Моторџиите, сообраќајната култура и Зоки Поки
Сурфав на еден блог, и стигнав до следниов линк на една Фејсбук група: Поддршка за Ален Зекиров. Ми се крена коса, ми се крена притисок, да имав такво, и таквото ќе ми се кренеше. И покрај тоа што мојот личен став во врска со настанов и групава е крајно екстремен, ќе се обидам да дадам неколку најобјективни коментари кон администраторот на групата и членовите.
Кон администраторот:
1. Типот со мотор прегазил пешак. Точка. На пешачки. Точка!
Јас верувам дека "иако е вработен во обезбедувањето и вози мотор(две категории за кои широката јавност има лошо мислење)сепак тие што го познаваат Ален знаат дека се работи за добар човек кој нема пороци и кој е ценет во градов не заради тоа што е дел од УБК туку заради самиот него", но тоа нема никаква врска што типот згазил пешак. Точка. На пешачки. Точка! Дека е тој многу добра личност може да им кажувате на неговите, девојки, швалерки, бизнис партнери, пријатели и непријатели. Со несреќава тоа нема никаква врска.
2. "Во ваква несреќа треба да се знае дека и на возачот на мотор еднакво му бил загрозен животот." - Ќе повторам по трет пат: Типот згазил пешак. Точка. НА ПЕШАЧКИ. ТОЧКА!
А дека нити извесниов Ален е убиец, нити сакал ова да се случи, во тоа сум верувам. И дека е добар човек и во тоа верувам. Трипати гореспоменатиот факт останува. Ако не е криминалец и е без криминално досие, секоја Нова Година претседателот на Република Македонија дава помилување на вакви случаи, па сигурна сум дека и дотичнава личност ќе се најде на таа листа. Како ќе живее со случката потоа до крајот на животот, во тоа треба да му помогнат пријателите што му ја оформиле групава.
Многу повеќе ме потресоа коментарите на ѕидот на групава. Сакам најдобронамерно да упатам неколку точки кон луѓето што коментирале на групата. Се надевам барем некој од нив може и ќе го прочита постов и ќе си ја мавне главата од ѕид. Може и ќе се запише во средно школо.
1. Пешачки премин во сообраќајот е место каде што пешакот има предност, а управувач на мотор/кола смее само тогаш да помине дури кога пешакот ќе се тргне. Многу е просто. Ако видиш на улицата нешто црно бело што личи на зебра подзакочи и види дали има пешаци. Ако има пешаци пушти ги да поминат, дека нели тие имаат предност, А НЕ ТИ!
2. Што мајка барал 73 годишниот старец да вози точак, ама ич да не ви е гајле. Тоа си е негова работа. То ест беше негова работа.
3. Можел човекот да почека моторот да помине?!?!?!?!?! (види точка 1)
4. Најважните интерпункциски знаци во македонскиот јазик се:
- точка (.) - изразува крај на завршена мисла. Секоја реченица (проста, проширена или сложена) претставува завршена мисла, следствено на тоа треба да завршува со точка. (на пример: Ален згазил пешак на пешачки.)
- запирка(,) - интерпункциски знак кој што има повеќекратна намена. Најчесто се користи за да одвои членови на листи при набројување во реченицата и да одвои зависна од независна реченица. (на пример: Другарите, пријателите и истомислениците се собраа на Фејсбук да му дадат поддршка на Ален.)
- прашалник (?) - Изразува крај на завршена мисла, кога мислата е изразена во прашална форма. (Дали Ален возел побрзо од дозволеното?)
5. Македонската азбука е кирилица, составена од 31 мали и големи букви. Во македонскиот јазик голема буква се употребува при почеток на реченица (пр: Во сообраќајната незгода настрада 73 годишен старец.) или кога се наведуваат имиња (Со моторот управувал Ален Зекиров.) Во сите други случаи се користат мали букви.
6. Брзината со која е дозволено да се вози го градски средини е 60 км/час. Не 150! 60км/час! Точка.
7. "VIDETE SOCUSTVO DO CEOVEKOT STO ZAGINA, AMA ALEN TUKA NE E KRIV ALEN MOZE VOZEL POVEKE OD DOZVOLENOTO I CICKOTO SIGURNO GO IMAL VIDENO DEKA DOAGJA I NE MORAL DA POMINE ULICA MOZE DA PRICEKA , AMA GLEDAM I JAS SAMIOT STARIVE NA PESACKI SE ODNESUVAAAT KAKO DA GO OSLOBODILE SKOPJE MOZE NE E UBAVO OVA STO GO PISUVAM AMA TOA E VISTINA POGLEDNETE I SAMI KOGA IMA NEKOJ STAR NA PESACKI NE GLEDA NI LEVO NI DESNO ODMA POMINUVA DA STAVEN E PESACKIOT ZA PESACI AMA SEPAK MORA DA SE POGLEDNE I AKO IDE KOLA ILI MOTOR SO POGOLEMA BRZINA DA SE PRICEKA DA POMINE PA POSLE DA POMINUVA ULICA."
Како прво, не можеби, туку да - возел повеќе од дозволеното. Математиката е природна наука која пред се се бави со бројки и нивна манипулација. Едно од основните операции во математиката е споредба да два броја. За жал, во случајов 150км/час > 60км/час.
Како второ, да, старите го ослободиле Скопје. Заради нив ти сега слободно се шеташ и можеш да си го возиш моторот по улица. И имај малку почит, магаре ниедно неблагодарно!
Како трето, купи си граматика за второ одделение и повтори минато, сегашно и идно време.
Како четврто, ако сакаш да живееш во држава во која владеат вакви сообраќајни закони, повели пресели се во Иран. Не случајно ја избрав државава. Имам живеено таму 4 години и твојов опис е идентичен на сообраќајната идила што владее во таа држава. Најискрено ти ја препорачувам како дестинација.
8. "LICNO GO POZNAVAM ALEN I MOZAM DA KAZAM DEKA SEGA VO OVIE MIGOVI MU E NAJTESKO"
Дечко, не мора да го познаваш лично за да не увериш дека му е најтешко. Јас не го знам Ален, ама верувам дека му е тешко. Искрено.
Луѓе, наместо да дебатирате дали сме антички Македонци или не, наместо да губите време по партиски кампањи, наместо да пиете по 5 кафиња дневно во сите можни скопски кафичи, избришете ја прашината од вашиот регал и препрочитајте ја Зоки Поки. За оние што не ја прочитале време е да ја прочитате. А владата може во меѓувреме да заземе порадикални мерки со цел описменување на народот, и во буквална и во преносна смисла. Исто како Петар Велики кога ја модернизирал Русија - на феудалците им ги бричел брадите и ги терал да пијат кафе место чај. А кој не сака - депортација во Австралија. Таму не мора да ја читате Зоки Поки а густината на население е 2.6 луѓе на квадратен километар, па веројатноста да прегазите пешак на улица е многу мала.

6 comments:
Post a Comment