#НаТочак низ западна Македонија vol.4 - Тур де Изборна Единица 6
Ова е една многу среќна приказна со многу несреќен крај.
Ден 1. Гостивар - Маврово - Дебар.
... и еден дрвокрадец со коњ по име Драган.
Огладневме за време на паузата, па дури да стигнеме до Маврово, почнаа да ни пеат цревата во хор, синхронизирано. А таму 1 Мај. Катанга. Рестораните преполни.
Откако фркнавме по 400 и кусур денари по порција (к'о Охриѓани се еј, 1 Мај, додади 30% на редовна цена, хоп профит), тргнавме накај Дебар. Првичниот план беше да спиеме во Ростуше. Меѓутоа стигнавме таму прерано, па рековме да продолжиме накај Дебар, за да имаме утредента помалку за возење.
А од Струга накај Охрид, Дарко стави слушалки во уши, ги рокна Продиџи до даска, го јавна точакот по стариот пат покрај езеро и стигна едно 20 минути пред нас :)
Ден 1. Гостивар - Маврово - Дебар.
Ги натоваривме точаците на воз рано сабајле, и во 8 и кусур веќе бевме во Гостивар, спремни да го истражуваме западниот дел од нашата земја. Откако доручкувавме и удривме достојна доза на благо, започна нашата авантура.
Делницата од Гостивар до патот што се двои за накај Маврово и Дебар беше хорор. Освен што дуваше силен ветар и врнеше ситен дожд, патот е толку фреквентен, колите возат многу брзо, камиони шишаат со 80 на саат, кај каменоломите има ненормална прашина што не ти дава да дишеш... Катастрофа. Накратко откако свртевме накај Маврово и првата дупната гума. Милина. Природа, цепени дрва, зелена трева, ние четворица...
... и еден дрвокрадец со коњ по име Драган.
Огладневме за време на паузата, па дури да стигнеме до Маврово, почнаа да ни пеат цревата во хор, синхронизирано. А таму 1 Мај. Катанга. Рестораните преполни.
Откако фркнавме по 400 и кусур денари по порција (к'о Охриѓани се еј, 1 Мај, додади 30% на редовна цена, хоп профит), тргнавме накај Дебар. Првичниот план беше да спиеме во Ростуше. Меѓутоа стигнавме таму прерано, па рековме да продолжиме накај Дебар, за да имаме утредента помалку за возење.
Видео репортажа од ден први (тазе завршени избори, соговорниците не можеа да се воздржат од политички коментари):
Последните 3 километри пред Дебар, одма после Бошков мост, не фати дожд, таман колку да направи беља и убаво да накиснеме. Стигнавме прилично мокри во Дениз Петрол, и откако натнавме сува облека, отидовме во ноќен живот во Дебар.
Ден 2. Дебар - Струга - Охрид.
Денот со најубаво време, најживописна природа и најубав пат. Освен покрај Дебарското, поминавме и покрај езерото Глобочица. Пејзажите се неописливи и не ни дозволуваа да се движиме со брзина поголема од 10км на саат. Ползевме по мазниот пат со зинати усти и се воодушевувавме на убавината, без да зуцнеме збор. Најискрена препорака: пројдете го патов бар еднаш со точак. Сегде божева је хубавина.
Мала кратка видео репортажа од вториот ден, преубавите пејзажи покрај езерото Глобочица.
Во Струга лајкабос, си купивме по еден донер и лименка пиво, и покрај Дримон уживавме во попладневното сонце.
А од Струга накај Охрид, Дарко стави слушалки во уши, ги рокна Продиџи до даска, го јавна точакот по стариот пат покрај езеро и стигна едно 20 минути пред нас :)
Ден 3. - Охрид - Трпејца - Галичица - Стење
Вожњата на мојот живот. Она што лани го замислив, годинава го остварив. Да се качам на врв на Галичица со точак. Едниот од нас - Ваљон, поради болки во грбот, 'рбетот и каде уште не, се откажа и си фати автобус за накај Скопје. Колку и да ни беше криво, испадна дека тој е најпаметниот од нас - и заради временските услови кои следеа и заради крајот на приказнава.
Охрид не можеше да биде Охрид без утринско шема кафе во Аквариус. Седнавме во аквариус и свртевме поглед накај Галичица. Планиниште. Со снег на врвот. Со облаци околу. Со невреме. Ма какво невреме, облаците горе ламбада играа. И од сите четворица што седевме на масата еден паметен не се најде да каже: Дечки, до Ресен има и регуларен нормален пат, можеме и од таму, не мора преку Галичица. Времево не ни оди баш во прилог. Не. Сите кој од кој поненормален. На никој не му текна дека Галичица е сериозна висока планина. Не некое брдо што го качуваме. На никој не му текна дека Галичица е планина од над 2000 метри надморска висина, и дека превојот е на околу 1500 (може нешто плус минус да има, не знам точна бројка - највисок патен превој во Македонија иначе).
Не. Ние бевме решени тој ден Галичица да ја качиме со точак, па мајка јана. Се поздравивме со Ваљон, тој отиде накај автобуска, ние го фативме патот околу езерото.

Се беше супер до Трпејца. Малку облаци, малку стрмни угорнички, малку езеро, малку сообраќај. Наполнивме вода во Трпејца, мавнавме по едно чоколатце за енергија, и тргнавме нагоре.
Видео репортажа, снимено на почетокот на исклучувањето од патот Трпејца - Св. Наум.
Еден Француз стои на патот каде што се двои делот за нагоре и автостопира. Го прашуваме каде оди. Вика одам за Битола.
- Ама дечко, знаеш дека за Битола има и нормален пат, регионален? Тешко дека ќе помине некој од овде со кола што оди за Битола од Охрид преку Галичица.
- Ако. Природата е тука поубава. Сакам да одам од овде. Ќе автостопирам до вечер, ако не ме земе никој, ќе се вратам назад во Охрид и ќе пробам утре пак.
Му пожеливме многу среќа, си рековме ох кутра душа ќе измрзне на дождов, како не можеме на точак да го качиме некако и тргнавме нагоре. Не поминаа ни три минути се слушна звук на кола од позади. Не премина колата, и французот во неа. Испадна дека тој нас ќе не мисли, а не ние него.
Откога скршнавме по патот нагоре почнаа заебанциите. Почна да врне. Па почна многу да врне. Па почна да истура. Па почнаа да паѓаат камења од небо. Па почна да дува таков ветар што беше невозможно да држиш правец. Па почна да дува толку силно и гласно што на моменти не бев сигурна дали од позади грб ми иде кола или дува ветар. Помислата да стојам на врв на галичица со точакот кренат над глава ми беше лајтмотив. Кога стигнавме горе, сфатив дека тоа е невозможно. Толку многу дуваше и беше ладно, се осеќав како Санка Ман во Калгари. Еве како изгледаше пристигнувањето. Не можам да ви опишам колку ни беше ладно, колку бевме мокри, и колку дуваше. Не можам.
Океј супер, се качивме. Сега треба некако и да се симнеме. Испадна дека симнувањето беше всушност потешко од качувањето. Мокри од глава до пети, со езера во патиките, кочниците стиснати до даска, ползевме надоле со два на саат додека дождот истураше, а ние од ладно и од болка испуштавме тарзански звуци. Да не слушаше некој ќе мислеше дека живи не колат. Ви животот така немам викано од болка. Кога стигнавме во Стење, бабата каде што бевме сместени кога не виде рече: ЛЕЛЕЕЕЕЕЕ, КАКО ОД ЕЗЕРО ИЗЛЕЗЕНИ!
Вечерта ја поминавме во јадење циронки и сушење облека и патики на/во ќумбе.
Ден 4. Стење - Ресен - Битола
Следниот ден тргнавме накај Битола. Последниот ден од турата. Нити сериозни угорници и планини кои што беа пред нас, а и времето многу подобро од претходниот ден. На пола пат накај Ресен не пречека Батачето, кој што не прошета малку и низ Ресен, ни наполни тазе вода од кај него од двор, и не дружеше до пола пат накај Битола.
Мала кратка видео репортажа од патот Стење - Ресен.

Стигнавме во градот на конзулите како победници. Сончево време, а ние без раце триумфално се возиме по булеварот 1 Мај, алеја каква што Скопје никогаш нема да има. Ги прошетавме точаците по широк сокак, ги наранивме гладните стомаци, а потоа бидејќи имавме време додека да тргне возот за накај Скопје, отидовме и до Хераклеа, на уште малку културно-уметнично продуховување. А таму - нашиот пријател французот.
- Ехееееј, пак ти! Успеа да стигнеш во Битола а?
- Леле дечки, не ми се верува дека сте живи и дека по она невреме со точаците ја искачивте планината. Ве мислев цел пат, и многу сум среќен дека ве гледам.
Разменивме броеви, мејлови, фејсбуци, за потоа никогаш повторно да не стапиме во контакт. Како што е редот.
Се качивме на воз назад, кој што со секоја наредна станица стануваше се пополн и пополн, за на пола пат веќе да почнат да висат луѓе надвор од прозор како во возовите во Индија. Ние јуначки се држевме до пред Велес, негде кај Чашка, и после заспавме. За кога се разбудивме во Скопје да видиме дека точаците веќе ни ги нема во возот.
Како што реков, ова е една многу убава приказна со многу тажен крај.

0 comments:
Post a Comment