tag:blogger.com,1999:blog-1466359083218555334.post3810061261226386386..comments2023-08-10T11:45:40.542+02:00Comments on Кокошарник: Цензура на интернетотЈована Тозијаhttp://www.blogger.com/profile/13634705989499772698noreply@blogger.comBlogger1125tag:blogger.com,1999:blog-1466359083218555334.post-82640785479401445372012-11-12T12:18:09.317+01:002012-11-12T12:18:09.317+01:00Стравот од цензура секако дека е природен, посебно...Стравот од цензура секако дека е природен, посебно кога знаеме дека ВМРО сака да владее со железна тупаница.

Но...

Прво да почнам од твојата хипотетичка ситуација. Ти поаѓаш со намера да малтретираш и обвинуваш други за дела кои не ги направил. Во тој случај ти треба да бидеш цензурирана со закон или без.

Второ, останатиот дел од законот кој се игнорира, бидејќи луѓето не се замараат да го прочитаат вели дека, парафразирам, Во случај да не знае судот како да се справи со дефинирањето и ситуацијата, тогаш ќе користи Европски закони за човекови права.

Навреда и клевета пред јавност е дело за кое што треба да се казнува. Точка.

Ако поставиме друга хипотетичка ситуација во која ти можеш да го браниш тоа што си го напишала како веродостојна, тогаш зошто да ти е страв од судот? Ако знаеш дека си правична зошто да се плашиш од цензура?

Хостирај си ја содржината надвор од државата. Како тогаш ќе цензурираат пример пристап до блог во Германија? Кој ке цензурира? Оне, а што станува со корисниците на T-home, К-нет и што ти ја знам други интернет провајдери?

На крај, тие што го пишуваа законот прифатија дека немаат поима за интернетс што пишуваат, и затоа ќе го променат „интернет-провајдер“ во „интернет публикација“.

Така, сега само ти ќе си сносиш одговорност за содржината односно уредниците, и нема да има страв од цензура.Viktorhttp://it.com.mknoreply@blogger.com