слушнал и запомнил. Во земјава има многу што да се види и чуе, а доволно е мала за да може секое нејзино скриено ќоше да се истражи на точак.
Од турава како најмаркантно ќе го издвојам искачувањето до манастирот Зрзе, пред се поради две причини:

- искачувањето на сонце по угорница од скоро 90 степени пропратена со голтање муви и бидување домаќин на мушици – камикази кои завршуваа во нашите очи;
- погледот над прилепско поле вреден милион долари пропратен со чај од некоја рајска тревка што ни го припремија монасите и локум, што знам колку бил вкусен само од зборување бидејќи не стигнав да го пробам.
0 comments:
Post a Comment